Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Поминав прво интервју влегов во топ 3 не знам од колку кандидати и после една недела ме повикаа на второ интервју и чекам да изберат. Онака аплицирав и без врски не се ни надевав. Од тие 3 само јас немам искуство.

    На самото интервју тој менаџерот ми кажа за другите двајца кандидати и као демек не му одговарале и дека со мене има позитивно интервју и ми ја објасни работата. Цел саат траеше интевјуто.

    Дали ви се има вака случено после толку позитивни зборови и на крај пак да не ве изберат?
     
    На Dandra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    Da
     
    На macence123*** и Kataklinkers им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    6.345
    Гледам погоре сте пишувале за Slice, еве јас ќе споделам искуство. Се слушнав првично со recruiter-от, ми кажа да испратам CV, прво со неа позборував на телефон, позборевме и на англиски и ми рече ќе ми закаже прво интервју онлајн преку Google Hangouts и редовно ми пишуваше на Вибер или ми ѕвонеше.

    Првото интервју го поминав, дечкото беше задоволен од мене и ајде после 2 дена ме викна пак женава за второ интервју, и тоа ми го закажа дента, за 2 часа, без да ме праша дали можам, не можам, значи без никаков обзир за моето време и обврски, може во моментот сум излезена негде далеку и не можам да стигнам, бар според мене интервју се закажува од денес за утре.

    Второто интервју беше со двајца, со сто прашања и само те анализираат што ќе кажеш, ко да не смееш еден збор погрешен да кажеш, ништо да не згрешиш, мислиш ко за Наса да аплицирам, а не за Sales rep. На крај имаше и тест англиски што требаше да одговорам на неколку прашања и на крај да напишам мејл за помалку од 10 минути. Од возбуда може нешто не сум осмислила доволно или нешто сум згрешила, ама според мене бев ок. На крај само ми рекоа имај убава вечер, ајде чао.

    Колку што сфатив, истата жена требаше да ми се јави вчера за да ме извести дали сум поминала или не, дали за трето интервју или ова беше одлучувачкото не знам. Зошто не ми пиша, а веќе една недела комунициравме скоро секој ден ко што кажав погоре и тоа она сама ме бараше цело време, и пишав да ја прашам дали има некакво инфо за да знам. Жената ме остави на seen, и еве од вчера ништо ми нема пишано. Според мене, ова им е тотално непрофесионален однос спрема потенцијален вработен, и доколку сум одбиена, можела или таа или Slice преку мејл да ме известат за тоа. А не дур им требаш те бараат сто пати на ден, ти закажуваат интервју за 2 саати, на интервју се прават сериозни и загрижени за фирмата, работата и вработените, а кога доаѓа време да те известат тогаш нигде ги нема.
     
    На Acronia, Divinebutterfly, VDT2906 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    14.939
    Пол:
    Женски
    Значи, јас иста бев. И дур не реков дека не Слајс, која сака фирма нека е.

    Ако уште на почеток ве газат, после што???

    Берете ум.
     
    На Писана, cresa-jagoda и Dandra им се допаѓа ова.
  5. Marija23sk

    Marija23sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    извини, а зашо те барала секој ден ? што те малтретира ако не си вработена ?
     
    На asdas и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise 99% од компаниите (големи, мали небитно) не праќаат одговор ниту кога ќе примат апликација, ниту известување дали си или не си во процес на селекција. Ептен оние чии апликации се комплетно автоматизирани. Ова сериозно од искуство ти го кажувам, сум регрутирала за фирми со околу 100 вработени, најчесто за една позиција сум добивала во просек 30-40 апликации дневно, ако немаш систем на кој само ќе му дадеш команда, логистички е неизводливо. Интервјуата за продажба ( и не само продажба) се често конципирани така да може да се види како вработениот реагира и се снаоѓа во различни ситуации. Ако Слајс има голем трновер (многу луѓе даваат отказ и за кратко време треба да се пополнат многу дупки), тогаш јасно е дека ќе бидат како муви без глава. Реално, ако толку строго гледаме на работите, во која фирма би се вработиле? И дали кон себе сме толку критички настроени?

    @GirlLove како газат не разбирам? Имале интервју, ќе ти се јавиме чао, во превод нема да губиме време со тебе, најдовме друг кандидат. Дали е во ред такво однесување, секако не, ама не е газење, едноставно не им одговарала можеби. Не знам вие што очекувате, може бацирака, ама сите фирми горе-долу вака функционираат, за жал, дури и во Европа. Тоа е капитализмот.
     
