1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, ме викнаа на интервју во некоја фирма АКВА БРЕНД кол центар, не ни памтам кога имам пуштено цв. И а некој искуство со нив?
     
    На DaLu му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An4e banance

    An4e banance Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2019
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Nekoj da spodeli iskustvo so Taksforce Bitola ? :)
     
  3. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    И јас таму пуштив ЦВ ама нема ништо до сега, ко да заборавија дека воопшто сум аплицирала хаха...Оди на интервјуто па кажи како си поминала. Мислам дека нудат нешто фиксно +бонуси ако направиш голем обрт на продажба, продаваат филтри за вода, колку јас што знам.

    Здраво,
    Некој прашуваше за искуство со Телеперформанс, но не успав да ги најдам поракиве...Аплицирав на еден нивен оглас, но сакав да бидам ангажирана парт-тајм,(затоа што еден дел од денот сум работно ангажирана и пријавена), така што не одговарав на огласот. Но, во разговорот со регрутерот за фул -тајм позција понудија добра плата(да кажам за македонски услови), па некако сакам да се премислам и да му се јавам да ме стави во групата за следен чекор од апликацијата...Што предлагате?
     
    Последна измена од модератор: 13 април 2021
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Им се јавив дека не сум во можност да појдам на интервју, да ми објаснат на кратко условите на телефон.
    15.000 плата плус бонуси од продажба се работи од пон-петок од 11-18h, углавно замараш луѓе по телефон им продаваш филтри сигурно имаат и некаква норма за тие 15к, плус имаш домашни презентации од врата да врата и да им нудиш што воопшто не ми се допадна, теренската работа е од 16-20h ама ради полицискиов работеле со измени. Како и да е тапа.
     
    На eliesaab и tina2018 им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Зависи за кој јазик си аплицирала и за кој проект. Плата од 600 евра за 365 дена во годината ангажман со огромен број повици (и работа на мејлови и други сервиси) не е воопшто наивна и треба да се издржи. Секако не е малку, со оглед на ситуацијава, подобро од ич.
     
    На Писана, eliesaab и tina2018 им се допаѓа ова.
  6. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Чекај во тој кол центарот си до 18 и после продолжуваш теренски или еден ден си во кол центар друг на терен? А на терен идењето по куќи, не ми е јасно како ќе се одвива и кој ќе ти отвори врата во пандемијата?! Чудни, чудесиии! Ах леле, пуста пандемија фати инаку, да спремаме куферите и надвор дур сме на нога-што викаше баба ми:)

    Абел не можев да ти пишам порака во инбокс, не знам зошто...Не ми е јасен моментот 365 дена во годината. Типот што се јави кажа дека се работи по 8 часа, во две смени така бар ја разбрав (сега ако има скриена агенда) тоа е друго. Платата да кажа дека е 550 евра, плус бонус од 50 евра кој секако го добивале сите и нагласи дека се напредувало и тоа брзо -имале кариерни статуси и дека демек брзо се стигало до Менаџер ако се најдеш у работава. Мене ми звучеше некако пре-добро и го земав со резерва...Аплицирав за српски и англиски, првенствено за проект со Филип Морис, кои склучиле договор со Телеперформас за корисничка поддршка за клиенти кои ги користат, планираат да купат Икос -електронски цигари. Тоа беше муабетот телефонски, а типот што се јави беше Србин. Е сега бидејки јас имам работа (платена е помалку од оваа што понудија, 450 евра ми е ) ,ама 365 дена неам ангажман, дур имам и саати кои можам да ги поплнам со дополнителна работа, што ми беше мотивот да се пријавам. Но , тие бараа фул -тајм вработени. Додаде и дека договорот на една година, со платен стаж, здравствено се законски.

