Бев на интервју пред скоро време, ме прашуваа прашање како што ти се очекувањата за платата, дали имаш скоро некои термини што ти се битни, не знам дали ќе ме примат или колку ради реда ме прашуваат?
Да, ме примија ама од втора, уште не сум почнала. Интервјуто има граматика, релевантно искуство и зашто имаш желба да предаваш на деца.
За која работна позиција аплицираше? Мене ми се јавија за "администратор", ама не бев во можност да отидам.... Ако е за истата позиција, две недели неплатено е претерано
Многу се несериозни. Спомнаа нешто заработа во смени и саботи? На огласот стоеше од пон до пет од 9-17 а нас ни збореше и за втора смена и за саботи.. Другарка идеше на обука и не ја примија.
Па во тек на обуката даваат листи со броеви кај да вртиш, и вика имало по 20 тина највеќе а ти треба дневно да им продадеш бар на 5. Она немаше толку и мисли дека е ради тоа. Сигурно сакаат да ескивираат плаќање па вака со неплатена обука си се вадат.