За OneContact иам искуство, нон стоп имаат огласи пошо работата е кол центар и е за трета смена, плус е part-time работа и никој не останува долго таму, сум била и на едно интервју. Ама за ПротонЛабс баш конкретно ме интересира бидејќи пак звучат како голема посериозна фирма. Ај ако има некој искуство ќе каже белким....
Искуство со Тиго фајнанс? Плата, услови, времетраење на договор за вработување и слично, кој има сознанија нека сподели ако може.
Може ли некој да ми каже дали има искуство со Taskforce, поконкретно за шпански јазик, но и за англиски да е нема врска, ме интересира што поточно се работи таму? Кол центар се, продаваат некои производи или?
Ако прашуваш за канцеларијата во Скопје, се работи за фабрики во Америка, конктретно фабриките на Ниагара водата. Доаѓа камионџија во фабриката во Америка и ти на повик му зимаш податоци за нарачката. Го чекираш и го насочуваш на која врата да оди да се полни или да земе веќе наполнета приколка. Нарачките се веќе направени, ти само ги чекираш шоферите. Секако има и позадинска работа, не е сѐ само повици зимање. Познавањето на шпански не е неопходно меѓутоа е огромна предност, бидејќи често шоферите се мексиканци и не знаат англиски.
@monik55 Си работела ли? како оди работата, мене ми е важно викенд да сум слободна Искуства со COMODITA Home? BSD group? https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/402266/Prodavach-Ramstor/ https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/402455/Sales-Agent-English-mf/
Јас лично не сум работела ама ги гледам секој ден како работат. Работното време им е до 4,мислам дека две или една сабота работат во месецот. Одиш во маркет, си ја проверуваш робата по равтови, гледаш рокови, гледаш цени дали има должна си додека си таму да стават цени. Кога стига роба ти кажуваат одиш по маркети и редиш. Не секогаш ја редиш робата во меѓу време може да е наредена ама повеќето да. Викенд слободна освен во приватна фирма во канцеларија или државно на друго место немаш.
Ај те молам пиши ми ЛП, не можам, сакам да те прашам уште нешто, да не досаѓам тука Баш за ова прашував, некој со искуство
Не знам, јас го видов на инстаграм огласот. Имаше и пред месец дена ист оглас од нив, не знам дали е за истиот мол.
Зашто им бегаат незнам ама јас се пријавив на претходниот оглас. 2 или 3 интервјуа имав. За работата бев квалификувана ама очигледно нешто не им се допаѓаше. И добив мејл не ве избравме и другиот ден ставиа оглас. За корисничка подршка незнам што бараат астронаути изгледа.
Ако не се лажам, информација од пред неколку години, хонорарна беше работата, односно не те пријавуваат. Имаше неколку фирми такви на времето, џанам странски и озбилни, овие ги паметам, Брансис и уште едни исто нешто слично како Протонмејл. Дефинитивно Протонлабс, заедно со УанКонтакт и оние ИнПлеер буквално секоја недела, со години, имаат огласи. Можеби некогаш ќе откриеме зошто
Во Протонлабс имам аплицирано уште поодамна, не ме викнаа а после тоа уште сто пати ставија оглас, друго за нив не знам. Уанконтакт уште кога се отвори, другарка моја работеше скоро година дена кај нив, 20 000 беше платата, се работи само трета смена, она конкретно нејзиниот проект беше од 9 вечер до 5 сабајле. Јас прв пат аплицирав кај нив пред година ипол, ме викнаа и на интервјуто една приказна, демек одбери си на кој проект сакаш да работиш, можеш да бираш меѓу тие и тие смени. И јас си одбрав тоа што ми се чинеше најнормално и океј ме викнаа на обука, тој менаџерот ми вика не знам кој ти кажал така, ние такви смени немаме. И кога ми кажа смените, од 11 вечер до 7 сабајле, од 12 до 8, од 1 до 9 и ми се чини една имаше од 2 до 10 сабајле. Се обидов да зборувам со HR бар за таа последната смена, дека живеам подалеку и не ни имам автобус толку касно, дали може нешто да се направи. И ми рекоа нешто во стил, ова е работа, као тоа е што е, сите одат, не може да се бира, ние тука имаме луѓе од не знам каде, ама напиши ти мејл на главните, и демек ќе добиеш одговор за неколку дена. Пауза мислам дека имаше 20 минути само, и не можеше да се земат наеднаш. Одговор на мејлот секако не добив, само после недела дена ми пишаа да дојдам договор да потпишам, и не отидов ем зошто не бев задоволна ем зошто ми излезе пат во странство. Вториот пат, ептен бев во тесно за работа и аплицирав сега скоро. Пак ме побараа, ми правеа онлајн интервју, ми ја проверуваа брзината на нетот и ми се јавија после, као се супер, само не ти е доволно брз нетот, треба да си го смениш зошто сега од дома работеле, и не знам какви спецификации треба лаптопот да ти има, ај провери се тоа па да ни кажеш. Ако ти се верува, најскоро што можев се јавивме на операторот, ни кажа цена за таков нет ко они што бараа, дури почнав да барам лаптопи за нив да купувам зошто мојот не беше доволно добар нели за нив, а они не ти даваат никаква опрема што им е должност да ти дадат. За 3 часа им се јавив да им кажам дека се тоа ќе средам, и таа ми вика а готово веќе, ние си примивме луѓе, зафатени се сите места, ти многу касно се јавуваш, значи ние не можеме да чекаме, тоа требаше се одма да се среди а пред 3 саати ми вика важи, нема никаков проблем, види провери се тоа и јави ни се, примена си. И знам дека се поткачив после со девојчето на вибер. После неколку дена пак видов сто огласи од нив. А за ИнПлеер искрено јас лично немам видено ниеден оглас, но другарка моја работеше таму еднаш подолг период за англиски јазик и баш беше задоволна, плата околу 22 000, она сама најчесто си бираше да оди трета смена и сама беше и си уживаше, имаат во канцеларијата секакви грицки, благо, пијалаци, лекови, кафе... Мислам дека и на ручеци одеа од фирмата и пријатна атмосфера имало, океј луѓе работеле. Сега по втор пат пак е вработена таму, само на шпански и задоволна си е. Леле, се изнапишав.
УанКонтакт шо викаш ептен ако немаш каде, ај што се малку пари, ете изгледа се и неорганизирани. А имаат огласи многу и за програмери и за регрутери, не само за кол центарот. Многу фирми странски почнаа да се отвараат последните години (што е добро) , но американско-канадскиве ептен користат со вакви навистина смешни плати 350-400 евра за ротации 24/7 или само ноќна. ИнПлеер баш на Линкдин ми искочија пред некој ден. Откако сум во Македонија, годинава, често ги гледам, истите огласи. Тие неколку фирми се најупорни