Здраво Дали некој има искуство со еуро линк осигурување? Консултант за продажба? Какви се условите за работа?
Kako si zadovolna vo pekabesko ?? Dali dozna nesto za vivaks kako e so plata i do kolku mozi da se steknish mesecno?? Dali dozna nesto vo vrska so plata kolku e i do kolku se dostignuva?? Kolku mozi mesecno da se dostigni za vo proizvostvo?? Kolku mozi da se dostigni mesecno plata vo pekabesko vo proizvostvo??
Некој да го има купено денешниот весник на Нова Македонија или Слободен печат да ми ги слика огласите во мојот град не можев да најдам весник ги потрошиле уште рано наутро
Немој подобро, другарка работи мерчендајзер таму, а комерцијалистот во Куманово само што им даде отказ. Причина: количините кои им поминува рокот, а не успеат да ги продадат, да направат акција пример (1+1, не им е дозволено, се снаоѓаат), треба они да ги платат и земат. За претходниов месец другаркава плати 2 и нешто илјади за кафе. Инаку имаат службено возило, службен телефон, плата на 15ти секогаш и е точна, со договор на 3 месеци. Види оди на интервју, распрашај се повеќе. Среќно.
На интервју обично тече мед и млеко или некој додека те измами да отидеш во негова фирма и после на површина излегуваат лошите работи. Не дека сега моментално е лошо, но највеќе за парите е. На овие покачувања треба сите плати да се покачат за 20% Таму значи предност е само службено возило. Тие немаат некој познат светски бренд, сепак Нескафе повеќе се троши од Франк и е на многу подобра позиција низ маркетите. Земаат покасно плата во месецот, а да не знаеш колкава е, дали целата оди преку сметка, прашај ја многу ме интересира ова. Колку имаат одмор, работни денови во недела.
Од интервју се врати препозитивна другаркава, и првите месеци стварно беше задоволна. Работаат 5 дена, 8 часот сабајле си трга од дома, 15:30 веќе си оди дома. Осигурана беше веднаш, плата 18 000, цела во банка. Имаше дури и некој плус, ќе стигнеше до 21-22 илјади. Летово немаше одмор бидејќи тогаш почна, и рекоа 12 дена лето и 12 дена зиме, како сака да си ги подели или одеднаш да ги земе, ќе видиме и за тоа. Требаше да биде реон Тетово и Гостивар, испадна и Куманово да го работи. Неколку пати ја праќаа и на замена Гевгелија, Штип Гориво си има картица, а патарини плаќа сама па на крај на неделата носи фискални да и ги вратат парите (неколку пати ја мотаа со недели за ова). И сега почнаа со продуктиве кои нема да се продадат да ги исплатат они. Другаркава е сега бремена, рече дека после породилното нема да се враќа на работа кај нив баш поради тоа. Инаку комерцијалистите се со 21 илјада фиксна плата во банка. Ми истече времето за едит, морам вака, договорот и е на 3 месеци моментално. Првиот месец пракса, еден месец со договор и после на 3 месеци договор.
Фала за инфото. 12 дена одмор и се рачуна без празник и сабота? Одмор иако нема 6 месеци ја следува 2 дена од месец. Не може да земе две недели ако некој не ја менува, хаос ќе биде теренот. Позитивно е само тоа што има службено возило, но таа е и на терен. Ако е во еден град тешко возило. Платата е мала ако се знае дека после нова година минималната ќе биде толку. Фискални кај мене се исплаќаат сите собрани од цел месец на иста сметка со платата. И 40 ден да е ќе исплатат. Дозволено е лепење 1+1 и одобрување со поминат рок. Не е таа виновна што не се продаваат. Нешто што никој не го купува ако сакаш и пред маркет го стави не бива.
Одморот да, 12 без празник и сабота. Нив ете лепењето 1+1 не им е дозволено, а па некои маркети велеше не дозволуваат 2+1, па иди снајди се ако можеш. Не и одговара да плаќа пенали, колешка 4000 и се фатило да плаќа, и таа плата што ти ја даваат испаѓа да ти ја земат. Види ако си во таа бранша, влези во Пивара Скопје, имаат доста добра плата и услови. Мене ме одбија таму, последни бевме со еден дечко на интервјуата (јас правен и безбедност, ми кажаа многу различна бранша сум, дечкото го примија со економски и маркетинг).
Јас сум Алма М. Плата на 1ви, одмор 20 дена без викенд и празник. К15, дозволено е 1+1 и поминат рок доколку претходно е лепено и не е продадено, но мора да се пријавува претходно дека имаш големи количини во некој маркет. Некогаш се снаоѓаш менуваш каде што се продава, ама секогаш не се продава се. Проблем е што немам возило дека сум во еден град, сама си плаќам гориво и некако како малку да плаќаат за тоа што ние им го продаваме. Демек топ 5 се, а плата иста како било која фирма што има никакви производи на пазарот. Добри производи имаме, скоро 80% се продава. Јогобела, Монте, М&M, Орбит, Ервејс, Сникерс, Марс, Педигри и Вискас храна за миленици итн. Мислев дека некаде ќе добијам и ова плус, ама ништо. Едно ќе ти дадат друго ќе скратат. Атлантик и Нелт мислам дека имаат добра плата. Некоја да потврди? Јас не сум во таа бранша па влегов. Ако си снаодлив не гледам проблем да не научиш за кратко време секако имаш обука.
Јас би учела да ми дадоа шанса од Пивара Скопје, сакам да учам нови работи и брзо учам Нелт на комерцијалисти и мерчендајзери не им знам плата и услови, ама знам неколку луѓе заминаа таму од Пивара, би требало да е ок. Крај краева, пробај неколку месеци, ако бива арно, ако не, пак арно, ќе си најдеш нешто што одговара. Пивара комерцијалистите имаат фиксна над 30к, познаник работеше, плус бонуси имаат
Аплицирав уште прв пат кога објавија оглас. Кога ми се јавија за интервју појдов, се изначекав за на крај "интервјуто" да трае рекордни 3 минути и да биде одржано во ходник кој уште не беше целосно досреден. Аплицирав за позиција доктор, а двајцата кои го водеа "интервјуто", иако го држеа моето CV во раце, не беа сигурни дали сум дојдена за позиција хигиеничар, сестра или доктор, бруки. Апсолутно ништо не ме прашаа мене, а ни тие сами не ми кажаа ништо освен тоа дека се работи по 12ч. смени и дека веќе имале еден готов тим па сега барале луѓе за втор тим, и ме испратија со зборови дека ќе ми јават за нивната конечна одлука, дали ќе ме примат или не - што никогаш не се случи, еве и после цела година уште "чекам" да се јават со одлука. Така што, не знам за која позиција те интересира тебе, но од мое општо искуство - несериозна катастрофа, најверојатно затоа и нон стоп имаат отворени огласи.