1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. EmeraldBLUE

    EmeraldBLUE Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Мене ми треба работа за во Прилеп.Дали знаете некој што вработува во моментов ?
     
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    3.133
    Пол:
    Женски
    Има една група на фб барам нудам работа во Прилеп, активна е мн провери
     
    На EmeraldBLUE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    6.038
    Пол:
    Женски
    Што мислите за фирмите кои во огласот бараат скенирани документи , уверенија, дипломи. Нели може да се злоупотреби оргинал скениран документ?
     
    На tina2018, pamelche и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Што би напишале на огласи во кои треба да се наведе и плата? Дали ако напишеш дека очекуваш нешто ниско и тоа ќе го добиеш и ќе знаат дека си задоволен и со малку?

    Исто важи и за оние кои имаат напишано и колку очекуваше дека ќе ти трае договорот.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.533
    Допаѓања:
    11.398
    Пол:
    Женски
    Јас на тоа сум велела "ваше е да кажете што нудите за тоа работно место, мое е да одлучам дали ми одговара". При апликација за работа која ми е нова и за која немам искуство, секако дека ќе напоменам дека спремна сум да започнам со пократок договор и помала плата додека да фатам ред, ама со однапред одреден рок (пример 3 месеца па неопределено, или 20 посто зголемување на плата по третиот месец, и повторна процена за 1 година).

    Друго е кога аплицирам за работа која добро ја познавам и знам дека супер ќе ја сработам, тогаш од старт очекувам солидна плата и добри услови, ама тоа ќе се основа на претходно добро искуство.
     
    На Bebac, tina2018, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sjmsas

    Sjmsas Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Имате ли некаква информација како е за работа во кали шооз,
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Релативно е што значи мала/солидна плата и добри услови за секого од нас. Од моето искуство, сите фирми без исклучок имаат буџет од-до предвиден за плата или пак точна цифра од која не отстапуваат. Прашањата за платата служат за елиминација.
    @Kataklinkers Напиши/кажи дека си отворена за договор, гледај да не ризикуваш да кажеш цифра која е мала (на твоја штета) или голема (што може да биде клучно за одлуката дали ќе те одберат или не). Зависи од позицијата, искуството твое, некако да дознаеш колку даваат за таа позиција во други фирми, некаков податок кој ќе ти помогне да одлучиш мора да имаш. И најбитно од сѐ, колку ти е потребна работа. Сите сме работеле за помалку пари затоа што сме морале. Не се оптеретувај.
     
    На Dreamsdocometrue, Bebac и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.533
    Допаѓања:
    11.398
    Пол:
    Женски
    Затоа не кажав цифра. Една плата очекував како шанкер/келнер, друга како промотер, трета како претставник, четврта како доктор.

    На секое ново работно место прашувам кои обврски треба да ги исполнам, па според тоа одлучувам колкава плата очекувам за тоа, секако соодветно и на моето искуство.
    Ама сепак не би одговорила со точна бројка на интервју за работа, зошто ми се има случено да ми понудат 50% повеќе од моето очекување. Да кажев дека очекувам помалку, сигурно немаше да ми ја дадат таа плата.
     
    На tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Некогаш се случува цифра да не можеш да одбегнеш, особено ако е онлјан апликација или ако добиеш прашалник по мејл. Прескокнувањето на прашањето може да значи директна елиминација. Затоа битно е да има план Б за во случај да ѝ побарт сума, да знае како да постапи.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Веројатност, статистика, обични задачи со математички операции, пресметка на време по изминати км, пресметка на работници за колку време ќе сработат нешто, пресметка на км во милисекунди, графици.
    Прекратко е времето, 21 задача има треба да се пресметува со дигитрон.

    Ти пратија ли резултат од тестот?

    Прекратко е времето и треба да се пресметува со дигитрон. Искрено не верувам во вакви тестови и пак овде си треба врски.
    Сигурно нема да пресметуваш вакви броеви на работа, си има софтвер за тоа. Некој што си го бива и без математика го бива.
     
    Последна измена од модератор: 14 февруари 2021
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. @Zaljubena

    @Zaljubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Искуства со Бебел Фашион на пола работно време?
     
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    6.345
    Женски, како е за работа во Веро Џамбо, поточно ме интересира за Кино Сенс игротеката, како аниматор на деца. Да не знаете што поточно се работи, плата, работно време...
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    292
    Здраво, дали некој има искуство со работа во ПротонЛабс Дооел?
    https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/402346/Localization-QA-Coordinator/

    Гледам дека често имаат огласи, па ме интересира да не си одат нон-стоп вработени, па резултат на тоа да се постојани огласи. Секое искуство е добредојдено. Фала :):)
     
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Некој да има искуство со работа во Кали? Kali shoes
     
  15. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    3.923
    Пол:
    Женски
    Некој да не има искуство со Фабрика Карпош?
     
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    14.945
    Пол:
    Женски
    Уште ли бараат? Хаха
    Добар е шефот, навистина, добро објаснува.
    Сакаат 2 во 1.
    Една недела да си магационерка во Автокоманда.
    А Наредна во продавница ( јас кога бев бараа за Ѓорче и Драчево) плус сабота работиш.
    Плата минимална
    Па ако ти одговараат види си...
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира дали ќе се јави некој што ќе каже дали воопшто постои фирмава. Откако активно следам наши сајтови за вработување (некои четири-пет години) се вртат истите огласи. ПротонЛабс и УанКонтакт буквално нон-стоп се присутни. Смешно дури делува.
     
    На strelec231992 и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    14.945
    Пол:
    Женски
    Искуство со Спасиќ Груп?
    Продавачка бараат за Капитол Мол
    Целосен оглас:
    Спасиќ-Груп Дооел вработува асистентка за продажба на пулт во Капитол Мол за парфеми и козметика во трговски центар.
    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
    -минимум ССС
    -работа со компјутер
    -работа во тим
    -работно искуство во областа на продажбата ќе се смета за предност.
    Почетна нето плата 14000ден за 30 часа неделно (5дена по 6часа)+ процент од продажба
    Вашите CV испратете ги на маил spasicgrup@gmail.com
     
  19. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали би знаеле колку изнесува плата на службеник за обезбедување во Систина?
     
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.788
    Пол:
    Женски
    Секогаш барам повисоки суми, па се наоѓаме на некоја средина. Имало и фирми што не ме побарале баш од таа причина ама таква работа не ми ни треба. Конкретно, во Медика С побарав повисока сума и знаев дека нема да ја добијам зашто нудеа минималец ама па јас за минималец не ни сакав да работам. Ако бараш ниско, ниско и ќе добиеш, а вака можеш да извлечеш подобра сума.
    Во еден call центар извлеков доста добра плата и покасно директорот ми призна дека ме побарал зашто сум кажала највисока сума и по тоа ме запамтил. Работата беше продажба и ми рече: 'Ми требаат луѓе што не се задоволуваат со малку'. Му правев доста пари и ме плаќаше одлично за тоа. Win win. Само што ретки се тие работодавци кај нас што знаат да ценат работник.
     
    На *Amethyst*, tina2018, Kataklinkers и 1 друга личност им се допаѓа ова.