имаше коментари за таскфорсе, оди на срч, ќе најдеш. не знам точно дали беше за оваа позиција или општо за фирмата, но ќе ти излезат сите коментари па читни си
Ти спомна и @Abel, доста се има пишувано за Taskforce на темава, и јас имам пишано, аплицирав пролетта, па после месец-два пак, ми се чини за оваа позиција. Првиот пат ми се јавија за брзо, ми направија интервју, ми рекоа ќе ме побараат да ми кажат одговор, и не се јавија. После поминаа неколку недели и ми се јавија, ми рекоа имаш аплицирано, да се договориме интервју да ти правиме (само не се сеќавам дали ова беше пред или после второво аплицирање ) и јас им реков дека веќе ми имаат направено интервју, девојката се збуни, ми вика леле извини сигурно дошло до некоја грешка во систем, демек да зборам со менаџерката и ќе ти се јавиме за кратко да ти кажеме финална одлука. После ми се јавија уште два пати, во рок од 1-3 недели и пак сличен муабет ми направија, ме напнаа малце и на крај дознав дека вработиле бивша колешка на другарка ми. Ми понудија плата 18 000, во три смени мислам се работеше, прва од 7 до 3, втора од 3 до 11 мислам и трета од 11 до 7 сабајле, шо е премалце за такви смени. Девојчево што го спомнав уште работи кај нив и наводно задоволна била од работната атмосфера, колегијалност, работата била лесна и едноставна, и после некое време и ја покачиле платата (не знам колку) ама и она умираше со смените, и се поремети биоритамот. За такви смени, според мене платата треба да е барем 25 000, ете за почетници, студенти или штотуку излезени од факултет. Плус, работново време додатно е незгодно за превоз, особено вторава смена, и ако живееш подалеку од центар ќе треба да плаќаш цело време такси, и од тие 18к ништо нема да ти остане.. Пример мене такси од центар до дома ми зема 300, понекогаш 300+ денари, што на месечно ниво тоа е премногу. Ако не ти смета платата и смените, пробај си ја среќата, аплицирај.
Знам дека платата беше нешто 22.000 но не знам точно за која позиција беше, да не листам по стари мислења, не ми е свежо сеќавањето. Точно е дека се три смени и точно е дека тоа е најнапорниот дел. За интервјуата се падни-стани, мене брзо ми се јавија, тогаш беа некаде на Водно, сега се тука околу Влада ако не се лажам, така што да, ако немаш кола или ако не користиш честа Јсп линија, многу е тешко.
Плата за прв месец како Logistics Associate кај нив е минималец, после тоа значително се зголемува може и над 30.000 да се искачи. Ретко кои останува кај нив после една година баш поради смените.
Пак мислам дека ниту 30, па ни 40, 50 илјади се пари вредни за таква катаклизма од биоритамот да направиш. Ноќниот труд е многу невреднуван и може да има висока цена. Освен ако не си млад и добиеш прилика да стекнеш искуство, или си ептен кнап со пари. А американски фирми кои даваат 300 евра плата едноставно не се вредни да се коментираат.
Абе ти дур ја дочекаш таа плата од 30 000 што искрено не е ништо спешл, здравјето ќе си го упропастиш. Јас работев во кол центар со прва, втора и трета смена и тоа третата смена беше до 4 и од дома се работеше и скроз ми се поремети спиењето, почнав да легнувам во 7 сабајле, а наредната недела требаше да станам во 11 за втора смена. И таман ќе се привикнев да станувам, пак дошла трета смена. А земав поголема плата од 18 000 ама пак не вредеше. Е сега, другарка работи во кол центар и зема околу 50 000, и платата ти се покачува ако останеш прекувремено, празници кога работиш мислам, од ноќни смени исто. Додуше кај нив ноќните смени се ретки, 2 до 3 пати во месецот и се трпи, ама другите смени им се многу безвезе, прва смена од 6:30 сабајле, меѓусмени, втора смена до 11. Треба да прашуваш дали може да одиш во вц, и ако никој не ти врати или ти рече не може сега, не можеш да отидеш. Ако земеш слободен ден, може да те тераат после да го одработуваш и мораш белешка од доктор да донесеш, работа има преку глава, немаш време да се свртиш, коа ќе им текне отпуштаат агенти или сами си идат. Сакам да кажам, џабе ти е и 1000 евра плата ако умираш на работа, ама и ова во Taskforce не е баш најидеално, земајќи ја во предвид платата и смените.
Се согласувам со тебе, ниту еден денар не вреди за да си го сјебаш биоритамот. Имам другарки што работат кај нив, едвај издржуваат со тие смени, едната планира да даде отказ од што и е смачено. Убави се парите, но многу им бегаат. По 5ти пат го објавуваат истиот оглас за позицијата за која праша членката погоре и тоа во истата година.
Во контакт центрите работата е таква, особено ако е кориснички центар со дојдовни повици. Држиш линија и таа не смее да биде непокриена. Телефон на биро/во канцеларија е често забранет. Веце, вода, кафе само за време на пауза, а за паузите секој ден пред почеток на смена си добиваш распоред и се знае точно кој член од тимот кога оди на пауза. Сѐ се снима, сѐ е на штоперица. Најмалку 15 минути пред смена мораш да бидеш на работа, ама не за да пиеш кафе со колеги, туку за да можеш да се логираш во сите системи и точно на време да отвориш/преземеш линија. Па на тоа додади смени, празници, викенди. Па додади секакви пациенти кои се јавуваат (зависи од индустријата). Не сум чула и не сум видела контакт центар во кој работата е лабава. Тешко да постои таков. Настрана парите, многу е робовладетелска самата работа.
