Бев 2 дена, крајно несериозни. Си аплицирав јас на меил им пратив cv и недела во 9 вечер ми ѕвонат, понеделник во 10 да одам на разговор. Уште со повикот во ниедно време требаше да ми е јасно, ама ајде. Идам во понеделникот на разговор, таму уште 20 девојчиња, ни даваат униформи на сите и ни викаат од денес почнувате цела смена. Ниту да кажат колку се работи, како се работи, колку плата. Прашав јас и вика ќе се договориме утре. Цел ден работевме 8 часа БЕЗ ПАУЗА и плус тоа било ОБУКА. Неплатена обука неопределен период, да видат ако не те бива ич да не ти даваат договор. Работно време од 8 до 10 часа, зависи нели како има гужва, слободен ден од пон-чет, се работи навечер до 23, празници секако неплатени, 16.000 плата. Меѓусебно си разговараат на турски сите, јас и уште едно од девојчињата не зборевме турски и на нас цел ден само џогерот и крпата во рака ни ги даваа, другите си диплеа алишта Третиот ден отидов само да ми ја платат обуката, која требаше да биде неплатена секако. Едвај се убедивме дека треба да ја платат бидејќи по 8 саати доаѓав, и ми дадоа 1000.
Боже.... Ти благодарам. Да знам да не ни праќам. Па и до 23 часот. Не бе, не се точни. Му даде отказ барем?
Јас да бев ќе им речев, епа тогаш утре ќе дојдам Во ваква пандемиска ситуација, тие со цел памет 20 души во еден дуќан ли ве напикаа? Толку муштерии не смеат да влезат... Новите ли колешки, кои беа исто на обука како вас двете ли? Е јас ќе земев да диплам алишта, па некоја од нив ако сака да земе џогерот и крпата арно, ако не, пак арно. Нема да им бидам таму чистачка, да ме понижуваат мене, а тие да си уживаат. Има подеднакво секој да работи. А не некој газда да се прави
Ако сум дошла на интервју, ни тоа. Интервјуто не е само за работодавачот да види дали му се допаѓаш или не. Интервјуто е и за потенцијалниот вработен да се запознае со условите во фирмата. Разговор помеѓу 2 страни е за да се договорат ако им одговара. Така да ако јас одам на интервју, а некој вака ми направи, не ја ни примам униформата. Му ја враќам назад и си излегувам низ врата. Многу глупости имам слушнато и прочитано на интервјуа, ама ова до сега не.
И сите 20 души прифативте без побуна без ништо? Не се само газдите криви, народов дозволува да го газат.
И јас исто, затоа и пишав кога рече дека прашала за услови. Во превод немаше да се нафатам да земам непрана униформа да ја облечам и да работам цел ден, без да знам дали ќе ми одговараат условите кои ги нудат. А во врска со тоа што ти ме цитираше, тоа ако ми одговара работата, односно условите, па се нафатам и почнам да работам, а некои колешки сакаат да се прават шефици или газдарици, епа нема да го толерирам и трпам тоа.
Ни дадоа по една маичка, си ја облековме врз нашите шо си ги носевме Добро може не беа 20 баш ама повеќе од 10 бевме. Останаа сите, бидејќи не се знаеше дека нема да имаме пауза, ама утредента не се вратија сите. Јас се вратив бидејќи очајно ми требаше работа и викам ајде нели ќе кажат што како. Вториот ден нели ги кажаа 'условите' и останав цела смена и утредента се вратив само да барам пари за тие 2 дена. За работата со џогерот тие што беа 'главни' ни даваа на нас, со другите девојчиња на турски си разговараа и најверојатно така си се договорија
Здраво, дали некој има претходно искуство со Grant Thorton, конкретно во ревизија, безразлика дали работно или како практикант па да сподели мислење?
@pamelche ќе му пратам јас апликација и ќе му појдам, па да видам шо ќе кажат и ако случајно ми дадат крпа и џогер, убо ќе им замнам. Кога аплицираше ти? Гледам сега имаат оглас
Аплицирај си. Јас бев во мај кога го отвараа дуќанот на плоштад. Може така беше бидејќи беше ден на отварање а имаа само 2 од стар песонал и затоа бевме многу нови.
Зависи од условите кои се понудени. Освен ако не е начин да те искористат да работиш беспари. Обично (од мое искуство, што не е правило секако) сум добивала/давала договор на определено време (месец, два, три) и во тој договор се наведени сите потребни ставки како работно време, смени, плата, работни обврски, и ако е баш наведено дека е тест период тогаш се наведени и условите кои ќе настапат после завршување на тој период (најчесто промена на плата) а може и позиција. Секако би требало да бидеш пријавена, осигурана и да ти тече плата на сметка. Сѐ друго е мутна радња