Јас лично не, колешка моја бивша знам дека беше пред извесно време мислам. Регрутацијата им е спора ко полжав, напорни се, првото интервју трае временски долго, па второ, па тестирање, па интервју со тимот, па на крај со менаџерот. Нејзе уште не ѝ се јавиле иако два месеци се поминати што е крајно непрофесионално за фирма која нон стоп има огласи и активно (наводно) бара вработени. Не знам што да мислам. Во цела држава толку да нема никој што ги исполнува нивните високи стандарди за просечна плата. Колешката има искуство, побарала малку повеќе, веднаш ја одбиле. Среќно ако аплицираш.
Здр имам потреба од лице кое ќе ми биди ПР/Маркетинг агент во Скопје....Односно сите услуги кои јас ги нудам да може да ме промовира во Скопје....инфо во инбокс (предност студентки на менанџмент)
Видов оглас скоро, прво објавија за италијански јазик, па увидоа дека грешка направиле во копи пејст и го преправија во германски. Пишуваше плата 25.000 што за германски јазик е навистина малку. Ако нешто ти значи како податок.
И јас забележав дека трет или четврт пат веќе е како го пуштаат. Инаку интервјуто беше онлајн, и повеќе е како прашалник за тебе како личност. (зборувам за лани првиот пат кога беше огласот)
Веќе имам прашувано за фирмава, но никој не пиша па ајде апдејт да направам Се работи за Лионед гроуп кај соборен храм се наоѓаат..Бев на интервју на 12-13 Мај, се супер одлични услови, убав прв впечаток. Ми рекоа ќе ти се јавиме за 1 недела дали си избрана за обука (5 дена по 3-4 саати-неплатена) и океј ми се јавија ме одбрале треба на 7ми Јуни да почне обуката. Ноо денес ми се јавија демек таа што држела обуки се разболела и обуката ќе се премести за 3-4 недели, што мене ми е мн непрофесионално и несериозно од нивна страна. Доколку имате некоја информација за фирмата, би била благодарма да споделите. Thanks Ако коментаров не е во соодветна тема, преместе го.
Некое искуство со пријавување како занаетчија Програмер? Бидејќи имам сетификат веќе за PHP, Angular, MySQL и имам еден проект успешен. Исто така барам некаде да одам на пракса, или некој да ме приклучи во некој мал проект повеќе имам познавање во пронаоѓање на грешки во кодот. Поради здравствени причини праксата може да биде во Битола/Ресен/Прилеп....Ако некој има било какво искуство нека ми пише лп
Нит се разболела нит ништо. Скоро секој приватник го прави ова. Не даваат пари за обукатќ, а сакаат да им работиш хахахха Бегај, не ти ни требаат
Дали некој од вас има искуство или знае нешто за "Систина офталмологија"? Тука кај нас, во Скопје, за работа за медицинска сестра..?
Така мислам и јас, и да се разболела нема да е болна 3-4 недели, а и само она ли е за обука таму..Глупости
Да. Ама фирмата треба да си обезбеди и друг обучувач. Но, кај нас газдите не даваат пари, па така да ќе си ги стави парите у џеб, ќе ги стега. А, тој што аплицира ќе си почека, небаре само тој вработува хаха. И шо демек као јас ќе чекам, па демек истрајна сум, ќе ме вработи, и ќе ме цени. Уште од старт се гледа дека ќе ги руга вработените како што сака. Никој не чека никој денес. На ваквите само клоците у г.. Ќе речите еее сеа па и ти. Вакава си таква си...
@GirlLove многу ме интересира ти каде работиш и дали вака им пристапуваш на сите проблеми. @Ladyinblackkk секако не треба да ги чекаш, ако имаш друга опција јас би прифатила, ако веќе не си сигурна дека се сериозни. Но, ако немаш друга опција тогаш останува да чекаш и да видиш како ќе се однесуваат. Ги изгуглав, не разбрав со што се занимаваат, ама тоа е.
@Abel моментално нигде, и не им пристапувам на сите проблеми така. Како би постапила ти? Ако се ете сериозна фирма, нека одат до крај со информации. Ако сака на крај некој нека чека, ако не не. Јас не би трошела ни ден повеќе за чекање. Еве последно искуство. Звучна фирма, бев на интервју, се супер, фаци насмеани, па какви трагети за 2021 па ланци продавници. Ок, супер беше и професионален пристапот, рекоа дека ќе бидеме известени после интервјуто дали сме примени или не. And guess what......4 дена ги чекам. Еве чекам и? И каде е моето изгубено време? 4 дена нигде да не аплицирам и да имам верба дека ќе се јават. А,пази, ми велат дека од сите кандидати сум најинформирана и имам најмногу искуство. Ма, никакво јавување, никаков повик или меил барем, да знаеме барем дека ќе не чуваат во базата на подтаоци, ако не ништо друго. И сега фино лепо си аплицирам на други места.
Јас не знам зошто да чекаш и да не аплицираш. Па подобро од две-три места да ти се јават, па ти да бираш кај ти се подобри условите, па таму да прифатиш. И да се јават и да не се јават никој не ти забранил да аплицираш на други места. Дури и кога си вработена некаде имаш право да си бараш подобра работа, да аплицираш. Па ако најдеш отказ да си дадеш.