Сигурно петок, сабота и недела и плус два дена... Ххаха. Што ти рекоа за плата, жити се и слободни денови? Дали се стои постојано на нозе?
Дали е можно да те викнат на интервју од претходен оглас имаш аплицирано, као сега во новиот не си аплицирал?
Не разбрав баш каква е ситуацијата, ама можно е да те викнат на интервју во фирма ако си аплицирала за работно место во било кој период. Нормални фирми обично ги чуваат апликациите, си имаат датабаза и одокативно знаат дали меѓу нив има потенцијални кандидати на кои може веднаш да им се јават доколу имаат потреба.
Снаа ми работи скоро 2 години и 25.000 зема. Има шанси за напредок, ама таа мисли дека и е доволно и сака да има повеќе време за децата, а не да е на работа. Работно време 8-16 часот, а викенд и празник слободна. На почеток на пандемијата работеше од дома. Предност е тоа што имаат слободни денови како во админитрација, секој ден си одиш чиста, средена, а негативно е што си под притисок и постојано патуваш и не знаеш што може да се случи по пат. Таа патува 4 дена по други градови најмалку 50км во еден правец, а само еден ден е во тој град каде живее. Реон источна македонија е и патува и до Берово. Сега кога заврна снег 40см, улиците преку ноќ неисчистени и колата била заглавена, па отишла да и каже што е проблемот и зошто не може да тргне и овие и се развикале. Никакво разбирање ни за вакви вонредни ситуации кои сигурно ќе се еднаш во неколку години.
Ова е комерцијалист, а мерчендајзер не може да работи од дома и чист и среден и не баш ако треба доле по магацин да се буташ и роба да зимаш
@Abel што мислиш ако сум испратила цв пред 2 години додека бев студент и апликацијата беше за пракса, дали би можела сега да пратам повторно дали би ме повикале повторно на интервју или според тие резултати пред 2 години ќе ги земат во предвид?