Ти пишав порака и овде ќе пишам. Таа плата за мерчендајзер ја даваат повеќе фирми како некој просек им е и затоа напуштаат, мислат дека на друго место ќе е подобро. За условите еве.
Здраво женски до кај 30 години. Има опција за работа онлајн водење на лотарија (како маријана или м Натали буквално) за странски пазар (не ве гледаат во мк). Плата 500е плус превоз и готвен оброк. Пишете ми за повеќе инфо
Дали некој има искуство со Галафарм? Пред неколку дена аплицирав на оглас за графички дизајнер. Ме повикаа на интервју меѓутоа местото ми е богу иза леџа.
Здраво, Ме интересираат искуства за приватното училиште Максимилијан. Прочитав дека се неколку пати спомнати во негативна смисла, меѓутоа објавите беа стари. Гледам дека повторно имаат оглас сега, па доколку некој би сакал да сподели искуство, би била многу благодарна. Фала ви ♥
Енглези се Маченце, најчесто се работи во смени или англиско работно време, еден час после нас, има проекти и со викенди, празници, делници. Аутсорсинг се, зависи од проектот. Во огласите најчесто се наведени условите.
Мене не ми смета тоа некогаш во празник или викенд да работам. Само за плаќањето како е, дали се стабилна компанија. Инаку време си кажаа од 10 до 6. I pisi mi lp so pojke info, jas ne mozam
Немам повеќе инфо, толку знам. Плаќање во која смисла? И стабилност во која смисла? Си потпишуваш договор и се почитува, не сум чула некој да се жали. Те викнаа на интервју, помина тестирања? Ќе си прашаш за условите.
http://microcom.us.careers.tilda.ws/sales-respresentative Nekoj ako ima iskustvo vo prodazba neka ja proveri moznosta
Дали некој е вработен или има информации за „Магна“ странска компнија во областа на автомобилската индустрија сместена во ТИРЗ Струга ? Пред се ме интересира околу вработувањето дали треба врски или има можност за вработување со поднесување на CV само ?
Дали има некој искуство со Бриколаж. Огласов ми е некако чуден, како да бараат маркетинг асистент и графички дизајнер во едно. Прашувам бидејќи пред 2 месеци на 2 пати го видов огласот. БРИКОЛАЖ има потреба од следната работна позиција: МАРКЕТИНГ И ДИЗАЈН Потребни квалификации: Високо образование; Економски факултет насока – Маркетинг, Бизнис; Претходно работно искуство ќе се смета за предност; Работно користење на компјутер - MS office; Познавање и работно искуство со Е–Маркетинг, програми за графички дизајн (photoshop, illustrator, indesign); Солидно познавање на англиски јазик. Потребни способности и вештини: Способност за менаџирање со повеќе проекти во исто време како и за работа под притисок; Флексибилен и аналитички настроен способен за работа во тим и/или самостојно; Креативен и иновативен мислител; Одлични комуникациски и интерперсонални вештини; Одговорност, посветеност и организиранос Стабилна и лојална личност; Мотивирана, стабилна, лојална личност со професионално и позитивно однесување на работното место. Должности и одговорности: Планирање, организирање, координација и имплементирање на стратегии за маркетинг промоција; Сугестии за подобрувања и други маркетинг активности по потреба; Истражување на пазар и следење на конкуренција; Приготвување на постери, каталози, брошури и сл.; Ажурирање на корпоративните социјални медиуми со нови содржини и информации; Изработка на редовни и периодични извештаи за маркетинг резултати.
Дали има некој искуство во Support and Solutions Center MK ? Ме интересира како се со плати и услови. Имаат оглас за позиција Customer Service Representative. Ако има некој повеќе детали нека пише. Фала ви
Немам искуство ама цело време објавуваат огласи за таква и слични позиции. Дали не можат д најдат или им бегаат не знам..
@Abel ме интересира едно прашање, настрана од сето ова. Како одат обично условите за content writing позиција, гледам еден другар се жали ептен, минатиов месец цела табела му била празна, а стварно работеше дури и повеќе од 8 часа на ден... дали знаеш какви се условите, оти секогаш го ислушувам само се жали, а никогаш прецизно ми нема кажано кои услови му ги задале ко потпишал договор..
Џе ме наџе мене баш. Шала на страна, не ми е воопшто блиска темата бидејќи работам во сосема друга индустрија, а инаку по струка сум јазичар, па од тој аспект ми се чудни овие ангжмани. Приредувач на содржини на мајчин јазик, разбирам. Но, на странски јазик, не знам на што личи тоа. Тежината е можеби блиска со преведувањето. Работиш на норма, како во фабрика, мораш да штанцаш текстови, хиперпродукција. А што значи цела табела празна, во смисла не ги задоволил стандардите, содржина и квантитет?
Оти често те гледам овде коментираш мислев дека имаш некое познавање во ова. Работи со договор на дело некој си месечно, ни осигуран ништо, еднаш му пуштаат плата на 2-3 месеци итн. Сеа планира да напушти и да си ги добие парите на некој начин што ги изработил. Му дадов како сугестија да се консултира со адвокат.