Дали има некои што е вработен во Костал во Охрид ? Аплицирав на 23 јануари на оглас „Оператор во производство“ 1 месец немав никаков одговор, потоа прашав некои вработени ми дадоа email да испратам нова апликација, после неколку дена (10 март) ми рекоа дека биле стопирани сите вработувања до 1 мај поради ситуацијата со Украина (од таму набавувале суровини за работа). Моментално поголем дел од вработените биле на 70% плата, а во април две недели ќе седеле дома, немале работа - дали се точни информациите ?
Искуство некој со Армор Плус за кординатор на производство (организација на производството и развој на модели)? Дали одговара работата за женско или е повеќе за мажи?
Zdravo , sakav da prasam pri prvo prijavuvanje vo agencijata za vrabotuvanje ,sho treba da podnesat lugeto so zavrseno samo osnovno obrazovanie?
Не е ништо сменато, додуша и полошо е. Еден месец ај што не е платена обуката, работиш како и секој администратор таму. Одговорности има милион и реално 21к плата за сето тоа малтретирање е премалку. Издржав месец, сакаа да ми продолжат плус, немам јас време, ни нерви, ни пари да одам да му работам на некој беспари, не ни планираат да те вработат, со девојчето пред мене беше истата ситуација, 4тата недела од обуката кога завршува ти носат 2 нови девојчиња за обука, со тебе почнуваат да менуваат расположение basically to force you to quit и истиот циклус е цело време Ако е болница не значи дека е нешто поразлично од сите други останати приватници штетници
@СуперДевојка да те прашам моментално ми кажаа дека биле стопирани вработувањата во Костал до 1 мај (поради тоа што немале суровини за работа кои ги добивале од Украина) дали имаш информација нешто повеќе на оваа тема (ти пишувам вака бидејќи видов дека си многу запознаена со Костал, можеби таму и работиш ?). Јас аплицирав на 23 јануари, потоа и во средина на февруари и прашав вработен таму ми рече никој од јануари до сега не е примен во Костал (позицијата е оператор во производство), а сега биле пуштени на 70% и во април две недели дома ќе седеле немало работа, па од мај ќе пуштеле наводно пак вработувања, а во меѓу време Костал пушта нови огласи на разни позиции.
Не работам таму и немам информации ама суровини недостигаат во многу индустрии така што многу веројатно дека тоа е точно што ти го рекле.
Некој шо работел, работи или бил на интервју во Таскфорце можи да ми пиши л.п, сакам да прашам нешто.
Другарка ми работи таму, ама на германски. Имаат различни проекти, така што не знам на холандски што поточно се работи. Платата е доста висока, за холандски мислам дека е 1000 евра. Смените им се лоши, од 6:30 сабајле, 7, други има до 10, 11 вечер, неколку пати месечно мислам имаат и ноќни смени до 6 или 7 сабајле. Со смените малку нема ред, пример може 2 3 дена да работиш некои од првите смени, четвртиот ден да си втора смена, па еден слободен ден, па трета некогаш може да ти се погоди. Најчесто се работи 5 дена, па еден ден слободен, па пак си утредента на работа. Ретко се случува да имаш два или повеќе денови по ред слободни. Кај другарка ми може да се одбере дали сака на фул работно време, дали на 5-6 саати или на 4. Тогаш и распоредот за работа е поубав а и платата секако не е лоша ни за така. Кол центар е, така што имаш четови, мејлови, тикети и повици. Прашај уште нешто ако те интересира, ако знам ќе ти кажам.
Бегајте луѓе, мед сестри и администрација на обука се најмалтретирани, администрација не ни имаат потреба од нови вработувања а имаат 5 души моментално на обука, никоја пред мене не доби договор, не ме планираа ни мене за договор, џабе издржав 1 месец. Денот кога завршив 4 недели обука тие донесоа 2 нови девојчиња, а кога ќе се потсетам, јас и уште 1 девојче почнавме обука кога таа пред нас заврши 4 недели. Не и дадоа договор. Секои 2 недели нови 2 девојчиња почнуваат на "обука". Само им треба бесплатна помош и поттрчко додека имаат турбо работа, ќе направат се сам да се откажиш кога ќе дојди време. А да, се сложувам за ужасното понашање кон вработени, но и кон пациенти исто!
И ова е кол центар ко шо гледам. Што им е работа, знаеш ли? И кои од кол центрите во Македонија се подобри? Гледам многу огласи, џабе аплицирам...
Ами ти пишав. Не знам за кој јазик си заинтересиран, а и за еден јазик мислам има повеќе проекти, не можам да им ги знам зошто не работам таму. Другарка ми конкретно работи со букинг. Ако знаеш германски или холандски аплицирај, платата е убава секако а и веројатно ќе можеш да бираш фул или на пола работно време. Добри кол центри нема у принцип.
Супер. Знам англиски (до кај Б2), а сега почнав германски да изучувам. Па штом доучам јазик, да знам во кој кол центар да се зезнам
Не знам како им одговара така све некој нов да иде, тие што се обучени треба да ги вработат, а не стално некој нов. Страшно.