ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА вклучено 16 Ноември 2012. Објавено во Соопштенија Врз основа на Законот за волонтерство (Сл. Весник на РМ бр. 85/07 и 161/0 Програмата за волонтирање со арх.бр. 03-1291/1 од 20.06.2012 година , донесена од Агенцијата за млади и спорт , Агенцијата има потреба од ангажирање на волонтери ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА Се повикуваат сите заинтересирани кандидати , да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Агенцијата за млади и спорт , и тоа: - 2(двајца ) волонтери со завршен правен факултет - 2(двајца ) волонтери со завршен Градежен Факултет - 2(двајца ) волонтери со завршен Архитектонски факултет Волонтерската работа ќе биде во времетраење од 3( три ) месеци . Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават: - Мотивационо писмо ( во кое ќе се наведе и местото за кое аплицираат , како и причините и мотивите за волонтирање) - Кратка биографија ( со податоци за контакт) - Доказ за завршено образование Потребните документи треба да бидат доставени на следната адреса: АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ Ул. Франклин Рузвелт бр 34, Скопје Со назнака ,, за јавен повик за ангажирање на волонтери,, Рокот за доставување на документите е 5 (пет ) дена од денот на објавување на повикот. Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена . По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа.
Да не бидам офф, не знам за другите градови, ама за во Битола знам дека вработените во Агенцијата не ги истакнуваат огласите, т.е. ги кријат за свои блиски луѓе. Се случи преку работодавецот да дознаам дека има оглас, наместо обратно. И самиот работодавец беше разочаран, бидејќи на оглас му се јавуваат еден-два кандидати, па нема многу избор. Исто и веб страницата на Агенцијата...Јас мислам дека баш таму треба да ги има сите можни огласи, редовно да се ажурираат, а не едвај по нешто излегува, и пак, само за Скопје.
ВРАБОТУВАЊЕ ВО "АЏИБАДЕМ СИСТИНА" Клиничката болница Аџибадем Систина, докажана медицинска установа со врвен квалитет, континуирано работина подобрување на услугата и односот со пациентите. За таа цел, има потреба од: - Административен службеник во одделот за услуги за пациенти (Patient Services службеник) - 2 извршители ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО Административниот службеник, од одделот за „Patient Services“ односно услуги поврзани со пациенти е одговорен за спроведување на административни процедури за прием, регистрација и испис на пациентите, спроведување на податоци, информации и процеси за наплата во болничкиот информациски систем, закажување на прегледи, следење на задоволството на пациентите и сите други активности и процеси кои се составен дел на одделот. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА - Завршено минимум средно образование - Одлично познавање на турски јазик - Познавање на англиски и/или албански јазик се смета за предност - Одлични комуникациски вештини - Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана доедукација/надградба на знаењата - Познавање на работа со компјутери Повикот е отворен до 29-ти Ноември 2012. Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, апликациите (вклучувајќи и CV со фотографија) треба да бидат доставени на email: HR@acibademsistina.com.mk или по пошта на: Клиничка Болница Аџибадем Систина, ул. Скупи 5А, 1000 Скопје.
УНИБанка објавува оглас за Референт - две работни места Дирекција Управување со проблематични пласмани Квалификации: - Високо образование - Економски Факултет - Минимум една година работно искуство во наплата со проблематични пласмани - Oдлично познавање на MS Office пакетот Избраниот кандидат треба да поседува: - Одлични комуникациски вештини - Способност за брзо реагирање и преземање на иницијатива - Добри организаторски способности - Чувство за тимска работа - Аналитичен пристап кон задачите и реализација во кратки рокови - Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења Испратете кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо со нагласок за работното место за кое аплицирате по електронска пошта, на jobs@unibank.com.mk најдоцна до 11-ти Декември 2012 година. УНИБанка АД Скопје Дирекција Управување со проблематични пласмани Ул.Максим Горки бр.6, 1000 Скопје Ајде среќно на сите економисти, се надевам на некој од вас ќе му се посреќи
Друштво незнаев каде да го поставам прашањево.Повикана сум на разговор во Кемет електроникс па ме интересира доколку некој од вас веке бил и како се задоволни од плати,колку се плати, како се работи бикокоја информација ми е од корист фала
Искрено се надевам дека на некоја феминка економистка ке и се посреќи пратив и јас онака ама искуство немам ах тоа искуство
Знам дека е малку доцна но сега налетав на огласов. Пивара има оглас за вработувања низ земјава, но рокот за аплицирање е до утре - 12/12/12 ПИВАРА СКОПЈЕ УНАПРЕДУВАЧИ HA ПАЗАР Од цела Македонија (Градови: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани, Берово, Делчево, Велес, Крива Паланка, Неготино, Кратово) Профил на ка кандидатот - Образование - Најмалку ССС; - Возачка дозвола б категорија; - Познавање на компјутерски апликации MS Office; - 1 година работно искуство во продажба; - Чувство за односи со клиенти; - Кандидатите треба да поседуваат сопствено возило; Кандидатот ќе биде за должен Спроведување на дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот. Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и дистрибутивната мрежа. Обезбедување на соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата. Истражува и разрешува поплаки од клиенти. Генерира и проследува нарачки до производителот. Изготвува потребни прегледи за продажбата и производите. Пополнува договори или формулари за продажба со цел собирање информации за продажбата. Дава инструкции на клиентите за употребата на производите. Како да се аплицира: Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации можат да ја испратат својата биографија (CV), пропратена со фотографија најдоцна до 12.12.2011 година, на адреса: Сектор за Човечки ресурси Пивара Скопје АД Ул. 808 бр. 12,1000 Скопје, Македонија Или по електронски пат на следнава е-маил адреса: rabota@pivaraskopje.com.mk Be молиме да не испраќате оригинални сертификати или дипломи. Некомплетни апликации нема да бидат разгледувани. Само најсоодветни кандидати ќе бидат контактирани. Трговското друштво за производство на пиво, слад, оцет, алкохолни и безалкохолни пијалаци Пивара Скопје АД, со разновидно портфолио на брендови и со највисока позиција на пазарот, каде што на прво место секогаш е квалитетот на нашите брендови и услуги, е компанија која ви нуди предизвик. Пивара Скопје АД е дел од Coca Cola Hellenic и Heineken корпорацијата. .........Станете дел од успешен тим на Пивара Скопје АД Контакт: rabota[at]pivaraskopje.com.mk
Регион: Скопски, Објавен од: Најди Работа, Објавувач: Агенција ДД&С - Верверичка Популарност на компанијата: Популарност на компанијата, оценета според гласовите на посетителите на сајтот. Област: Услуги Работно Место: Неговател/ка Број на работни места: 7 Тип на работно место (постојано времено): Постојано Објавен на: 18/11/2012 Краен рок за пријавување: 31/12/2012 Оглас внесен на: 17/11/2012 Емаил: agencija.dds@gmail.com URL: www.agencijadds.mk Контакт телефон: Поштенски Фах: Адреса за апликација: Назнака (референца) на огласот: Договор во месеци: Почеток на работен однос: Плата: Потребни Квалификации: - Работно искуство во грижа и чување на деца - Вискоко образование: Педагошки факултет (предучилишно воспитување) - Препораки и контакти од претходни работодавци (за чување и грижа на деца)