Тие не знаеле да препознаат дека имаат кандидат кој може да научи. Некои имаат политика да земаат неискусни, сакаат тие да ги научат и веднаш да не земат место на комерцијалист. Некои со таква цел аплицираат, не можат директно комерцијалист па ај преку мерчендајзер. Не нема шанси за истата плата пак назад. Мислев дека некаде има нешто плус, ама тоа е. Ретко има огласи кај нас, така да да си седам мирна. Поголеми шанси имам комерцијалист да чекам да ме унапредат, отколку чекор назад во Еуротабак или слични за помалку пари и кратења како што викаш. Па и помал број на денови за одмор. Ова на интервју сигурно нема да го кажат, отпосле еден куп негативни работи ќе излезат.
Конкретно за административен асистент. Во огласот пишува 20к плата три пати неделно се работи од 7 до 20 часот, зар немаат 3та за наплата? Малце чудно ми дојде па затоа прашувам.
Заборавив да напоменам од 8-5 америчко време, наше е од 3-12. Ама има простор за договир околу времето 1h +\-. Во ск повеќето сме од 1-10 и 2-11. Тренингот е задолжителен. Компанијата покрива сите трошоци, и секако си платен за тоа.
Здраво, дали некој има искиство со Rapidlab? Нова лабораторија се во Ск, ме интересира конкретно за администратор. Пратив cv ама сеуште немам одговор..
Да пишам апдејт за Никоб Медикал за административен асистент. Ништо не е сменето од порано што пиша членката погоре значи ти закажуваат во 12 интервју, а влегуваш 3 саати покасно плус 12 саати се работи и не е само за во К. Вода туку низ цела држава те менуваат. Еднаш во Велес, на граница итн. Не вреди за ниедна пара таква работа.
Nekoj iskustvo kako opst rabotnik vo mlekara zdravje? Dali ima nekoi sansi za napreduvanje, so ogled deka sum biotehnicar?
Зошто се работи за модуларни болници се иде и 3та смена. Чесно се вработува ама ако негде те завее снег и да не можеш дома да се вратиш ќе ти се фати и повеќе од 12 саати работа.
Искуство со Frontwise Group? Читав некои мислења дека се спори со процесот на селекција меѓутоа ништо по конткретно. Дали има некој апредејт околу плати, работно време или било каква информација?!
Мислам дека се 18.000-20.000 и работат две смени, преку една сабота, а празник и недела слободни. Ако е за во некој мол работат и недела и празник.
Контакт центри има мал милион, секој со своја приказна. Конкретизирај го прашањето за да добиеш конкретна помош.