Пракса? За која професија конкретно? Знам дека имаат продавачи кои ги нудат курсевите телефонски, клиентите им беа од арапските земји. За пракса немам инфо искрено. Ама дури и да немаш искуство, ако знаеш англиски, можеш да се снајдеш.
Девојки, дали сте имале ситуација слична како мојава? Во еден бутик бараа девојче за работа 3 дена во неделата од пон до петок, месечно 48 саати со што е платено 3500 денари за месец јас мислам дека тоа е малку, некој да сподели мислење? благодарам
Дневно 4 часа, ама 3 дена од понеделник до петок (на пример вторник, среда и петок) Исто.. се согласувам
Па сега пресметував ако работи цел месец со полно работно време, секој ден од понеделник до петок, за минимална 15.000 плата. Тогаш од саат се фаќа 80-90 денари.
Нејзиното работно време не се исплати, нема да може да работи друга работа зошто ќе биде и меѓусмена и преку недела, ај да е за викенд. Тие 3500 ден од старт ќе ги потроши за превоз и храна. Ќе биде џабе не седи џабе работи. И за полно работно време е малку 15.000, најмалку 100 ден од час.
Тоа точно така е. Мене зборот ми беше за саатнината. Инаку со 48 саати месечно, нема шанси да биде пријавена, да и тече стаж. За џабе ќе си губи време. 3.500 не се пари. За превоз и храна нема да и стигнат. Плус стаж нема да и тече. Сигурно со договор на дело би ја примиле.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/402667/Misteriozen-kupuvach-za-Helion-istrazhuvanje/ Iskustvo so Helion, nekoj nesto da ne znae?
Ако сум одбила на првото интервју во една фирма, дали можат сега пак да ми се јават пошто пак аплицирав и дали мора пак интервју или не, и дали можам да побарам барем месечната карта башка да ми ја плаќаат ми рекоа плата 16.500, негде 6 ипол саати за тоа и одбив али од друга страна до сега немам друга контретна понуда од друга фирма?
Зависи колку пријави имаат сега ама не верувам да ти се јават. А за барање, ти можеш да бараш шо сакаш, дали ќе добиеш е прашање.