    Јас пробав со тие пред неколку години. Тврдеа дека се работи 6 часа, ама испаднаа дека се 8 и нешто, затоа што паузата за јадење не ти ја смета во саатите, имаш норма на остварени повици, слушалки на уши нон стоп, на клиент не смееш глас никако да кренеш, затоа ти одбиваат од плата. Тогаш клинети им беа неколку банки, т-мобиле, разни сервиси и слично. Најголем дел од клиентите што се јавуваа беа нервозни и незадовлни од услугите, па сега ти види. Треба да си психолог, продавач, економист се у едно. А тогаш платата беше дури и помала околу 14.000 и даваа демек бонуси, ама ја за 3 месеци колку бев се убив од работа , бонус не добив.
     
    Последна измена од модератор: 13 април 2021
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Мислев се работи пет дена во неделата, два дена слободни (често не се споени) ама се работи и за викенди и за празници. Не знам дали празниците се вклучени во договорот, ама викендите не се плаќаат дополнително. Не ми е познат проектот, секако не работам за Телеперформанс, тоа што го знам е од втора рака инфо и од германски проекти, така што овој може да е различен.
    пс. Смената во Телеперформанс е 8 ипол саати, една пауза од 30 минути е неплатен. Наоѓаат начин оваа информација да ја кажуваат веќе кога ќе те викнат, да си знаеш.
    ппс. Фората со напредувањето исто на сите им ја продаваат, за еден проект имаат барем по 20-30-40 луѓе, ако твојот проект е веќе започнат, рачунај дека има веќе 20-30 луѓе што работат и секако имаат супервизори и сѐ што им треба.
    Инаку контакт-центар како контакт-центар, исто си нон стоп на повици, со слушалки, корисникот е секогаш во право и слично.
     
    Последна измена: 13 април 2021
    На eliesaab и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Фала ти , јас секако кажав на Србинот дека барам парт-тајм и ништо не се договоривме. Чисто ме интересираше искуство дали сум пропуштила добра прилика, да кажам. Кога се и викенди и празници, 600 евра се малку и плус 8 сати, чурење мозок на слушалки, но нејсе, тоа е за македонски услови. ( кога нема конкуренција јака и голем избор). Уште еднаш благодарам.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Секако можеш да си пробаш, зависи колку ќе ти се исплати сегашната работа да ја напуштиш. Да повторам, не го знам овој проект, можеби е нешто различно, но со сигурност знам дека смените на Телеперформанс им се 8 ипол саати, дека се оди во смени и дека се работи и саботи и недели и празници и делници (освен ако на Филип Морис проектот не е нешто поинаку) и со сигурност договорот е на 365 дена услуга, значи празниците и може плус да ги плаќаат ама викендите не. Пак види си севкупно земено дали за сто евра имаш есап.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Фала ти, баш и јас го мозгав есапот. Кога ќе ги собереш саатите и празниците и делниците, матемиката е 100 евра плус, хехе.
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Добра им е финтата инаку :)
    Со среќа нека ни е на сите со вакви фирми.
     
    На eliesaab и Angel_G им се допаѓа ова.
  12. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Некој да не има искуство со СЗУ ГмБХ? Во Визбегово е негде фирмата...
     
  13. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со кроација осигурување?
     
  14. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.205
    Пол:
    Женски
    Да не има некој искуство со Прима мебел - плата, работно време и сл.?

    Исто и за Natuzzi ме интересира?
     
    Последна измена од модератор: 15 април 2021
  15. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Има оглас за продажен персонал во ДМ во Охрид! Да не знае некоја кога ке се отвара и каде?
     
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Па во Охрид..?! :?:
     
    На Marija_Magdalena му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.765
    Допаѓања:
    12.878
    Локациски мисли :D
     
    На GirlLove, Писана и Marija_Magdalena им се допаѓа ова.
  18. thelunatics

    thelunatics Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Nekoj iskustvo vo telekabel? Utre sum na intervju, me viknaa otkako aplicirav za Monter.
     
    На Ladyinblackkk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Не знам за телекабел, но ме интересира шо направи со фирмата во железара што работеше со тиндер акаунти?
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Очигледно ништо :)
     
    На Waverly Raven, asdas и Ladyinblackkk им се допаѓа ова.