Да се распраша и собере информации прво па после кога се ќе се сумира на купче може да се види дали станува збор за измама или не.Конкретно за огласот назначиле работни позиции што значи виделе оглас и сакаат да посредуваат.е сега битен е начинот како посредуваат.Ако се јавиле кај работодавецот и се претставиле како агенција логично е да се договориле за одреден процент и правила за посредување.Ако се вадат на финтата дека бараат пари за да се заштитат они таа финта не им држи вода.Земете ги за пример агенцииве за недвижности.Никој не им го плаќа процентот однапред туку за завршена работа.Затоа они пак не ги спојуваат клиентите насамо туку секогаш се во придружба.
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.a ... GasnK5nosc Го видов огласот на неколку страни за огласи за работа и секаде е ист па верувам дека така бил објавен и во весник.Прашањето е :каде е адресата за аплицирање?!? Одговорот може да биде дека огласов е чиста формалност колку да се објави.
Па адресата е фирмата-ЈКП Дервен Велес http://www.derven.mk/index.php?option=com_contact&view=contact&id=1&Itemid=67, само и ова ми изгледа како завршена работа, а плус и веќе имаат времено ангажирани лица. Во државните и јавните претпријатија, треба да имаш "јак" човек за да се вработиш. http://tirekovmirece.com/Novost/48-невработени,-времено-ангажирани-од-општината-во-ЈКП-Дервен
Во новиот трговски пола од вработените се албанци, а според огласот за Космо очигледно и таму ќе примаат такви. Уште еден безнадежен оглас, за жал.
Јас имам едно инфо дека веќе се примени во Космо луѓето, освен ако сега немаат накнадно потреба од повеќе, а и како што ми кажаа касиерките добиле поприлично добра плата
Еве еден оглас за работа за повеќе градови во Македонија ОПИС: SWOT RESEARCH објавува оглас за хонорарно ангажирање на нови тајни купувачи во следниве градови: Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Струга, Струмица, Тетово и Штип. Бидете и Вие дел од тимот на SWOT RESEARCH, првата агенција во Македонија со експертско знаење за mystery shopping и членка на светската Mystery Shopping асоцијација MSPA. Заработете дополнително додека уживате во купувањето во сите градови во Р. Македонија! Потребни предиспозиции се: објективност, доверливост, добра меморија, дискретност, прецизност како и познавање на комјутери (word и internet). Пријавете се на: http://www.swot.com.mk/join-us/ http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-adve ... onija/2414
Хонорарно ангажирање!Еднаш у 5 месеци да посетиш некое одредено место и да пополниш посебна апликација/прашалник дали биле љубњзни, услужливи и сл.Финансиската надокнада е 300-400 ден.Да напоменам еднаш у 5 месеци!
Сево ова за работа како продавач? Бре, бре, а условите што ги бараат се како за во мега-успешна интернационална фирма, жити мајка!
http://www.procreditbank.com.mk/pmb.nspx Имало и за во стопанска на сајтот, ама не можев да го најдам.
http://www.airlija.mk/products/potreba- ... pid/756495 незнам каде има во Скопје луксузни продавници за леленчук и овошје а и платава е интересна 15000 - 20000 ден за продавачка
Да и јас тоа се прашувам кои се тие продавници затоа и не верувам во огласов. Освен тоа незнам од што зависи висината на платата па не е пишана конкретната сума туку од - до . Во секој случај ако некој се јави нека пише што рекле за кои продавници се работи
КОНТЕКСТ СТУДЕНТСКИ ПРОГРАМИ Контекст има потреба од соработник за редовно вработување со ОДЛИЧНИ познавања од германски и англиски јазик, читање, пишување и зборување. Очекуваме биографии само од сериозни кандидати, амбициозни, комуникативни и исполнителни. Ве молиме да ги праќате вашите апликации исклучиво на E-mail: contact@kontext.com.mk. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат телефонски контактирани и повикани на интервју. Aјде нека пробаат среќата, оние што знаат солидно германски!!!
ДАЛИ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ ОВОЈ ОГЛАС?? КАЈ ТРЕБА ДА АПЛИЦИРАМЕ...НА МАИЛ НА ОНЕ ИЛИ ВО ЗАВОД ЗА ВРАБОТУВАЊЕ?? ПРАКСА И ОБУКА ВО ОНЕ Операторот ОНЕ се приклучува кон владиниот проект за обука и практиканство на лица со и без претходно работно исктуство. Проектот опфаќа две прогрaми, програма за обука од страна на работодавачот со која во ОНЕ во период од три месеци ќе се обучуваат вкупно 19 лица и програма за практиканство за која ОНЕ ќе ангажира вкупно 15 млади лица без претходно работно искуство. Со двете програми во ОНЕ ќе бидат ангажирани 34 лица кои ќе добијат шанса за идно вработување, бидејќи во текот на трите месеци, односно по завршување на двете програми, ОНЕ ќе ги задржи на работа лицата кои ќе покажат интерес за работа, ангажираност и посветеност во извршување на работните обврски.