Дали некој/а аплицирала на оглас во Телеперформанс за кол агнет со српски и со англиски јазик. Ме интересира искуство и за колку време јавуваат после завршени две интервјуа и тест, некако ми се чини дека регрутирањето споро оди. На пример јас очекувам одговор, дали сум поминала или на второто интервју, затоа што тоа е последно и според мене тука веќе треба да имаш резултат. Девојката што го водеше, кажа ние треба да направиме евалуација од процесот на апликација па ќе ве известиме. Интервјуто беше во петокот, сега не знам колку им е тоа процедурата/ малку ми е како реалити шоу, туку океј! Кој знае, нека пише комент или во ЛП. Благодарам. Имав јас телефонско интервју со нив, ама приказната заврши тука, затоа што кажаа дека почетната плата им е 18,000 иллјади. За тие пари во бутик се работи, а не на телефонска линија да гори мозокот од повици. Исто бев и кај едни сличи феудалци, не знам Хелт груп беа, таму па ми кажаа дека е 15,000 , со тоа што ако оствариш промет од 3100 евра месечно имаш 10% бонус на остварена продажба. Ова е голем таргет да продадеш сирупи за имунитет мислам така што јас експресно си заминав и кажав на останатите Господ нека им помогне. П.С и да додадам , ти даваат рок/тест период од 2 месеци да го острвариш бонусот не си за таа работа. Феудалци!
Не се 8 часа. Од 10 до 16 или од 16 до 22 има по 6 саати. Ако работното време биде до 21 часот, тогаш две смени по 5,5 саати. А ако можеш да издржиш можеш да се нафатиш да работиш две смени 12 саати или евентуално 11.
Чисто информативно, колку изнесува дневница за овај ангажман? Доколку некој има инфо https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/404871/Pomoshnici-vo-prodavnica-za-popis/
Те викаат на едно интервју шо личи на кафански муабет, објаснува шо и како ветува брда и долине, награди бонуси патувања... Плата 15000 ама ако им праиш 300 000 промет ако не отказ. Потпишуваш договор месец за месец. Идеш демек на обука и имаат услов неколку дена по ред да продадеш на 5 муштерии за да те примат.
Имате оглас за вработување во Спорт М во Охрид, сигурно е пак сезонски. Само да напоменам дека ќе се оперете од работа и за шефиците на дуќанот и шефовите на смена и заменик шефовите на шефовите и само вие сезонците ќе работите.
Здраво. Потребна ми е жена од Прилеп или околината за нега на постара жена. Вклучена ќе биде и наша помош доколку е потребна. Ве замолувам доколку познавате таква жена да ми пишете. Благодарам
Дали некој има искуство со работење online и дали имате некои препораки (при тоа имам совршено познавање на англискиот јазик ) ? Ви благодарам однапред
Пробај па баш кажи што ти рекле, ама јас бев пред скоро 2 месеци на интервју, така да јасно е ко ден шо се дешава чим толку долго бе можат да најдат.