Здраво, некој да не знај нешто за овај оглас? Нема ништо информации на интернет, малце чудно https://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=702388
Ми личи на работа како оние шо презентираат и воедно продаваат парфеми по кафичи, таму имам сретнато.
100% е за оние глупи презентации. Одиш цел ден, објаснуваш и на крај ако никој не купи ништо немаш дневница. Не е сигурна заработувачката вака.
Пиши дека има фиксна плата 22000 илјади денари, тоа ме буни како би била продажбата, сигурно не е на процент
Често се случува тоа што го пишува на огласите да не е така.Другарка моја аплцираше на оглас за 18.000 плата и кога беше на интервју и рекоа дека секој месец мора да купува производи во вредност од 6.000 денари. Најдобро ќе дознаеш ако отидеш на интервју.
@Adi888 Така е, аплицирај па ко ке ти се јават прашај ги. Ама тешко дека би дале толкава плата за презентација.
Кога бев на интервју рекоа дека се почнува со редење. Ако си со Фармација мислам полесно е. Има некои стари мислења, пребарај, освен ако се сменило нешто на боље.
Работата ќе ти биде да примаш роба зегинска секој ден, плус од сите надворешни фирми. Можеш да куцаш на каса парафармација, козметика, храна, значи се што не е лек со рецепт. Плус фактури внесување, средување. Има форсинг на зегински увоз доколку правиш над 20илјади од тие прозиводи или 25илјади не се сеќавам точно, добиваш 2000 мислам така нешто беше. Плата почетна ми беше 13000, после неколку месеци 14000 и плус од таргетите ако стигнев до 17000. За одмори се ужас немаш ни две недели годишно. Бар вака беше кога работев јас, во 2018. Според мене не се исплати
Ако си со средно фармација, подобро за фарм.техничар да се пријави, ова е за било кое средно друго, дури и медицинско да си сестра, забар, физио пак работиш како продавач, океј е не можеш лекови ама скроз без везе е, според мене
@Anie93 ти благодарам. Немам средно фармација. Се распрашав по луѓе. Ми рекоа дека била 18 000 демек. Имало и обуки. Е сега знам дека и недела се работи. Ама па дома не доседувам.
Може промениле нешто, даа се работи недела, до 9 вечер работеше аптеката каде што бев јас во неддла. А некои работеа до 4попчадне
Реално нашите Газди, работодавци треба да го ценат работникот, ккој и да е на почетокот Работникот да го мотивираат да му дадат солидна плата, зборам за овие штос се малце подобри Фирми што ги има повеќе на пазарот. Сосекоја прикладна плата мусе дава стимул на Работникот за да работи. И така работникот може поефикасно да работи.
Почна со работа во фирмава? Или некој друг ако има почнато да каже како е, утре имам интервју кај нив.
Девојки, молам за помош или инфо доколку сте сретнале некој оглас за Social Media Marketing/Community Menager. Или да ми дадете некоја насока каде би можела да аплицирам за истото. Имам искуство од повеќе од 2 години, факултет исто сектор маркетинг. Ми треба промена навистина, а страв ми е да дадам отказ па да барам.. Ви благодарам
2-ра обука завршив, утре идам на мало потсетување. Од понеделник почнуваме една огромна група, околу 50тина души. Имаш 1 месец пробна работа каде што ќе мора да стигнеш таргет на регистрирани корисници на вебсајтот што го рекламираш за да продужиш понатака. Иначе 15.000 на сметка, 6.000 на рака. Платата е 21.000ден. Огромен локал е со 100 компјутери. Имаш и менаџери на смена што ќе бидат покрај тебе цело време за помош, работата е стварно боза и си бара и труд. Мене малце со пребоз не ми одговара после 22:00 часот.
Обуката платена е и колку време трае? https://www.pazar3.mk/oglas/rabota-...a/marketing-exclusive-marketing-agent/3565900