Toa e licno moe iskustvo kaj niv, pa sega daj boze tebe da ti e podobro i da smenile nekolku raboti. So srekja
Некој искуство во OzonAir како инженер Како што следам на секои три месеци се бара инженер, ме интересира која е причината за тоа и какво е работното опкружување. Доколку некој има познавања колку би била платата и дали можеби неисплаќањето е причината или некорекниот однос кон врабтените
Ве молам некој кој работел во кладилница нека ми пише итно е ...Златна копачка, Евротип, Спорт Лајф било каде
Пребарај ги сите горе на пребарувач, имаш многу мислења. Работата е ок ако се пронајдеш, нешто као во кафич, само треба шифри да знаеш.
Сега видов Dolce la terazza има објавено оглас за келнери и келнерки со полно работно време, кој е заинтересиран може да види кај нив на ФБ има оставено и број.
Пак ќе кажам, фирма што бара на секое 3 месеци нов. Не е фирма. Значи има лоши услови. Лично досега сум била на 2 раб позиции каде што бев 6та по ред во рок од една година. Првата работа, имав куп работа, ради корона земав 7000 ден, газдарицата фактички, ни кратеше од плата за да ги плаќа придонесите. Со мои пари ми плаќа придонеси. Катастрофа. Втората работа, работа во мол, 1 ден бираш ти, од пон до пет мораш да бираш. Притисокот си е нормален нели, во почетокот колешките ми праева огромен притисок и филмови дека ќе ме избркаат ако не работам правилно и дека морам работата да ја научам во рок од 1 месец, ќе иделе Газдите да ме контролираат, и викале на некоја претходна нз зш. Па др ја избркале. Бидејќи имаше полициски, не стигнував да фаќам бус па морав да си одам дома пешки во 10ч. Сама, никој немаше по улици, само неколку коли и по некој залутан пешак. Побарав дозвола за движење не ми дадоа. Ако побарав да си заминам 5 мин порано бев сигурна дека ќе ме избркаат. Пазете каде аплицирате, прашувајте за искуства. Поздрав.
Има некој кој бил како инженер на тренинг/ обука/пракса во Костал (доколку може да ми пише). Ме интересира интервјуто, подетално што се работи како и сместувањето/патувањето. Ви благодарам
Ај ве молам некој искуство со My Time / B watch ? Бараат вработен/а во салонот во Струга. Ве молам за искуства. За плата знам минималец, 8 часа работа. Секоја недела слободен ден. Ми рекоа демек сега работел само 1 вработен, нешто као меѓусмена 5 дена во неделата, во сабота скратено работно време. Итно ми е!
Зошто да се држи? Има луѓе кои се пронаоѓаат во таков тип на работа и супер им оди, впрочем да не е така не би ни постоеле.
Да, да, супер им оди на тројцата на врвот на пирамидата и десетте под нив кое се отепуваат од лажење за да заработат.
Добро де, можда таа ќе биде една од 10те или една од тројцата на врвот на пирамидата. Зошто да бега подалеку ако сака да проба?
Знам дека ми раскажуваше една девојка дека има обука и дека била задоволна како да се понашаш со муштерии зашто идела најчесто богата клиентела