Да, ако е договор на дело не тече стаж. Ама таквите агенции може да те пријават во АВРМ место договор на дело и тогаш ќе ти тече стаж. Затоа е битно да се распрашаш убаво кога ќе ти понудат да потпишеш било каков договор. Што и каков договор нудат. Освен тоа договор на дело е привремен. Не може да трае со години, незаконски е.
Тече стаж преку агенциите само што обично преку нив е привремено вработувњето ретко која фирма дава од нив договор. Јас бев преку партнер и имам стаж али не се исплати преку нив 30% земаат од плата Мотиви 40% И да си пријавена можат да ти напрват пауз демек немат потреба од тебе недел две до 6 месеци само да не се исплати к15 али зависи на каква фирма ќе налеташ нормално
Тие 30-40% од договорената плата ти ги кратат или тие пари работодавецот им ги плаќа дополнително нив?
Не сум знаела за ова. Како оди тоа, имаат веб страна мотиви/партнер каде се аплицира или директно во канцеларија? Инаку сега видов дека основачот на Мотиви е и коосновач на Кариера.
На тебе ти ги кратат и да работиш прекувремена работа пример сабота ако другите земаат 1500 ти само 30% ќе земеш од тоа затоа не се исплати преку нив и платата они ти ја префрлаат, а не фирмата. А уствари Мотиви е на Алкалоид и така вртат парите . Ќе одиш кај нив во канцеларија и таму те прашуваат за што сакаш да работиш и они се јавуваат после тоа на тебе
Дечки што мислите дали може да се вработам преку огласите на страницата на аврм https://e-rabota.av.gov.mk/OglasSearch.aspx или веќе се најдени работници па ги пуштаат огласите ради реда? Огласите таму никаде на друга сраница не можам да ги најдам, имам пуштано еден куп сивиа и никој ме нема викнато на интервју, па затоа ми е малку сомнително дека навистина се наоѓа работа преку е-работа на аврм.
Ne mi se javuvaat ni mene i na vrabotuvanje prakjam i na kariera i po mailovi nisto mislam deka vekje ai nasle lugje i samo onaka go pustaat demek baraat me sfakjas
Тие огласи се за веќе најдени кандидати за да ги пријават или за да им го продолжат договорот на тие што веќе работат. Многу од огласите немаат ни мејл, ни телефонски број. А на тие што има телефонски број, што ми одговараа се имам јавувано и сите ми имаат кажано дека веќе имаат најдено, дека ради реда е објавен огласот.
То оти е глуп законот. Мора да објавиш јавен оглас, ако вработуваш. Треба да го сменат, поинаку да го дефинираат. Вака само про-форма е. И не само на државно, туку и во приватно. Пример, во нашата фирма, кога менувавме менаџер, јас бев одбрана, ама објавивме оглас оти законот вика ќе платиш казна ако не објавиш.
Девојки дали некоја била интервју во Вива сокови кои се условите , плати видов дека до 16 часот работат некако ми одговара.
Значи кога ќе се види нема саалм фирма која бара работник преку оглас, освен во ИТ каде се бара многу искуство и истите знаат дека нема да најдат ама пак се надеваат. Се е преку препораки од веќе вработени. Затоа ширете круг на пријатели, така полесно нешто ќе дознаете за ново работно место, некој ќе дознае дека имате образование, искуство, отколку секое сабајле листање огласи, праќање cv и чекање одговор. Поминуваш едно интервју и за второ никогаш не се јавуваат.
И јас сум го приметила тоа само 2 фирми до сега меповикале, ова другово за никаде. А секоја фирма е должна тој што поднел да го повика.Така треба правилно.
Подобро не. Џабе изгубено време и пари. Сум бил повикан на неколку интервјуа каде кандидатот веќе е "вработен" и интервјуто е про - форма, посебно во државни установи. Некогаш на некоја позиција знаат да аплицираат и по 200 кандидати, мора да се врши селекција, нема сите да ги викнат. Друго нешто што е лошо, а сега компаниите го преферираат е одење на неколкукратни интервјуа, 2, 3, 4... И сето тоа може да се раздолжи цел месец, па дури и повеќе. Се потешко и потешко е да се вработиш денес.