1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Како за кого, луѓе работат таму, значи некому сепак му одговара.
     
    На tina2018 и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.439
    Допаѓања:
    14.964
    Пол:
    Женски
    Дај Боже, најубаво место да му биде.
     
    На Escape83 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hunna

    hunna Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки!Решив да ви се приклучам и да споделам искуства.

    Јас почнав со работа пред 3 год со лепење декларации,во 4 фирми бев(каде непријавена,каде пријавена на пола раб.време,магацин,ладно зимно време).Ми дојде преку глава реков дај да сменам малце друго.Запишав обука за деловен и финансиски асистент во едно сметководствено биро која требаше да трае точно недела 5дена по 1 час и 2 дена по 2 часа.(10.000 денари беше)
    Опфаќаше:
    благајна,архива,пресметка на плата,годишни одмори,даноци.Првите 3 дена помина супер после почна да ми забушава касни со часот,ми откажува, дури 1 ден воопшто не ми кажа дека нема да имаме час, јас си дремам чекам.Обуката предвидена за една недела се заврши за 3 недели.Бидна.Одам да си го земам сертификатот.Ми вели ти немаш познавање од економија,финансии?Викам не јас ви кажав на самиот почеток имам завршено гимназија и целото раб.искуство ми е со декларации на што таа ми вика епа ништо тогаш,да си бараш прво пракса негде.Си го земав и си излегов.Цели 3 месеци поминаа јас со тој сертификат ништо не успеав да најдам.Аплицирав на 50места барајќи неплатена пракса затоа што сакав прво да научам.Цели 3 месеци си седам дома.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Мој скромен совет, иако немам никаква врска со сметководство и сродни струки. Не знам каков е тој курс што тре една недела, само тој податок требало да ти биде многу сомнителен, сите курсеви сертифицирани од министерство за образование се барем едно полугодие. Мој совет е да си бараш работа во струката, и онака почетниците се мизерно платени без разлика дали имаш курс или економски факултет. Ќе учиш за работата на работа и кога ќе подсобереш нешто пари ќе си најдеш саглам курс за да имаш признаена диплома и натаму веќе со малку искуство и знаење ќе можеш и полесно да напредуваш. По огласиве гледам дека се поднаоѓаат огласи за сметководство или за администрација, обидувај се, секаде праќај биографија.
     
    На GirlLove и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со НЕЛТ СТ ДООЕЛ за позиција Унапредувач на продажба?
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.468
    Јас кога бев на интервју 18000 плата ама не ти даваат кола. Оваа позиција е мерчендајзер. Редење артикли по рокови, ставање цени, завземање повеќе позиции(лица).Лошото е што треба со бус или пешки да одиш од маркет до маркет.
     
  7. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    Iskustva vo Arc vo bunardzik fabrika?
     
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.468
    Ако сакаш да живееш и имаш приватен живот не си за во АРЦ. Цело време во едно место стоиш бркаат таргет супервизорот досаѓа. Одморот ти го даваат они кога сакаат на пример 3та смена си и ти даваат само матичен број да пишеш и потпис на листот и ти викаат од 6 саат после работа си на одмор. Ти викаат дека треба да ги знаеш сите машини али тие што предходно работеле во Џонсон Контролс си и ладат и другите работат за нив. Има 3 тима и се натпреваруваат меѓу себе шефовите и тим лидерите за поголема бројка, а на крај на смена да се зезне некако машината. Ако нема работа треба да ја бришеш машината 8 саати и не смееш да клекнеш или да се потпреш. Ако ти се случи некоја незгода кога ќе се вратиш од болница ти даваат да потпишеш дека нема да ги тужиш ако не потпишеш те бркаат од работа иако копчињата заитни случаи треба да работат, а не работат. Многу луѓе се откажаа од машината кај што се полни со гас зошто когаќе пукнеше внатре дел се слуша премногу гласно и стресно е. Ова е кратко што можам да ти објаснам за таму како функционираат.