    На Marija23sk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    6.345
    Вака, жената беше вработена во фирмата кај што работи другарка ми, и се префрли во Slice. Они останаа во контакт и жената и рекла дека има работа за нејзе во Slice ако сака, ама другарка ми пошто и е добро таму сега за сега, ме препорачала мене. И тогаш се слушнав прв пат со неа, абе мед и млеко на телефон, префина беше, и ми рече првично на нејзин мејл да испратам CV. После ми се прејави на официјалната страна да го испратам. После ми се јави да ми закаже прво интервју, па ми правеше муабети.. Па после ми пиша демек кажи ми како ќе поминеш, па после како помина.. Не се сеќавам точно, ама беше префина и цело време бевме во контакт а на крај ме остави на seen.

    @Abel Еве и сега пишав за жената, значи доколку недела дена скоро сме можеле секој ден да сме во контакт и патем од Slice да ми речат дека во понеделник од истата жена ќе добијам одговор дали сум примена или не, јас го очекувам тој одговор зошто така ми е кажано од нив. Ај што не ми дадоа одговор, од неа добив инстантен seen без ништо да ми врати. Можела да ме удостои со три збора, извини, но одбиена си кога веќе и пишав, нели.
     
    На Divinebutterfly, tina2018, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise Ако е регрутер, а не менаџер, нема моќ на одлучување, што може да значи дека не сакала да ти каже дека не си примена. Ако е вработена а те препорачала, тогаш се надевала дека ќе те примат преку реферал и таа ќе си ќари некоја пара. Ова се мои теории, може ништо од ова не е точно, ама јас така си ги објаснувам. И пред да се истрча некој со коментар, да кажам дека не работам во Слајс и не ги оправдувам (нив и сите слични на нив), но искрено кога си долго во кругот, едноставно знаеш како функционираат и ништо не те изненадува и разочарува. Компаниите кои се саглам се ретки како бели мечки.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    6.345
    @Abel Не знам навистина, мене така ми рекоа дека она ќе ме извести дали сум поминала или не, исто како што ме известуваше за првото и второто интервју, ми закажуваше. Е сега, зошто не ме известила не знам чија грешка е, но кога веќе сум и пишала можела да ми врати, човечки е првенствено, не сме мали деца, seen ќе си ставаме, значи каков и да е одговорот. Можеби они уште и немаат одлучено, и таа нема одговор, но сепак и тоа можела да го каже исто како што можеше пред тоа да се слуша и си пишува со мене. И тоа е тоа, да не должам повеќе и да не се повторувам за истото, досадна ќе станам.
     
    На Waverly Raven, tina2018, Blue.Sky и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш да добиеш одговор треба да им бидеш упорна до граница да им станеш досадна, штом ти рекле во понеделник преку таа жена ќе те известат, а денес е среда и до сега те немаат известено, тогаш од утре па секој работен ден по 3-4 пати на ден во различен период од денот, сабајле во 8ч., на пладне 12ч., на ручек 15ч., и попладне во 18ч. ѕвони и на тел., пиши една смс порака после секое 4то ѕвонење дали има одговор, навечер обавезно е-маил прати и, и така исто секој работен ден од пон. до пет., штом така ти правела минатата седмица и сега се прави на три ипол, буквално упорно барај си го одговорот, не дозволувај да те зафркаваат, и да те прават ,,будала" во здрав памет, извини вака за директно, но сум го поминал истото, само кај мене беше проблем платата ми даваа 50% помалку од тоа што мене ми беше ,,црвена граница" за која плата би се нафатил да работам :)
     
    На темјанушка, Waverly Raven, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    14.939
    Пол:
    Женски
    @Abel
    Ја цитирам женскава
    @blueeparadise
    Еве и сега пишав за жената, значи доколку недела дена скоро сме можеле секој ден да сме во контакт и патем од Slice да ми речат дека во понеделник од истатаженаќе добијам одговор дали сум примена или не, јас го очекувам тој одговор зошто така ми е кажано од нив. Ајшто не ми дадоа одговор, од неа добив инстантен seen

    АКО ОВА НЕ ЛИЧИ НА ПОГАЗУБАЊЕ ЛИЧНОСТ, ТОГАШ ШТО?

    Блу, женска е... им м.... Најискрено.
    Како што ти кажа @Forca
    Со овој народ само така треба.
    Слушај поискусни.

