ESI ако мислиш на Employment Services International е фирма за времено или постојано вработување. Јас преку нив 4 години одам на испомош по бутици како Котон, Вајкики и сл, кога имаат потреба секогаш били коректни и фер за плаќање, осигуран си па макар и еден ден да работиш.
Девојки неко искуство со Елко фирмата кол центар како се со смени? И ме нервира некако пишува 3 недели неплатена обука?
Не сум ги прашала, ама дневниците за 8саати работа им се движат од 15-20 евра. Што за мене како студент ми било супер.
Никако таму. Викаат по сто луѓе на интервју. Имаш три недели неплатена обука и три месеци непријавен. Преваранти се.
Бев на интервју. Се покајав. Типот ме прашуваше дали сум мажена и дали имам деца. Не кажа плата, јас го прашав, ми рече минималец. И потоа од блиска што работеше таму дознав дека се иживуваат со вработените и бараат многу продажби, над глава ти стоеле.
Тоа е класика, ние што имаме мали деца сме непожелни да работиме. Да не земаме боледување заради детето. Затоа сакам да си одам од мк.
Здраво Канја се надевам си добро. Доколку имаш време пиши ми во порака имам нешто да те прашам во врска со работа. Поздрав.
Исто. Мене ми се чудеа на претходното работно место како можело мајка да земе боледување за грижа за дете, кога е болно, па детето е болно, не мајката. итоа ова од колеги и шефици. Беда.
Другарка работеше, плата 15000 или колку е минималец немаа многу работа, смените мислам 6 саати има беа.