Вчера бев во Агенција за вработување во Тетово, да се распрашам за ова огласов од ОНЕ и ме праќаа од канцеларија до канцеларија...буквално како никој да не беше запонаен со ова... и на крај ми рекоа дека огласот е истечен ....
Така е и мене така ми рекоа во Скопје. Очигледно го објавиле огласот пред 3 месеци и откако истече дури тогаш се пофалија.
Пријавувањето во Агенцијата беше од 27.08.2012 до 10.09.2012 но тогаш немаа (или несакаа) да кажат кои фирми/работодавци бараат практиканти.
Кај си бе куме, пратенику, што има ново? - Ете ништо куме, се работи низ Скопје, како е во нашиот крај? - Абе јас сум добар, туку овој малиов мој ме загрижува. Знаеш дека школото никогаш не му одеше од рака, секогаш имаше единици, па си мислев нели можеш да му најдеш некоја работа во Владата на Македонија? - Има бе куме, за малиот у секое време! Ете, ќе биде мој помошник, ќе зима 3 500 евра плата, ќе има службена кола, телефон, боле го патка! - Уххх куме, па тоа е многу бе. Што ќе му е на него толкава плата, нема тој да се снајде со толку пари, дај нешто пониско!? - Добро куме, нема проблем. Ќе биде помошник на секретарката, ќе прима 1 500 евра, нема кола, ама па има добар телефон – што го е гајле! - Немој ни тоа куме – и тоа е многу! Дај бе некоја нормална работа за 200, 300 евра. Има ли? - Епа куме….за тоа му треба факултет! ПС.Знам дека е офтопик ама ми се виде интересно...
Некоја информација за огласот, дали сте го виделе? Реномирана, Турска компанија, има потреба од жени за работа од дома. Работата опфаќа пакување на пластични елементи. Сите заинтересирани да достават кратка биографија на следниов емаил egepen.mk@gmail.com
Новинската агенција Курир има потреба од новинари и преведувачи во својата албанска редакција. Ако сакате да бидете дел од оваа динамична компанија, сега ја имате можноста да ни се придружите. Од неодамна, Курир доби и своја албанска верзија, на која се објавуваат најновите вести од политиката и економијата во Македонија и регионот, како и спортски вести преведени на албански јазик. Доколку сакате да аплицирате за вработување во КУРИР, пратете ги наведениве документи: CV и придружно писмо каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате Фотокопија од дипломата/уверението за завршено образование, Потврда за познавање на албански јазик 1 колор фотографија на адреса КУРИР ул.„9 Мај” 22-Б 1000 Скопје односно на email адресата vrabotuvanje@kurir.mk КУРИР ќе направи преселекција, врз основа на пристигнатите апликации, како и интервјуирање и тестирање на преселектираните апликанти. Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на КУРИР, се додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.
Сите се веќе примени во Продис, една моја пријателка си влезе со врски, газди се истите на Ползела што се и кога барале, си барале блиски(жени/мажи, роднини, братучеди) на вработените од Ползела тие да работат во Продис, истечен е, знам од сигурни извори, пратив и јас чисто онака, ама не ме викнаа. еве ти, на реклама 5 го има, има и име и бр. http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=581602 Колку е реномирана компанијава не знам....?!??!
Како што имам читано за компанијава би требало да има околу 500 вработени. Зарем сите тие толку многу луѓе се влезени преку врски?????? И дали можеби знаеш кога ќе се отвори?
Околу 100 вработени се и лента ќе се сече денес ( 31,10 ) како што пишала Вероника, сега се примени сите со врски, што не е чудно, така ф-онираа се' Мк, сега засега ќе бидат толку, а понатаму кога ќе бараат сите ние веќе ќе имаме најдено друга работа Инаку, во Продис се оди и трета смена, ама имаат сопствен автобус што ќе ги носи до работа и платата е 12 000, дали ќе им се зголеми понатаму не знам. Не губиш ништо, верувај!
oва само за скопје важи?оффф како добро би ми дошло една работа од дома но не сваќам дома ќе се работи работата?
Зошто се исплашила од skype?!?Она во CV им пишала и адреса и телефонски броеви а ваму несака да комуницира преку skype?!Башка преку skype е подобро од дома на сигурен терен си имаш интервју, ни пари за превоз ни грижа за што ќе облечеш (ти се гледа главата и рамениците!).После ако не ти се бендисуваат можеш и block да им направиш.
Работа за девојки- хостеси : Спојлер Se baraat devojki- hostesi za golem event-nastan, shto kje se odrzhi vo Dekemvri. Devojkite shto kje bidat izbrani, imaat shansa da prodolzhat da rabotat na promociite vo nashata kompanija. Dostavete vasha kratka biografija ( CV), so vasha fotografija na: s.petkovska-balkanija@gmx.com Младинска книга: Спојлер За потребите на Секторот за продажба,нудиме можност за вработување на неопределено Време на млади, креативни, иновативни и амбициозни кандидати кои треба да пратат име и презиме со смс на тел.078/424-332 Компјутерска фирма бара девојка за продажба Спојлер Опис: Компјутерска фирма бара девојка до 30 години за продажба на компјутери и компјутерска опрема. Потребно е да знае добро англиски јазик, да има искуство со работа со MS Office програми. Искуство со работа со Аdobe програми и CorelDRAW е пожелно но не и потребно. Ве молиме Вашите CV-а (со слика) испраќајте ги на: cvrabota2012@gmail.com НАПОМЕНА: Ве молиме не закажувајте преку телефон! Конобарки за во Аеродром: Спојлер caffe bar vo tc biser vrabotuva personal-konobarki tel. za kontakt 078 399 337 Се бара сметководител Спојлер Сметководствено биро бара дипломиран економист со 3 год. раб. стаж како сметководител испратете ЦВ со слика. Контакт- e-mail: smetkovodstvoikonsalting@yahoo.com Kозметичарки- Спојлер Бараме козметичарки со и без искуство нов салон во центар. Контакт телефон: 076/802-171 Пастел- Спојлер PASTEL ima potreba od prodavacki so i bez rabotno iskustvo . Site zainteresirani da pratat CV na : info@pastel.com.mk Маркетинг специјалист- Спојлер Успешна македонска компанија, во листата на најдобрите 100, има потреба од динамични, креативни и посветени кандидати за пополнување на слободни работни места: 1. ИТ специјалист 2. Финансов аналитичар 3. Деловен администратор за човечки ресурси 4. Маркетинг специјалист Потребно е кандидатите да имаат мало работно искуство во соодветната област. Компанијата нуди можности за обука и напредок во кариера. Изборот ќе се врши по претходно интервјуирање и тестирање на кандидатите. Заинтересираните кандидати потребно е да испратат резиме на македонски јазик (кратка биографија) со фотографија и придружно писмо со назнака за позицијата за која се аплицира, најдоцна до 9 ноември 2012 година на е-маил: jobpositions@f-home.mk Сите кандидати што ќе ги достават бараните документи имаат подеднакви шанси за вработување. Огласите се однесуваат само за Скопје.
Конобарки за во Аеродром: Спојлер caffe bar vo tc biser vrabotuva personal-konobarki tel. za kontakt 078 399 337 Огласов уште важи?
Да ве замолам ако некој знае нешто за овој оглас http://vrabotuvanje.com/job-advert/potreba-od-marketing-promoter/2671 ???? дека работното место не е опишано а и нешто за компанијата да не има слушнато лошо добро , ако може некој да каже утре сум на интервју поздрав
за во Пастел аплицирав уште лани-уште на интервју ме немаат викнато убаво што ги видов огласиве, да аплицирам