https://herbalifeproductbrochure.com/mk/book.html#page=7 Некој да ми каже повеќе информациите? Може во порака
Ако огласот е на англиски тогаш и CV на англиски. Генерално за фирми кои се интернационални подобро на англиски, ако е локална фирма на македонски, освен ако е точно наведено во самиот оглас. Незнам за каква позиција станува збор, но таму некои департмани имаат менаџери кои се од други земји.
Здраво, дали некоја од вас во скоро време била на вакво слично интервју. Ме повикаа за интервју во кафич, на почетокот беше во ред нормално се одвиваше разговорот. Потоа кога прашав конкретно за работата ми кажа дека е само за промоција на производи кои се рекламираат во кафичи и барови, кога прашав за какви производи станува збор не сакаше да ми каже туку рече општо производи, потоа нагласи дека примаат само девојки, што е уште почудно, не сакаше да кажа каде се наоѓа фирмата, ниту пак како се вика..Ми рече дека ке има 3 круга на интервјуто, и подоцна ке ме запознаеле со производите и работата... Инаку работата се одвивала претежно надвор од Скопје или пак надвор од државата, тие ќе не носеле од и до работа и градот. Доколку некоја има слично искуство, ќе ве замолам да споделите.
Нормално!!! Веднаш сфатив дека нешто не е во ред. Премногу red flags. Само ме интерессираше дали некој друг има случно искуство, бидејки аплицирав на 7-8 места преку вработување мк и кариера, што значи дека мора да е некоја од фирмите таму што сум пуштила CV. Инаку јас сум сигурна дека станува збор за некаква илегална работа само за што конкретно не знам. На второ интервју не планирам да одам секако.
Рече се реновираат канцелариите моментално, затоа подобро да се најдеме во кафич. Велам ајде во ред, штом нема услови може и во кафич.
Многу преваранти има, секогаш некој ваков изговор имаат. Затоа од старт да си заштедиш време, откачи ги. Или прашај ги нешто конкретно по телефон, да видиш рекција и одговор.
Како не знаеш како се вика фирмата? Каде аплицираше, каде испрати CV? Премногу е сомнително се, но нема логика да не знаеш назив на фирмата.
Праќав преку вработување.мк и кариера.мк бидејки пратив на повеќе места не знаев точно за која форма станува збор. Сега ги пребарав сите можни огласи што имам пратено. Се сомневам на еден оглас, нема фирма пишано туку само да се прати емаил на luxmarketing1@protinmail.com
Фала ти на одговор. Гледам имаат огласи, а не сум чула нешто за нив.... Чим е задоволна, значи солидно е
Можно е преку вработување.мк. Тие често објавуваат вакви огласи со назнака за потреби на некој свој клиент, ниту име ниту контакт. Всушност аплицираш на слепо. Најчесто ваквите измамници и манијаци се кријат под таквите огласи.
Јас имав аплицирано во А1 и уште нема никаков официјален одговор од нив, а поминаа месеци. И’ пишав на една од вработените и ми кажа дека немало слободно работно место во мојот град, а кога аплицирав пишуваше дека бараат референти за продажба во скоро секој град во Македонија. Огласот беше пред 2-3 месеци и го најдов на vrabotuvanje.com.mk Ти посакувам среќа ако аплицираш ама не се надевај премногу на нив. Многу се нервирам кога фирми не враќаат повратен одговор на испратена апликација и CV, без разлика позитивен или негативен барем нека кажат со време да си знаеме и да не се надеваме залудно.