Дали некој/а слушнал/а за Фирмата Best way support?.Се наоѓаат некаде кај Бриколаж. Или доколку некој бил на интервју, или да работел за нив би сакала да слушнам искуства.
Види лп Дали некоја знае кол центар да бара вработени за англиски јазик ама со можност од дома да работам?
Мислам дека за продажба е само втора смена, со оглед на тоа што е американска компанија. За корисничка поддршка скоро без исклучок се оди во смени, во сите кол центри е така. Ако сакаш само прва смена, нешто друго барај
Брокерско друштво на база мултилевл. Продаваат животно осигурување и инвестициски фондови. Мој совет подалеку. Само на процент имаш исплата и тоа мн мала, за разлика од осигурителните компании за животно осигурување што се директна продажба
Не дека е лошо, ама треба да трчаш да правиш полиси а тешко оди Јас пробав не ми успеа, како реално им успева и толку продаваат не знам
Искрено, баш тоа имам слушано, дека не им оди толку добро колку што оставаат впечаток дека им оди. Слушнав неубави работи и за нивниот однос општо. Ама јас лично, не би се базирала на рекла-казала муабети, секој треба да се обиде, никогаш не се знае.
Нон стоп бараат наставници зошто нудат премалку пари и условите не се воопшто сјајни. Можеш да аплицираш, да си видиш што како. Имаше на времето интервју, па пробен час, после тоа те известуваат кои се условите. Ова беше пред неколку години, може да е нешто сменето, но ако сѐуште се со чести огласи, не верувам. Мислам дека ќе одбиеш одма штом ти кажат услови.
Така е секој со своја среќа... Едноставно е ако продаваш полиси добиваш пари и напредуваш... Треба да имаш голем круг на пријатели ќе ги поминеш некој ќе направи некој нема да сака ни да слушне, некој веќе има сега почнаа и во банките да нудат... И цело време да запознаваш нови луѓе и да нудиш
Саκаш ли да пρашаш дали има ρаботодавци на фоρумов? Тоа оди во договоρ со газдата и зависи од пρиρодата на ρабота. Подобρо κажи што знаеш да ρаботиш и κаκво обρазование имаш?? Повели: https://forum.femina.mk/threads/Барам-работа.735/