Види на огласи за приправник ако сакаш. Огласи : најди работа, вработи се, кариера и сл. Може ќе упали нешто
Дечки дај не зборувајте на памет, имало работа колку ти душа сака, аха мисли си. Поготово со кризава колку е тешко да се најде работа, лошо е кога долго време бараш работа и некој ти вика има колку сакаш работа. Каква работа има, да работиш како роб за ич пари? Да, таква има дефинитивно.
Абе човек, не е баш така. Работа некои со месеци не можат да најдат и кога не е криза, а за сега да не зборам. Јас веќе подолг период се утепувам од праќање и на кол центри, штандови за козметика, за агент за продажба... Знаеш дека во сите овие месеци ми се јавија од само ЕДНО место кај што ми понудија почетна плата од 100 ЕВРА + процент? А имам завршено факултет и знам англиски ако ништо друго. Не одат така работите, особено не овде и особено не сега.
И плус заборавив да кажам ми поминало времето за редактирање. Да, кога ќе се отворат странициве со огласи има еден куп, ама ако ги следите некое време ќе видите колку често се повторуваат фирмите (т.е. им бегаат вработени цело време) или па веќе имаат најдено работник а огласот е само формално поставен. А ако се јавиш негде, големи се шансите да ти речат ќе те контактираме и ништо да не биде.
Имаше оглас сеа брзо ( не знам дали сеуште им трае ) во Жито маркет, се бараше при(правник). Види распрашај се
Prasanje nadvor od tema, brat mi e zainteresiran no opsednat e so svojata brada hahahhaa, kako odi toa za vojska znam deka mora da se bricat a policija
Од искуства со претходниот конкурс (кој сеуште трае и во моментот е во последна фаза со пракса во полициските станици), додека беше во фаза на престој во Идризово, беа приморани кандидатите да се бричат редовно. Секако одредени кандидати најдоа заобиколување и на ова, преку врски или со вадење лажни здравствени документи дека имаат алергија на кожата ако се бричат постојано и слично, но и тие мораа до одредена мера да бидат уредни, не беа целосно ослободени.
Искуство со Teleperformance? Бараат агенти за call center, инфо ми треба околу работното време, платата и принципот на работа
Во последната фаза(пракса во полициските станици) со сигурност примаат одредена сума на финансиска подршка, во однос на претходната фаза(престој во Идризово) немам информации. Но ако важат правилата со ковид како што беа со минатата група, тогаш престојот во Идризово е скратен значително и се издржува, дури и да немаат примања во таа фаза.