    Некој искуство со Фејдом за пакување во визбегово фабриката и хотел Трим како собарка? :)
     
    На Dandra и tina2018 им се допаѓа ова.
  9. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    A so plata kako se i kolku dena imaat slobodni?
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.468
    Недела ама често се работи 13 дена без слободен ден.
     
  11. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    Lele 1 den utre kje idam na razgovor pa moze da smenile nesto vaka kako so kazuvas mizerija, mi vrtea 5 pati pa si vikam aj kje idam da vidam kako e tamu

    A platata kolkava e?
     
    Последна измена од модератор: 25 август 2021
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.656
    Допаѓања:
    6.162
    Во City mall во Calzedonia имаше ставено дека бараат продавачка, ако му треба на некој.
     
    На jovana03 и Dandra им се допаѓа ова.
  13. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    Kje otidov no nemam sertifikat Nisam pelcovana hhhh
    Ogan da gi izgori
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Би требало да имаат плус на плата за месечна карта и најчесто рутата и е во маркети во населбата каде што живее.
    Не знам тие дали работат сабота и празник, ама ок е работата за некој кој сака да е слободен за викенд и да запознава нови луѓе.
    Следење рокови, акции, редење по планограми, ама Нелт не би требало да има производи кои се со кратки рокови како овошни јогурти пример.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.262
    Сметководство или општо областа се учи најдобро на лице место, со многу работа, и да немаш факултет ќе научиш многу и полесно ќе се снаоѓаш во иднина во било каква административна средина. Секако за 5 дена тешко, не знам како те излажале, но за да добиеш лиценца за сметководител минимумот е Економски факултет и една година работа во сметководство, сѐ оди преку Институт и никогаш не се примале никакви сертификати.

    Инаку, често бараат работници по сметководствени бироа, ако ти е за пракса мислам никој од нив не би те одбил затоа што се често пренатрупани со работа. И да не работиш како сметководител, искуството кое ќе го стекнеш вреди пари, а не сертификати од 3 саати курс. (facepalm) Искрено, ова ми личи на измама и јас би ги пријавила секаде каде што ќе примат пријави. И не е лошо да кажеш која е фирмата за и други да не се излажат вака како тебе.
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.468
    Малтретирање е пешки или со бус да се возиш сегде тоа е исто како да си агент за недвижности и осигурување и да се мафташ по цел ден. Плус какви гадови се по маркетиве цени ни за лек нема да извадиш па не дај боже да им влезеш во канцеларија боже господе како мајка да си им опцул. Да имаат долги рокови ама по магацините е страшно зошто и тие предходно што работеле кои гледале рокови кои не и се е забаталено, Веро се средени ама Рамсторите со еден збор ужас, ако треба чоколадата да стои на место на чоколади таму нема никогаш да ја најдеш ќе ја најдеш во некоја количка со сокови врз неа и тетратки и бутната кај хемија. Треба и да се слика кога ќе се среди се, а забрането е сликање во маркети треба да се пазиш, а доколку те фатат еднаш ќе те опоменат ама следно ќе те избркаат од маркет. Не е се едноставно.
     
    На black-angel и tina2018 им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.468
    Сега не знам колкава е ама јас кога бев 15 земав сега може да им е 18 ако качиле нешто види си. Ама нека не те убедуваат дека ќе имаш слободни виленди и празници. Платено е се секоја минута плус што ја работиш ама искрено јас 2 години работев дури после 2 години почнав да се оправам хроничен замор имав 13 дена 3та смена одев катастрофа невидена.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Најчесто немаат големи залихи во магацин. Ти стигнува нова роба си ја редиш таа недела.
    Проверуваш колку имаш на залиха. Најдобро е да е таму на денот кога се прима робата за веднаш да се нареди.

    За сликање ги известуваш дека тој и тој маркет не дозволува.
    И така тие одат прават контрола ќе видат дека е средено или нешто не е како што треба.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    3.134
    Пол:
    Женски
    Nekoj da ne ima info za rabota vo Bitola? Iskreno, ic ne mi se odi kromberg, pa nekoj drug oglas da ne ima
     
  20. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Последна измена: 26 август 2021