вработување.ком.мк најдиработа.ком.мк вработи се има и на пулс 24 по некој интересен оглас се надевам дека ти помогнав прв пат од тебе Твити слушам за Севентин дека бараат промотерки на производи
Да,јас се пријавив на страната на ФБ имаа оглас. И ми вратија да се јавам на интервју и ке треба да презентирам производ од севнтин што сама ке си го одберам. Тоа ке биде на интервјуто. А работата ке биде во парфимерија ,ова валјда да видат како ке се снаоѓаме Ке одиш?
Не сакам да разочарувам, ама разбрав дека во Пекабеско можеби се веќе примени и тоа партиски, постои наводен договор помеѓу две општини, по пола да ги делат вработените, од неофицијални извори разбрав, не значи дека мора да е точно, но ми стана јасно откако увидов дека не ни викаат на интервју дури, од другите фирми во општината. Логично е прво од општината да се бираат работници, но пак би требало преку оглас да го направат тоа праведно, а не со интерна распределба на работни места. Општинава многу нагло се разви и ми се чини на тамошните општински власници им се кренаа акциите во секој поглед дури и јавно претеруваат.
Баш убаво што те викнале Сега прочешлај им ја страната на ФБ и поднаучи им ги рекламите.Уште поубаво ќе биде да си носиш мало несесерче со неколку нивни производи и пред нив извади го да видат дека ги користиш нивните производи и си многу задоволна и наместо еден рекламирај им 2-3 као демек неможеш да се одлучиш за еден Собери од сите другарки кој има од оваа марка козметика и напуни го несесерот
Дали партиски се примаат незнам, но дека приоритетни им се тие што живеат поблизу до работното место знам од други фабричиња.Со тоа наводно го намалувале трошокот за организиран превоз.
Секако ќе одам,баш ми се допаѓа таа работа.Ако имаме среќа да не примат супер би било. Ете таман ние две феминки ќе се запознаеме на интервјуто ако одиш. Јас си измислив некои мали да речеме реклами за нивен производ ама се надевам не претерав.
И јас сум зачленета во Партнер агенцијата и до сега ми се имат само еднаш јавено и тоа за работа во истиот маркет кај што сум работела претходно.Најчесто нудат за во маркети ,млечни ресторани и слично.Добро е што платата е редовно исплатена и доколку си на договор во секој момент ако работата не е соодветна можеш да ја напуштиш.Лошото е што доколку си вработен преку агенција тиа ти земаат 5% посто од неа.Пример ако платат ти е 8500,400 одат кај нив во џеб.
Брат ми беше на интервју, по оглас не партиски пред повеќе од еден месец (изгледа фактор беше местото на живеење). Го викнаа на работа, но не му одговараа условите, требаше 1 месец да оди на обука во Визбегово за 10.000 ден. па после може да напредува до дури 12.000 ден. За истото работно место во др. помала фирма зема моментално 15.000 па не му ни текна повторно да им се јави
Баш тоа и ме интересираше, каква корист имаат тие за да ти најдат работа...значи 5% од секоја плата....имам слушнато незнам за која агенција земале 50 % од првата плата...тоа е...јас сепак не очекувам дека ке ми најдат работа тие, конкретно мене ми се јавија од Trenkwalder
А ова е за постојано работно место како продавач во парфимерија , или во парфимеријата ќе се вршат презентации на производи по потреба ??
Се бара продавач/ка за во оптика со завршено стручно образование (оптичар), со или без работно искуство. И продавач/ка за продажба на наочари на тезга, со или без работно искуство. За повеќе инфо лп
За Скопје е, на Реклама5 го имаше. А незнам со што се бави фирмата. Ме интересира дали девојки се пријавуваат и што им е на овие проблемот со тоа сликите што ги бараат. срамота
Але штом во огласот се споменува дека се бара цела фигура на кандидатката-за секретарки мене не ми мириса на арно работава