тоа за раб.способност е како лекарско за возачи,ќе мора да го издаде спец по трудова медицина а за сертификат ќе мора да имаш, ќе си платиш некаде курсот или само тестот и ќе ти дадат сертификат. Ама се ти е џабе како што ти рекоа и др без партиска книшка сите вработувања одат преку општински организации на партијата која го држи министерството или општината.
Zdravo, Dali nekoj/a znae ili pak ima iskustvo vo Slice (Sales representative), kolku e platata i sto potocno se raboti vo ova pozicija?
Ти се јавија?Во наш превод е грижа за корисници. Сега за сега е од дома ама како тераат работите ќе остане. Треба да имаш супер ЦВ на англиски, ќе ти биде интервјуто на англиски. Ако те изберат ќе ти пратат е маил за 2 интервју. Имаш обука платена. Плата 500 УСД па нагоре.
Толку е .Штом ти се јавиле а не ти испратиле е-маил за 2 круг завршено е. Треба да имаш е-маил дека не си избрана дрн дрн дрн И 100 ЦВ-ја да пратиш, поминат е редот. Џабе праќаш.
Јас имав интервју со нив, еднаш ми ѕвонеше една девојка македонка кратко разговор на мк и англиски со неа, потоа со 2 девојки преку зоом мислам беше, ме нападнаа со секакви прашања и така те гледаат одма да им одговориш, потоа имав уште едно кратко интервју со девојка и едно машко и рекоа ќе те известиме дали си избрана и ништо, ни трага ни глас. Инаку платата е 430 евра, како што памтам беше од 16:00-12 навечер работно време, минимум треба на 80 луѓе во денот да се јавиш, имаат и некаков таргет за бонуси али мора да оствариш 20 соработки месечно. Ке си пукнеш од ѕвонење и убедување. Мене секако ми одговараше што не ме викнаа, немаше да прифатам и да ме бараат..
Ти ќе збориш цело време, прво да се представиш да кажеш нешто за себе предходно раб искуство дрн дрн. Дали сакаш да работиш само 2 ра смена, како ќе си го органзираш денот, дали имаш од што да работиш дома. И после почнаа дали мислеш за себе дека си убедлива личност, самоуверена, дали знаеш да наметнеш свој став на друг, дали добро работиш под притисок, кај се гледаш во иднина, дали си добра со комуникација со луѓе, ајде сега мене убеди ме да излеземе на прошетка, па те прекинува со секакви одговори како тоа не може и ти треба да се снајдеш. Прашањата од нив се брзи и отсечни ептен, кажуваат и чекаат одма одговор и ако кажеш да/не прашуваат зошто мислиш така наведи пример.
Па гледај они бараат личност што знае на некок да му влезе под кожа, да го убеди, да му направи магија едноставно кажано. Секој не може да биде таков и затоа преку одговори на прашања знаат кој каков е.
Интервјуво небаре принцеза ќе стануеш па како ќе се снајдиш. Барем да ти речеле по 10 склека и 3 круга околу зграда. Ако е вакво интервјуто, тек работата како ќе е. Постојано бараат нови луѓе гледам. Пиши чавка. Ако ми се јавиш мене хаха како што сум или да или не за купување, тешко дека ќе ме убедиш да купам. Тврд орев.
Дечки B watch во Охрид бараат вработени. Кој е заинтересиран од Охрид или околина,на application@bwatch.com.mk пуштете си ЦВ или директно во салон отидете. Знам другарка шо е таму на замена 100 % бараат.
Sales rep не е грижа за корисници, туку продажба. Customer support е грижа за корисници. Прочепкајте по темава, има коментари. За продажба знам дека е 500 долари фиксна плата, а тоа нагоре зависи од тоа колку ќе продадеш, бидејќи бонусите се на проценти. Втора смена се работи, од 15 или 16 часот, викенди не. Фирмата е во зградата на Синерџи одма до Пиом. Сите интервјуа се на англиски, прво со регрутер од тука, па со одговорниот од одделот каде што аплицираш. Малку се неорганизирани и може да се случи да ти се јават или пет минути откако ќе аплицираш, ако имаш искуство кое го бараат или да ти се јават за месец-два откако ќе ги прочешлаат другите кандидати. Или збираат група доволна за тренинг затоа што е неисплатливо да држат тренинзи со малку луѓе. Моја претпоставка. Абе на фирми продаваат, на пицерии. Помали фирми кои немаат средства да купуваат свој систем. Какви старци, не ширете дезинформации. Тоа се 90% од прашањата кои ќе ти ги постваат во фирми каде се работи телефонска продажба. Фирмата опстојува и зима плата од продажбите, не е за секој тоа. За Скопје или за низ Македонија? Не сум сигурна дали бренд амбасадорот разнесува ајкоси низ државава и им објаснува на луѓето како да го користат, или работи во продавница, или работи во виртуелната продавница пошто сега и тоа го имаат. Производот е тој. Знам за Скопје дека платите им се од 27 до 33 илјади, се работи од 9 до 21, цела недела со два дена слободни. Други информации немам. Мислам дека пишуваше ваучери од ху денари за во супермаркет или ДМ или нешто слично. На пример, 500 денари = 500 поени и слично. Беше? Што ти кажаа? Прочешлај ја темата веќе се пишуваше, нека не ве мрзи да барате. Англиски е задолжителен затоа што Телеперформанс е странска фирма и сите обуки и тренинзи (а ги има многу и нон стоп) се со тренери од странство. Нема да можеш да научиш ништо за проектот и за продуктот ако не знаеш англиски. Имаат нон стоп огласи Телеперформанс затоа што се хаотични, затоа што се работи 7 дена во неделата од 9 до 21 часот и малку организациски шкрипат. Не се сите расположени да одат во смени на работа, сакаат само од 8 до 16 и после чао. Класичен контакт центар е многу напорно да се работи, особено српскиот пазар има и многу работа.