Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    иааа. Epic fail. :tmi: Јас се извинувам за грешната информација
     
  2. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Еј луѓе чепкав по огласиве и видов дека во УНА МАЏИЈА (Кисела Вода кај економското) бараат девојче за работа.Огласот е пуштен на 26.11 ,ако има некој нека си ја проба среќата.

    http://www.vipmarket5.com/products/SE-B ... pid/746014

    :) :)



    Студио Сандра во Аеродром има потреба од фризерки, плата 12.000 денари, пријавени 072/ 260 132


    На огласи24 ,од поновите огласи е ..


    Реномирана слаткарница од Скопје има потреба од работнички со талент за цртање и декорирање на торти 078/ 30 25 23
     
  3. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Ииии ако има некоја работа за во кујна за жена со доста искуство 47/8 години ,пишете ми во ЛП .!!!!!!
     
  4. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ај ве молам помогнете ми.Утре сум повикана на интервју,мегутоа се се одвиваше преку телефон,и денес ми се јавија дека утре мозам да појдам.До сега не ни побараа ни ЦВ ни ништо,а не спомнаа да понесеме со нас.Кога го видов огласот јас се јавив,и само на тоа остана.Станува збор за некоја нова Словенечка издавачка кука,ке ни кажеле поточно утре за што станува збор.
    Е Сега да ве прашам,да си појдам без цв,нели?Прво сакам да знам за кое раб.место станува збор па потоа јас би давала такви ствари.Мислење?
     
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ти за секој счучај носи си ЦВ,но може и да не ти побараат ако веќе ти кажале преку тел. за што станува збор.Утре може само подетално да ви објаснат и доколку ти одговараат условите да прифатиш и да почне вашата соработка.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. malaaa94

    malaaa94 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Има ли некоја работа за студентка за преку викенди или од понеделник до петок после 18 часот?
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ова како кажуваш ми личи на Младинска книга, од Словенија, имаат и во Скопје. Ако е тоа што мислам, станува збор за продажба на нивни книги, пред се енцилопедии. Работата е да одиш по фирми, институции и слично и да ги презентираш енциклопедиите со надеж дека некој ќе купи нешто. Енциклопедиите им се супер, но се многу скапи, мислам дека им се накај 4000 ден. Поволност е што се продаваат на рати, мислам на 6 (не сум сигурна), па ти треба да ги убедиш луѓето дека добиваат книга не само за нив, туку и за нивните деца и внуци за само 600 ден месечно ( на пр). И потоа земаш процент од продаденото. Ова го знам зашто имам купено од нив :) . порано работа на тој што продава беше да те потсети дека треба да платиш рата, да дојде да земе пари (мислам сега се оди на сметка), ама мачно е зашто има секакви луѓе, ќе земат книга па ги бркаш да платат и сл. Има луѓе кои долго го работат тоа, ама ако не си трговец во душа, тешко. Јас мислам дека не би убедила ни гладен леб да купи :$ , таква сум, карактер. И ако е тоа, не верувам дека ќе ти треба CV. A навистина мислам дека е тоа, друга издавачка куќа од Словенија кај нас нема.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Ако кога си се јавила на телефон ти побарале само основни податоци( име, години и број на телефон) а другото ќе ти го објаснат на интервју, тогаш ЦВ не им е ни потребно.Интервјуто гарант ќе ви биде групно, собрани повеќе кандидати каде ќе ве прашаат секој посебно што има завршено и работно искуство и ќе ви ја презентираат работата.
    Сум била еднаш-двапати на такво интервју и повеќе никогаш.Се чудам кои им се критериумите или навистина се очајни па само да собираат било кој да подработи колку може.Иначе за ваквите огласи најчесто станува збор за директна продажба и реклама на терен на одредени производи, во дадениов случај штом е издавачка куќа станува збор за книги.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Е добро бре феминки кога сте на зорт за интервју сите барате помош како ова како она, а една да кажеше како помина на интервјуто.Ни таа што беше повикана во Студио5, ни таа за во Кемет ни lola-86 ни другите ај да не листам наназад.Па добро толку ли е проблем да кажете какво беше интервјуто небитно дали сте биле одбиени или ве примиле.
    Ај размислете малце |(
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Што да размислиме :^) листам да видам дали мене си ме прашала :D ако те интересира пиши ЛП ке одговорам , не сум видела дека те интересира инаку не е проблем , луѓето беа многу фини и ок интервјуто беше опуштено , но платата беше 100 евра :D веднаш сакав да си станам ама ај од култура викам може па и има можност за напредок но фактички теренска работа да бркаш клиенти што не одговара на моето образование јас искрено мислев дека се работи за маркетинг , работа во dreamweaver и слично ама всушност да бркаш клиенти за нив , а и плус 100 евра бе :D Еве за во иднина ако кажам за некое интервју нека ми пише некој ЛП сигурно дека ќе одговорам , не ги пратам сите теми нонстоп де
     
  11. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    60
    Napominuvanje....да ти кажам искрено јас сум повеке изреволтирана од тебе затоа што ниеден паметен е се најде да каже збор два од слушнато, видено,чуено за Кемет... а штом не сме дале одговор значи не поминало све ко што треба!
    На интервјуто те испрашуваат нивни луѓе од корпорацијата и то е то...
    само се разочарав зашто огласот беше пуштен ноември а од блиски сигурни извори дознав дека Х личноста веќе одела на работа за истата позиција ISS....да не ја именуваме овде ...
     
  12. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Тоа што никој не напишал ништо може да значи дека никој ништо незнаел, но еве ти си имала прилика да отидеш на интервју и мислам дека без оглед што не те примиле можеше да споделиш овде какво било интервјуто.Дали на англиски или на македонски?Какви прашања поставуваа или имаше ли некакво тестирање?

    Претходно имаше и други што ден пред интервју прашуваа што?како? а пота или не се јавија да споделат информација или дадоа штура информација као не ме примија.Дајте кажете какво беше интервјуто, што ве прашаа и што одговоривте вие.

    За да се добие информација треба да има и размена на информации а не само во еден правец. :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Прашав :D
    Мислев дека после интервјуто сама ќе посакаш да споделиш овде.За во ЛП не пишувам зошто сметам штом овде сите не праша (а не посебно во ЛП) фер би било да не известиш.

    ОК да не замарам тогаш многу кој како мисли дека треба да го користи форумов така нека прави.

    :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не ме примија , едноставно работата беше потценувачка , не ме прашаа конкретно ништо ми објаснија кои се работните задачи ( значи може било кој) и ме прашаа дали сум заинтересирана , реков дека ќе размислам :D и не ви кријам информации тука , кој ме прашал преку ЛП сум одговорила тамн работа :D па никој и не ми одговори , помислив никој не го интересира што има да замарам , ајде поздрав
     
  15. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Девојчиња иако не сум многу активна на форумов чат пат ве следам па ми треба помош дали има некој искуство во базаро и како се третирани вработените таму.....фала ви однапред :*
     
  16. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    За Базаро ли ....Не никако,слаба плата + газдата на Базаро е :x Јас не би ти препорачала.
     
  17. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    а нешто за работа за струга? или па несто од дома да се работи? ај помош ве молам :worried:
     
  18. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Контактирај ме за работа од дома, се работи за продазба на производи. Пиши ми во ЛП Поздрав
     
  19. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    не знам што е работава ама пораката никако да се прати, стои во пораки кои се испраќаат ама ништо, ај ако може ти прати ми и објасни ми за што се работи, Поздрав ;)
     
  20. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Пораката е пратена и јас ти пратив одговор :)
     
    На Optimistic му/ѝ се допаѓа ова.