https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/401685/Data-Collection-Team-Member/Expired/ Ама веќе е завршен.
Искуства со Вивакс за позиција оператор на машина? Дали некој има работено во продавница за играчки во Сити мол?
Poznavam lugje so bile vraboteni vo vivaks i mi kazaa begaj sto podaleku od tamu i jas sakav da idam tamu no se otkazav
Од лично искуство на мој другар како информација што ја знам е следнава: плата 15.000 ден, работиш од понеделник до сабота во три смени, саботата не ти е платена и превоз нема обезбедено.
Имав еден колега што избега од таму вика храна како за кучиња давале ужасно било и ги скапувале од работа и тоа за мизерна плата, така да подобро во Визбегово и Илинден да гледаш ако веќе си за фабрика.
Ај некој што знае нека ми објасни. Кога аплицирањето за одреден оглас за работа е по мејл, тогаш знам дека во Subject се пишува за кое работно место аплицираш. Но, кога апликацијата е преку поле за Брза апликација на пример преку vrabotuvanje.com, а во огласот пишува: Вашата Професионална Биографија доставете ја преку полето Брза Апликација, со назнака на апликацијата “За оглас за оператори во контакт центар”, тогаш каде треба да ја напишам назнаката за што аплицирам?
Јас колку што знам дека нема потреба, зошто самата страна праќа податоци за тој работодавец и се знае за кој оглас се аплицира
Имаат ли mail? Може истиот оглас го пуштиле на повеќе страници? Колку што памтам, само ставаш податоци и CV на профил и само кликаш Брза апликација. Така да јас би аплицирала онака без назнака (чим нека кај да ја ставиш) или обично преку mail. Инаку ако цепидлачат до толку, може и веќе имаат некого во предвид.
Мејл не е даден, туку баш пишува да се аплицира преку полето за брза апликација, ама и да се назначи за што се аплицира. Ако не, па самиот документ, CVто да го именувам така и плус да си пишува CV и мое име и презиме? И уште нешто да прашам во врска со огласите на Вработување, Кариера, Најди работа дали кога ќе аплицираш, ќе поминеш интервју, тестирање и ќе стигнеш конечно до самиот момент на вработување, дали работодавците даваат Договор на дело ило Договор за вработување на определено време? Многу ми е важно дали тече стаж или кога вработувањето оди преку овие агенции за посредување при вработување тогаш Договорите се на дело?
Ако вработувањето не е преку Мотиви,Партнер и тие како нив тогаш договорите се од фирмата секако пример ако аплицираш за алкалоид преку вработување они ти викаат дека првото вработување мора да е преку Мотиви. Повеќето огласи што се пуштаат се за веќе вработени личности и затоа не се јавуваат или ако им се менува функција од обичен работник во шеф мора оглас да пуштат
Ај сега вака дали добро те сфатив, сите тие огласи на пример на Вработување идат преку Мотиви и станува збор за Договор на дело? Ова знам дека е така за огласите на страната на АВРМ што ги објавуваат, истото важи и за овие на Вработување, Кариера, Најди работа? Јас баш се понадевав дека на овие страни се огласи на фирми што навистина имаат потреба од кадар.
Исто важи и за тие страни битно им е да пуштат оглас не е битно каде. Вработувањата што се преку Вработување не се преку агенција освен на тие што иманивно знакче и пишува дека вработувањето е преку Вработување.мк, сакам да кажам дека и да те викнат на интервју иако не е преку агенција за вработување (Мотиви,Партнер) самите работодавци кажуваат дека вработуваат преку агенција а не ти даваат договор од фирма . Ти го спомнав Алкалоид зошто и они пуштаат огласи на истите страни,а сепак на интервју ти кажуваат дека ќе те вработат преку агенција (бидејќи Мотиви е на Алкалоид и така си ги вртат парите) мислам дека сега ме разбра
Зависи од фирмата. И да се преку агенции за вработување како Мотиви, ти тече стаж. Како што ти пиша @Brpbrp , на пример тоа го практикуваат во Алкалоид. Со Договор за дело не ти тече стаж, само со пријава во АВРМ. Јас би си барала или копија од М1/М2 или би си проверила дали навистина сум пријавена. Можеш да провериш стаж. За да се осигурам дека не ме маткаат. На почеток секако мора Договор за вработување на определено, најчесто 6 месеци. Ако не те одјават се смета автоматски дека си на неопределено потоа. Освен ако не ти нудат некој нов договор. Заборавив да одговорам на тоа што праша. Можеш и така. За таа и таа позиција - Име и презиме. Иако искрено јас не би се притресувала до толку. Логички сите апликации ќе им дојдат од опцијата Брза апликација, без назнака.