Паметно е да не пребираш ако веќе бараш за пракса, односно за да учиш. Немаат трпение многу за ученици, мој совет ти е да одиш таму каде што ќе те викнат, а ако те викнат на повеќе места тогаш пребирај.
Имам уште 2 испити до завршување на факултетот, ако ми се погоди фирмата каде што ќе одам на пракса сакам во истата да продолжам и со работа, затоа се распрашувам.
Те разбирам, но не е така едноставно. Убаво е што имаш планови, но во реалноста малку се поинакви работите. За пракса најбитно е воопшто да најдеш место, особено ако не познаваш никого. Второто најбитно е да ти се погоди барем еден човек кој ќе биде расположен да ти помага и да те учи. Во помалите фирми обично се преоптеретени со работа, во поголемите често еден работи, другите зеваат, и тие што нешто знаат, повторно се преоптеретени. Затоа, кај ќе најдеш, таму оди. Ако ти е сефте пракса, ќе имаш увид барем како функционираат работите, ќе имаш нешто за во цв и во портфолио и ќе можеш да пробаш и работа да си бараш. Пробај и нешто на Upwork или некои платформи баш за твојата струка.
Здраво најдов оглас, се бараат спремачи на сендвичи во Ројал Бургер. Ме интересира дали некој има работено таму, како плаќаат и дали е потребно искуство?
Инфо имам дека нема доволно производство и ќе одат линиите во Србија. Исто и рек ќе го пренаменат, колку ќе има вишок луге и одтаму е прашање.
Еве од мене инфо од сигурна рака, дека ќе биди се како што беше до сега, само што еден проект ќе се префрли Србија, а од Србија ќе донесат друг проект. Доколку си вработена таму, спиј си мирно, се ќе биди како што е. Поздрав и секое добро
Nekoj so iskustvo vo Dominos kako delivery da ne ima da spodeli nesto? Vidov na FB objavile oglas, plakjanje po naracka, plata od 30.000 do 50.000???
Дали можеби имате инфо колку се движи платата за медицинска сестра во Жан Митрев клиника? И општо, како е со работа таму?
Јас имав аплицирано во А1 минатата година за работа во продажните салони, жена ми врти закажуваме интервју. На денот на интервјуто ми искочи ептен важна работа и заборавив да им откажам. Жената ми врти да ми каже дека ме чекаат, и се извинив и ја прашав дали може подоцна во денот да дојдам. Дрско изреагира и ми исклучи. Заклучно со тоа што сум читала тука и на други форуми какви искуства други имале со нив, никад веќе не би аплицирала.
Не професионално од твоја страна. Секако може да излезе некоја работа за интервју, но пожелно е да се јавиш и кажеш дека не можеш да дојдеш тогаш. Да им дадеш до значење дека си заинтересирана за работата, а воедно и да не им го губиш времето и ним, зошто обично цел распоред прават денови однапред за сите да се слободни за интервју, HR, Team Lider, Menager кои ќе се одговорни за позицијата каде што аплицираш и прават директна евалуација. Овака, буквално си ја затворила таа врата за тебе во таа фирма.
Целосно сум свесна дека е моја вина и на жената и објаснив. Мене ме зачуди односот зошто прв пат ми беше така да ми се случи.
Не се чуди, тоа е едноставно акција-реакција. Не си се јавила, впечатокот бил дека ти било небитно да известиш, макар и по смс. Како можеш да заборавиш дека имаш интервју. Башка што никому реално не му е битно дали првпат ти се случува нешто такво, нема начин тоа да се провери, а и на нив им е небитно пошто секако тоа време е изгубено. Здравје.
Реално,си можела во календарот на телефонот да внесеш запис дека имаш интервју во толку и толку часот. Немаше да заборавиш. Да си ги известела дека нешто те спречува да се појавиш во договореното време,можеби ќе ти дале уште една шанса. Имав прочитано на странски вебсајт коментари од работодавци што им е одбивно кај кандидатите за работа. Едно од тие беше недоаѓање на интервју и неизвестување зошто не може да дојде. Им оставало впечаток дека таквиот кандидат е неодговорна личност. А,некои вработени во А1 се жалат,ама за што... Некои се однесуваат непрофесионално.Дрски се кон корисниците и/или не знаат да дадат точна информација за кориснички пакет. Секоја чест на оние кои правилно си ја вршат работата.
Од кај знае таа дека прв пат ти се случило? И да е прв пат, е крајно неодговорно да не известиш дека не доаѓаш. На фризер е некултурно да не дојдеш на термин без да го откажеш, а камоли на интервју. Некој се моли да го викнат, некој заборава…после фирмата не чинела.
Ама ја нападнавте девојката/жената. Можеби требала да се јави да извести, ама и фирмите треба да се јават за да го кажат резултатот од интервјуто, т.е. дали си одбрана или не. Значи и ние губиме време, ќе ги испочитуваме да одиме на интервју, а тие ќе речат дека ќе те известат и потоа никаде ги нема.