Не се разбираме. Ако твојот коментар се однесува на Слајс, зборуваме за приватна фирма која опстојува затоа што продава. Ако ти си "етникумот" а не продаваш, нема да останеш на работа биди сигурен. Нема шанси. Па биди кој сакаш. пс. И не само Слајс, повеќето фирми каде KPI ти се гледа секој ден.
Ама не зборувам за работата. За принципот на вработување зборувам, критериумот, условите. Фактот дека многу малку шанса даваат на македонците. Цел synergy комплекс работи по таа политика.
Ако работиш таму еве може знаеш. Се јавувам на бројот што ѕвонел, се јавува девојче и вика јас сум од Слајс ама сега сум зафатена, ќе се јавам покасно. Со препорака бев. Не се јави. Добивам мејл дека сум одбиена. Праќам назад да ми кажат зашто. Добивам генеричен мејл назад дека има голема конкуренција и дека еве сега сме се запознале и ќе ме имале во предвид. Да се пријавувам пак на оглас или да не губам време? Не сум во Ск.
Не знам дали Абел работи во фирмата, но еве од мој аспект. На тестирањето извадив солидни поени, безмалку максимални - бидејќи аплицирав за call assistant, и ми го испратија истиот генериран е-mail. Long story short, aко имаш вишок време и ти се пробува, за да стекнеш искуство, слободно пне еднаш, аплицирај десет пати. Ама реално шансите дека ќе те вработат се минимални, тоа ти гарантирам. Поздрав.
Слајс е сериозна фирма дотолку, што, менаџерот на департментот за кој сте аплицирале, одлучува дали ќе бидете вработени ако за вас ургирал некој познат кај него. Многу просто.За позициите кои се до 16 часот, функционира вака и ретко кој си оди. За продажба и поддршка департмените, влегуваат луѓе без врски затоа што се работи постојано со американско време, имаат дневни и месечни таргети, а со тоа им бегаат луѓе. Опстојуваат долго на пазарот, редовно исплаќаат плата и бонуси. Не може да се сврстуваат во редица со Флако, пошто не се преваранти и се сериозни.Но, начинот на функционирање е тој, се додека правиш зделки со газди на ресторани си тука, ако не, немат ќар да те плаќаат. Корпоративен свет. За односот погоре, прв пат слушам, а знам за компанијата многу, многу. Но не одрекувам, затоа што сепак луѓе од тука ја водат фирмата и понашањето е како за нашето поднебје Непрофесионално, да речеме.
Не работам таму. Но сум била на интервју и моето искуство е дијаметрално спротивно од тоа на Нигредо. Што не значи дека било кој од нас двајцата е во право, едноставно секој треба да добие шанса да има свое искуство, без нечие друго да влијае на тоа. Ете на тоа мислев. Некој ќе прочита вака-онака за некоја фирма и нема да аплицира, и нема да добие шанса пс. Ќе се информираш за ситуацијата преку тој што те препорачал. Друго не знам што да те советувам.
Еве ова не е ок. Не може да гарантираш, апсолутно не, и аплицирање било каде не е губење време. Тоа што ти си имал незнамколкупоени и не те примиле, не значи дека некој друг нема да успее. Your ego is not your amigo.
Нема полошо. Минимална плата, прекувремени работни часа, ужасен однос кон вработени, никаква минимална грешка не се опростува. Згора на се обуката трае долго, ништо се нема сменето, бев две недели на обука и се ми стана јасно.
Zdravo mi se javija od edna firma da idam utre kaj niv kje mi dale dogovor no kako honorarna rabota kje bila bidejki za takvo proizvodstvo sum nemala iskustvo sto e toa honorarna rabota?
Договор на дело, односно хонорарна работа е кога ќе ти даваат плата, ама стаж нема да ти тече, значи тоа време додека работиш нема да ти влегува во пресметката за пензија на старост и плус нема да бидеш здравствено осигурана. Во превод кога ќе бидеш болна, не можеш да земеш боледување. Тие денови кога ќе бидеш болна нема да одиш на работа и тие денови нема да ти бидат платени.
Се извинувам дали може да ми пишете во ЛП ме интересира името на фирмата, не можам да ти пратам порака не знам од која причина...П.С Чисто информативно , зашто јас барам хонорарна работа. Благодарам!