    Јас имав некни порачано нешто, кога стигна порачката не чинеше производот па одма меил им пишав.
    Шефицата ми се занесува, и велам да направиме некако, јас сум 15 дена со Ковид, но не се осеќам добро и ми се инаети да не сум правела јас како што сакам и требало мн порано да ја известам да ми најде замена.
    Хахахахах
    А ја известувам, ден и пол унапред и не им чини.
    Е ај.
    Од каде да знаам јас дека ќе имам ужасни болки во цело тело а вчера сум била во ред со некој степен.

    И?
    И сеа, со Господ напред ќе си барам уште едно боледување.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Дали некој што работи во Кромберг Битола, може да ми пиши во порака сакам да прашам нешто?
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    @GirlLove ама како ќе им е*е матер што би рекла ти? Ќе иде ќе ги тепа зашто не ја примиле? Нема потреба да троши енергија да се објаснува со луѓе со кои не е повеќе/и нема да биде во контакт, секако освен испад нема да постигне ништо паметно. Не дека ќе се променат.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    10.912
    Пол:
    Машки
    Немам директно искуство со slice.mk но, близок другар аплицираше пред некое време и се соочи со слични искуства како горенаведените.

    Искрен да бидам, доста ме изненади процесот на селекција, со второ, трето, четврто и не знам кое по ред интервју, впрочем ајде нека те интервјуираат цел месец, па после на seen нека те остават. Не ми е јасно, Абел, за каква логистичка невозможност зборува.... Секоја фирма, а се надевам и slice, има оддел за односи со јавност, задолжени за регрутирање, вработување и сл. или можеби им задаваат задачи на било кој од вработените да си играат дрндупка со кандидатите, па што ќе биде нека биде.

    Исто така, апсолутно е точно дека етникумот има предност. Немам намера некого да навредам или омаловажам, ама уште од старт почнуваат со дискриминаторна политика.
     
    На Blue.Sky, tina2018, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Настрана slice, сите тие поголеми компании со бог знае колку вработени во HR, ако немаш човек внатре џабе е ко бубашваба да си те рачунаат толку им е гајле дсли си ти без работа.
    Во една компанија, не е битна фирмата у постов, две различни од HR ми правеа интервју, трета ми закажуваше систематски, четврта ковид тест. И на крај интервју со директорка :rofl: требаше и обука да се одржи, после 4-5 месеци им текна да се јават ќе немало обука ради ковид:D ама интервјуво ќе било шанса

    Најдов друга работа во меѓувреме инаку целиот процес на "селекција" траеше 9 месеци:rofl:
    Интервјуто, никогаш победно не сум се осеќал во животот. Дали ќе сум бегал од државата, дали сум имал пасош на друга држава, дали сум знаел да готвам втф:@ никакво стручно прашање од неа? Прашуваш за смени, работа, некое искуство слично, одговара ко на пола уста.

    Буквално се воздржуваш да не ги отераш упм, а она те провоцира и ти вика ама не ни треба кадар како твојот? :whew:одговараш шанса да добијам ќе докажам дека вредам, на тестирања од 20 луѓе бев најдобар, слободно можете да ме прашате било што, а во себе си викаш па кој к** воопшто ме викнавте за обука и зошто ми праите интервју и ми го губите времето, да покажете пред донаторот дека имате луѓе за обука? Кое друго објаснување да те вика на интервјуа и вака да се понаќа освен да пише у некој извештај имавме интервју не ги бираме него?

    Таа од HR па 10 пати ме прашуваше за мастер, викам после год две кај вас кога ќе се докажам, ќе упишам, се надевам ќе се снајдам се гледам долгорочно. И ми вика па да не дремиш така ако не те примиме:inlove:
    И уште 5 пати ме праша шо ќе праиш ако не те примиме. И после сето ова ти вика после недела дена ќе ве известиме по мејл. Мејл добивме 22дена подоцна, после разгледувањето на сите кандидати и нивните вештини и знаења не сте избрани.

    Отварам линкедин де која беше директоркава и куцам презимето. Наоѓам една со исто презиме завршила и следната година бренд менаџер!! Дали неа ја прашуваше дали знае да готви и дали има пасош на другс држава.

    На крај примија двајца со незавршени факултети од цела група, а по телевизии трубеа пола група ќе ја примеле.

