Lush колку што имам инфо од другарка беше океј, само што шефот мислам често доаѓал да проверува над глава и да гледа како работиш со клиенти. На почетокот имаа некои необични тестирања ама не памтам што точно беа
Можеби. Мислам дека и скоро видов оглас од Lush, колку што знам останаа само со штандот во Сити Мол, ми падна малце чудно да зачестат со огласи, ама некоја членка претходно прашуваше баш за позиции за продажба, па може ќе ѝ се посреќи
Сакам да ве прашам за мислење за училиштето Максимилијан во Скопје. Гледам дека имаат многу огласи за наставници, дали имате искуство со нив? Каков е нивниот однос кон вработените, платата? Ме загрижува тоа што училиштето е одамна отворено а сепак имаат потреба од толку наставници, се мислам дали да аплицирам...?
Сигурно огласите им се за да им ги продолжат договорите на определено на наставниците кои веќе работат.
Точно е дека Максимилијан баш овие неколку месеци имаше повеќе огласи за наставнички места, и сѐ по истите предмети. Или се шират (во што не сум сигурна, мислам дека е едно училиште) или вработените им бегаат.
Најпријателски немој. Подалеку од таму. Оди во темата “Преварантски фирми” имаат таму пишувано за таа фирма.
Фала ти многу, ќе разгледам во таа тема обавезно Ќе ги поминам сите страни и ќе пишам баш што сум нашла
Битола: Имаме потреба од: -Келнери/ки -Шанкери/ки За повеќе информации на рецепција во Хотел Милениум или на тел:075410000
Подарувам работно место, контакт во инбокс. Иначе, јас сум 6та по ред на ова работно место, секоја година доаѓа некој нов. Пропратно давам и црвена панделка на столицата за седење кај што седам.