Здраво, Сакам да прашам дали некој има искуство со работа во Еуролинк осигурување , кои се условите за работа и слично
Сакав да те цитирам уште пред некој ден, ама уште се опоравував од Нова Година. Значи, сфаќам јас дека тоа е работа и не може тебе да ти текне еј сега ми се јаде и јас ќе си излезам на 20 минути кога сакам и ќе си се вратам. Ама да ти речат не може да одиш во вц или да си наполниш вода?? Што е тоа, робовладетелство? Физиолошка потреба е, може ти поминала паузата, не ти се одело во вц тогаш и ти се приодело 2 часа после паузата, и сега што правиме? Еве, тоа на другарка ми и се случи, и поминала паузата, и после некое време и се приодело итно по голема нужда (простете на израз сега ), пишала пред сто души, може ли да одам, одговор нема, вика за некоја минута пак прашувам и викам итно е, и се испонашале, демек не може, ти си искористи пред толку и толку време пауза. Другарка ми вика, седам на стол, се стискам, се препотувам, црвена станав.. И за што жити се? Ќе пропуштела повик баш у тие минута-две, мислиш органи продаваат, за живот или смрт се работи, и не може за 2 минути да му се прејави пак. Ете, јас си имам проблем и често мокрам, сум гледала на работа да потрпам колку што можам, ама ми се случило да сум сама на смена и да пропуштам повик, и после пак ќе му се прејавам на човекот, или ако не крене за некој саат пак ќе ме побара и се било океј. Јас забрани за вц или 30 секунди вода да си наполнам, нема шанси да трпам, не сум јас роб, сигурно нема после со попуштена бешика да се расправам од шо не ми дале една минута време, тоа не се ни прашува уствари. Иначе, гледам дека сега станува популарно Data Entry, и луѓе го фалат вака, дека работата е едноставна и немаш директен контакт со луѓе како во кол центар, само што е поприлично досадна и монотона после некое време. Али убаво е платена и за одредено време е ок, гледам сега искачаат доста огласи и за тоа. И да не ме сфатиш погрешно, не те напаѓам тебе со ова, чисто мое мислење си кажувам
Се сложувам апсолутно со тебе, јас раскажав делумно од сопственото искуство како агент, дел од искуството како ејч ар. И за жал, гледам дека таквото однесување станува пракса, а не исклучок. Од една страна се тера некојси амерички филм, тим билдинзи, маси за билијард и пинг понг, бесплатен појадок, еден час пауза за ручек, а од друга страна не се почитуваат елементарните човечки потреби - одење во веце без грижа на совест. Тоа е суровиот капитализам. Почнува уште во фабриките, до каде ќе стигне ќе видиме.
Nekoj iskustvo vo Alma M za mrchendajzerka? Nesto mi vadat na sekoe oglasi, kako se uslovite tamu? Posledno izvadoa esenta, Sega pak oglas. Ispagja kako za eden ili dva meseci da mu begaat lugeto. Se raboti za istiot grad bitola. Ako nekoja ima info neka mi pisi tuka ili vo lp
Малце офф топик. Зависи од компанијата за која работиш, во прометни повикувачки односно контакт центри каде има само дојдовни повици ова не смее да се случува и воопшто не ни постои систем за појдовни повици, кој би ти овозможил ти некому да му се јавиш, особено ако е компанија од ЕУ, затоа што е спротивно на законот за заштита на лични податоци. Во прометен контакт центар спушташ, стига нов повик, спушташ, стига друг повик и така цел ден. Има фирми кои кратат од плата, од бонуси за пропуштени повици. Затоа велам, ептен е робовладетелска работата.
Може во порака да ми пишеш некој што нуди работа за data entry? Искрено периодов ми е таков што boring is good. Гледам повеќе се разбирате околу call центри, слушав ама не дослушав, имало некој во flatiron за регрутирање камионџии? Знаете нешто околу тоа?
TASKFORCE bullsh*t Ете се распрашав за Call Centarot. Психичко малтретирање од страна на Тим Лидерите. Викања и урлања уште од првиот месец, како една моја познаничка била неспособна, не знаела јазик, било засрамота. Морало брзина, морало да му се помогне на пациенти, морало оти некој можел да умре ради неспособнпста на агентот. Вц одење можи, ама мн ретко, морало да се одговара на повици, и да ти се ѕверат клиентите, ќе ќутиш, системски неорганизирани, секогаш македонците се виновни, а американците топ. Плата 24 000. Најпрво, имаш 18 000, за 3 месеци, а наредните 6 - 24 000. За после не знам. Другаркава си идеше расплачена од притисок. Како што кажа, 15 мин порано за да се приклучиш на некои системи. Над 100 души има, 2 вциња и се чекаат за вц. Вели, не можам раат да појдам WC. Чекаат ли чекаат во малиот хол од вц, ред се редел. Нова Година на работа, Бадник на работа, Божиќ на работа. Празнично е мислам 1 800. Ама џабе. Знам дека сега оди само втора снема, има одено 2 недели трета, што значи од 19 и 30 до 3 и 30. Дсли вреди? Не. Се попишманив. Мир или пари? Мир.
Немаат сите можност да бираат за жал. Секоја работа си носи свои предизвици. Тоа што некој нешто не знае, не значи дека не може да научи. И да, во повикувачки центар секогаш на клиентот мора да му се извиниш кога искрснува проблем, сосема е небитно кој е крив. Таква е природата на работата, клиентот е секогаш во право. Тоа се оценува кога се преслушуваат повици и кога се мери нивниот квалитет, во сите кол центри, во сите фирми.