Повеќето огласи се тешка превара. Едно пишуваат, друго излегува. Во КОЛИД огласот пред 2 недели беше Магационер, со раб време од 08-16. Испадна дека им треба магационер ама да биде и спремач со раб.време во смени, која се менува секој ден, па и меѓу смена. 21.000,00 + превоз
Колку шо знам уште се екпираат и ќе работат за амерички пазар (диспечери за давање на тури за камиони) Се споменува почетна плата од 400 $ па нагоре
Ако влезеш без никакво искутво, како за обука прифатливо да, инаку во тој бизнис посебно за диспечери се врти голема пара, греота е 400$ плата.
Дали знаете за онлајн работа кои страници се најрелевантни за пребарување? За part-time job ми треба конкретно...
Дали некој бил на интервју во Taskforse во Битола за позиција medical coder? Што прашања поставуваат, какви услови нудат, колку се платени, колку време трае обука?
Искуство со Кам маркет? Имаат оглас за Соработник за одржување залихи, најверојатно во магацинот во Илинден..
Имав читано за нив во постовите каде да не се вработиме. Многу негативни работи. Ако веќе сакаш во маркет да работиш оди во Тинекс или Веро. Или некој сличен.