Мене ме викнале на интервју, само што многу иритира фактот што не ја кажуваат платата на интервју. Дури и кога ќе прашаш за истата, одговорот им е - Ako се одлучиме за тебе тогаш ќе ти понудиме плата. Е што правиме ако се одлучат за мене, а мене платата не ми одговара? Затоа се треба да си е напишано на оглас. Работни обврски, плата, работно време И ако ти одговара аплицирај, ако не продужи даље
Јас звонам и на тел оставен во АВРМ демек сите се формалност. Не се сите, тоа е факт, денес ќарив интервју кај нотарка како администратор. Пред тоа и на друго место, се јавив ама бараа искуство од областа....се се проверува, едноставно не сакаат некои работодавачи да објават по портали и сакаат да најдат некој кој потемелно бара огласи
Дали некој има работно искуство, или бил на интервју како административен асистент во Неуромедика? Какви се услови, кое е работно време и плата? Оти гледам не бараат никакво претходно искуство.
Толку лоши работи имам слушнато за Неуромедика што не знам од кај да почнам. На фб девојка имаше ставено преписки со директорот кој е познато манијачиште што испитува 'орални способности'. После се вадеше дека му бил хакнат маилот. Јас не би аплицирала никогаш за работа таму.
Јас имав аплицирано пред неколку години кога барав работа, повеќе пати. Ниеднаш не добив никаков фидбек. Ваљда не им бев убава на слика, не знам. Матичниот ми е кај нив, па ги гледам девојките. Шминка, фризура, ко за на искачање, и една прилепена сукња од мизерно материјалче кое повеќе им одмага во изгледот неголи што им помага.
колку е само невкусно тоа..баш и не личи з атаква установа, треба да се со бели мантили сите до една и без штикли од 12 см..
Не гледам зашто тие би носеле мантили, не се сестри или доктори. Но, кога и да сум пошла на преглед, без исклучок носат штикли и сукњи, сите до една, ко панталони да не постојат.