Прво, ако нештото е паблик и стигнато да се рекламира кај обичен народ тогаш возот за врвот на пирамидата е заминат. Второ, пирамидалните шеми по автоматизам пропаѓаат по одредено време. Ти не продаваш производи, не нудиш услуги, туку врбуваш луѓе (што самото по себе е неетички и неморално, а се надевам за брзо време и незаконски), а луѓето се исцрплив и конечен ресурс.
Не се баш од битпазар ама богатата клиентела не купува во b watch саат од 50-100 евра. Тоа шо кај нас е изреметен поимот “богат” е друга работа. Ај важи.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/404569/Prodavachka-za-sopstvena-maloprodazhba-Skopje/ Искуства од 'Европа', гледам пак има ист оглас, изгледа пак си бараат насекое нови.
Каде поточно работеше во мол? Доколку не е проблем да кажеш секако Мислам во која продавница, да појаснам
Европа прв пат бараат за во продавница, а нон стоп бараат за во погон.Али со оглед на тоа дека производство зема минималец...оди на интервју чисто да видиш како стојат работите
Знам само дека работат само втора смена од пон-петок, прва нема викенд слободни. И мн често имаат огласи нз дали и бегаат вработени или се шират
Им бегаат... Луѓево почнуваат да се свестуваат дека викендот е даден да се одмара и да човек се види со фамилијата, а не да се работи ко роб за 15 000 со еден слободен ден. Да сме едногласни само.
Јас кога бев на интервју, нивните услови беа работно време 2ра смена цела недела и во текот на неделата 2 слободни дена(кои ке ти се паднат), плата 18.000 и бараа да се доаѓа 15мин порано за да се направи кафе, чај за после тоа да не се станувало нон стоп. Е сега можеби не им одговараат тие работни услови и си заминуваат и затоа има често огласи мене сумљиво ми беше што се маркетинг агенција а немаат своја веб страна
И премногу било строго, телефон никако во тебе не смееш да имаш, пауза 30мин, и замррувале одма ако идеш повеќе пати до тоалет. Постојано биле под контрола некој на глава им висел. Инаку да не бил некој на интервју во Лионед?
Здраво, Се бара медицинска сестра со завршено медицинско средно училиште,курс,во околина на Штип/Кочани/Виница. За подетални информации пишете ми во порака. Би ви била благодарна ако добијам информација што побрзо.
Во Аеродром се наоѓа, поточно во Острово. Од улицата кај шо е Ред Кафе продужуваш само право на раскрсницата, накај кејот.