    Ни сертификати не сакаа да дадат, пишав еден мејл до менаџер, внимателно без нервоза и емоции, скроз изумив дека е сабота у рок од 5 минути ми врати, ќе проверам ќе ве контактирам. Овие од HR 3 дена ништо не вратија, човеков у сабота ми врати. Ме поврза со некој заменик менаџер, ве молиме за разбирање, ради пандемија само за вас тројца не можеме да ја завршиме обуката и не можеме сертификат без обука. Вртење у круг докажување дека и за нас е пандемија и ме откачи. Контактирав донаторот, објаснувајќи се ова, без никаква емотивност и менаџерот сам ми пиша у нов мејл како тоа он го препратил мојот одговор до ХР дека сум заинтересиран за рaбота и во иднина и да ме имале во предвид :rofl: и добивме сертификат има 3 4 месеци, кој шо реално ништо не значи и сеа сигурно не имаат со црвено бележано ко бунтовници и замаранти на менаџерите. И онака немаме шанса чим на 9 месеци чекање бар на тие 3-4ца со факс не најдоа за вредно да не примат
     
    На elimkd, macence123***, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    6.345
    Инаку, да кажам дека ми пиша жената вчера, ми се јави и ми кажа дека не сум го поминала интервјуто со менаџерите, и после дополни дека барале со искуство во sales, а нели јас сум немала и ми искоментира нешто у стил, ти ни до овде немаше да поминеш/стигнеш проследено со смешкање. :D Демек ми го имала CV-то во база, ќе се отварале нови позиции, може во иднина ќе ме викнеле пак, и што и да ми требало слободно да ја побарам, лол. А мене не ми е јасно кога веќе виделе дека немам искуство во самото CV, зашто воопшто ме тормозеа и ме викнаа на прво, па на второ интервју. Мислам дека очајно да ми треба работа во иднина, ако ми се јават од Slice, нема ни да им кренам. :D
     
    На Divinebutterfly, andrejko82, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    10.383
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise само да ти дадам совет. Без разлика на тоа што те препорачала другарка ти, никогаш не си троши премногу време на вакви разговори. Тоа треба да те асоцира на црвено знаменце. Озбилна личност ќе скрати и ќе премине на главното. Ако нејзе и' било проблем тоа што си немала искуство, можела да ти каже уште веднаш. Затоа, наредно пресечи од корен и цени си го времето. (fingers)
     
    На Mazegin, Martka, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    6.345
    @eliesaab Таа е само регрутер, значи друг одлучува според моето CV дали ќе ме викне на интервју или не, она ги договара интервјуата со менаџерите и слично и после те известува дали си примен или не. Сакав да кажам доколку менаџерите или кој и да е сметал дека не сум подобен кандидат според моето CV, воопшто не требало да ме викнат. Инаку она општо си се замуабетуваше. :D Јас бар така ги разбирам работите, ама како и да е, идеме даље, да не спамам веќе. :D
     
    На eliesaab, GirlLove и Priroden им се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.631
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство, па девојката не најде за сходно да се јави пошто нели била зафатена. Мислев дека се озбилна фирма, ама ете искуствата на другите овде го докажуваат спротивното.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Јас искрено по мубаетиве ваши сфаќам дека само јас сум потрошила дваес години од животот во фирми слични на Слајс :D Ви завидувам искрено што вашите искуства се поинакви.
    @Waverly Raven фирми немаат оддел за односи со јавност, имаат ХР или по старо кадровско и тука спаѓаат СИТЕ обврски околу еден вработен, значи пресметка на плата, боледување, одмори, слободни денови, смени и ротации, тренинзи, обуки, QA, договори, анекси и сите слични документи. Плус сите обврски врзани за оние кои не се вработени, огласи, АВРМ, селекција, регрутација, комуникација со сите одлучувачки тела, закажување/презакажување/дозакажување интервјуа, па после административни процедури со сите институции, па на крај онбординг и обука.
    Мојот личен просек е три интервјуа, ако зборуваме за фирми од Македонија, а странски и многу повеќе од три :D
    Може зависи од струката, еве јас сум ориентиран кон јазици, контакт центри, продажба и последниве 3-4 години софтверски фирми (таму се најдугачки интервјуата).
    Може да споделите имиња на фирми кои ви вратиле мејл дека не сте одбрани, да аплицираме таму :)
    Мене со фирми од Македонија ми се нема случено за сиве овие години, можеби со една.
    пс. Ова погоре секако не значи дека се согласувам со таквиот начин на работа.
     
    На Dust, tina2018 и Blue.Sky им се допаѓа ова.