Да, за жал изгледа дека врските во партија ќе се пресудни за да се влези на работа. На почетокот приоритетни им беа асистентите кои имаат искуство, ама изгледа дека нема да е така.
Да, луѓето си ги бараат асистентите во коментари на Фб, ама не знам што е разликата. Ваљда асистентот е личен, задолжен за едно дете. И што е разликата во смисла на вработување на едните, а не на другите.
Јас конкретно бев асистент две години, некои од постарите колеги имаа искуство од четири/пет години. Кога платата што ја даваа беше 7 000 ден. одвај наоѓаа асистенти, сега со покачувањето на сите им се виде атрактивна оваа работа. И затоа не е фер за тие што одевме за толку малку надомест, сега да испадне дека не сме квалификувани ако не сме завршиле дефектологија. Плус и децата и родителите веќе се навикнале со тој асистент.
]Администрацијата општо во НИКОБ така работи. 3 Дена da ne imas info kako e plata, atmosfera i se ostalo za rabota vo NIkob medical?
Не знам дали сум за оваа тема, префрлете ме ако сум згрешила. Ве молам некој да сподели работно искуство за Алма-М и Даути?
За Даути незнам, ама имам другарка во Алма М, марчандајзер работи, задоволна е и рекле 16.000, 3 плати до сега и се по 18.000, до 4 работи, сабота понекогаш ако има потреба оди.
Луѓе не знам како мои другарки толку лесно наоѓаат препораки или огласи за работа (кои јас не ги наоѓам) и имаат пет интервјуа во една недела, па дури се пребирливи. Секако, не им замерувам, сакам сите да имаме добри работи и добри плати, а голем дел од нив го добиваат тоа. Јас следам огласи цело време на сајтовиве, но (и од толку малку огласи, а на струката 0, диплома за џабе) не добивам ниту повик ниту мејл. До толку немам среќа и врски или и вие се соочувате со вакво нешто? Преразочарувачки, едноставно те кутка и немаш веќе мотивација ни да помислиш за работа.
Барај референци од нив. Најверојатно добиваат информации за позициите од друго место, прашај ги да ти помогнат или упатат.
Провери во Сивито што имаат напишано па ако треба смени и ти нешто. И јас исто каде и да пратев ми закажуваа интервјуа, додека другарките немаа таква среќа.
На која позиција? Дистрибутерите се најмалку платени, па мрчендајзери, па комерцијалисти. Комерцијалистите ако фатат таргет стигаат и до околу 40 000 плата, плус минус. Мрчендајзерите се движат околу 20 000+ колку што знам од блиски. Инаку, потешко се влегува, како и секаде со врски.
Дали некој знае какви се условите за работа во Пеко,дали навистина има висока плата,бонуси,награди и сл.?
Некој искуство во Lucky Marketing ? дали е само телефонско јавување? и каде точно се наоѓа во кисела вода? немаат ни интернет страна малку ми е чудно ...