Јас имам. Имаш интервју, па ако поминеш одиш на двонеделна обука. Интервјуто беше ок, прашуваат работно искуство, зошто баш сакаш во Тиго и тоа. Обуките се во Скопје, првата недела е теорија, втората веќе почнуваш со клинети да работиш и имаш ментор. Плата почетна беше 18,000 првите 3 месеци, потоа се фаќаат бонуси. Бонусите се делат некако, не се сеќавам точно. Работиш точно 40 саати неделно. Ако работиш во сабота, преку недела си одиш час порано, или доаѓаш час покасно. Празници не се работи. Ова ти кажувам ако е за филијала, ако е за телефон немам инфо. Во глобала не е тешка работа, брзо се учи.
Не знам кај да го поставам прашањево. Што би направиле идете на интевју се договарате за плата услови се ок.. Не почнувате со работа одма туку одложуват нешо цело време и после година се јавуваат ве викаат ама ви кажуваат помала плата? Би прифатиле ли?
Јас би ја барала платата за која претходно сме се договориле. Затоа што ако не им покажеш малку цврст став тие гледаат само како да го искористат човек за помала плата.
И јас би така, ама ради некои кои викаат абе тоа е, така е у приватно, морам и слично сме до тука. Ок е да речеш ај ок ќе ви почнам сега за таа плата, ама сакам во скоро време да го добијам она за кое сме се договориле.
........ И ајде ќе им речеш, и мислиш дека ќе се држат за договорот? @Цвет88 барај нека напрат во договорот - пр еден месец ќе работам за 15 000, после секој месец да добивам по 3000 плус. Плус да бидеш осигурана на 40 саати без работа во викенд. А, ако треба и недела да се работи за 100% дневница. Ајт, у 300 лепе.
Зависи колку би ми била потребна работата. Дали е нож до коска или можам да бирам. Неозбилно делуваат вака на прв впечаток. А секогаш можеш и да се нафатиш, па после пак барај си друга работа.
Абе работа е потребна ако ја бараш. Ама неќам некој од старт будала да ме први. Впрочем тоа и сакаат сите,некој кој му требаат пари и одма ќе прифатат се, зошто нели и така седам дома. Додуше може ја не размислувам така зошто и кога седам дома гледам нешто да работам, ама па со тоа е проблем нема стаж..
Колку мислиш дека би му било лесно да вработи некој друг? Дали има простор да бараш повисока сума? Пак ќе кажам, секогаш можеш да се вработиш, да ти тече стаж и да си бараш нешто поубаво во меѓувреме.
Да, ама што пример ако поработам, за себе кажувам, еден месец ваму, после 3 месеци на др место. Значи барам дур не најдам убо место. Дали е убаво во cv то да гледа работодавецот дека си менувал мн работни позиции
Ова го зборам јас нон стоп. Лесно е така, ќе мењаме работа ко чорапи, а реално пак се сите слични една на друга.. дури можат и да не те вработат ако видат така дека многу си менувал. Ми треба работа која бар некој период ќе ми даде сигурност.
Сите ветуваат пати на почеток, а уствари ништо нема да добиеш. Јас до сега не сум останала без работа цело време од една на друга работа сум се префрлала и до сега сум немала никаков проблем со работодавците за вработување напротив одмаме вработувале зошто сум била екстремно реална и сум знаела што сакам. Најбитно од се е ти што сакаш не е работата 10 години да рмбаш за да ти се качи 1000ка платата и да работиш и празник и делник да не можеш фамилија да видиш, освен ако не си ептен шкрипац па да е тоа привремено. Работиш за да имаш пари да шеташ со фамилијата и да си удоволиш, а ако цело време само работиш ништо нема да видиш и здравје ќе си заебеш. Во врска со тие што ти се јавиле после година дена ти си им била златна резерва очигледно и ќе си ја бараш платата што ти си ја побарала, после година дена ти и таа што треба да ги манипулира.