Не се замараат пошто реално кога ќе размислам, тие на обука, примаат повици, пациенти, пренасочуваат кој кај треба да оди, систематските ги работат, картоните од систематски ги средуваат после прегледите за да се финализираат, поттрчковци се, закажуваат пациенти, некогаш и наплаќаат, додека вработените таму буквално не треба ништо да прават освен да наплатат и да предадат смена... Им се исплаќа пошто максимално те користат а знаат дека на крај нема ни договор да добиеш ни па треба да те платат. 1 месец бесплатна работна сила, секоја 2 недела по 2 нови девојчиња на "обука", тие не губат ништо, губат девојчињата што посветуваат време и пари (паркинзи, храна, бензин) за на крај да бидат извисени
Го чекам денот кога ќе видам еден нормален оглас, еден. Напишани 20 потребни знаења и вештини, најчесто ништо конкретно, туку циркузантски работи. Мотивациони, тестирања, интервјуа...небаре НАСА. Е ама забораваат да напишат шо нудат. Уствари, нудат позитивна работна атмосфера. За "позитивна средина" и ич пари, вие мене да ми напишите мотивација. Ќе ве испофалиме во мотивационото, пари не мора да давате, честа е голема. Скопје мислам дека е малку поинаку, во помалите градови тие 3 огласи се и нема човек избор .
Исто е и во Скопје. Не знам ти на какви работни места аплицираш во Битола, ама во Скопје зошто не можам да си најдам работа по струка, сум аплицирала во принцип во кол центри, customer support или sales, и тие истите неколку фирми се вртат и го бараат баш ова ти погоре што го пиша. 20 responsibilities и requirements, 5 скрининзи, 5 интервјуа, тест по англиски, математика и хемија, и на крај пред да влезеш разговор со папата ако не. Ало, кол центар е, во други поразвиени држави кол центар се смета за најбезвезна и малтретирачка работа, а кај нас го претставуваат као wow, кај ќе работиш, па уште ако те унапредат за тим лидер на групата, пумпаат ко некое достигнување да е тоа. А да, и поволности: competitive salary , модерна канцеларија во центарот на градот, имаме грицки и сокови, 20 дена одмор, позитивна работна средина.. Да продужам ли даље.
Во последно време колку се претерува со тестирање, па тестирање на тестирањето, па едно, па второ интервју, па интервју на интервјуто, 10 години работно искуство, па не знам какви обуки и знаења, сето тоа за 20000 wtf
Имаш и мотивациони пораки на ѕидовите, шо поќе сакаш? Јас сфаќам дека не сум преквалификувана и дека немам 10 години искуство на јаки позиции. Затоа и не барам многу и не пребирам, ама ова е срамота, веќе немам желба да одам на интервју, а ни да читам огласи. Омаловажувачки е да не се потрудат ни еден оглас да не го напишат како што треба, како да им требаат работници, а не робови.
Прво 3 интервјуа, па една недела обука по 7 саати, па мислиш се спремаш да работиш во некоја врвна американска фирма. Тоа уствари работиш најпроста работа во start up компанија пикната во некое станче во Аеродром. Не мислам лошо за оваквите фирми, но тек почнале место да имаат некакви скромни почетоци, тие тек сега се кренале на висока нога. Е таквите уште од самиот почеток ќе пропаднат.
Кафе бар во Тафталиџе, Плато 2.0 поради зголемен обем на работа има потреба од келнер/шанкер. За повеќе информации и телефон за контакт слободно пишете во порака.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/415647/Pomoshnik-vo-kujna-Kumanovo/ Да не знае некој општо за Специјал? Какви се како фирма? Дали се добро платени? Услови? Фала ви
Па, според тоа што сум чула, гледаат да ти дадат што повеќе обврски и работа за што помалку пари. Во однос на платата се редовни, но доколку работиш во некој мол или некој Специјал што работи постојано, тогаш нема да видиш ни државни празници, ни неработни недели, а ни дупли дневници или како оди тоа со закон ако работиш во недела.
Дали има некој искуство со оваа фирма бидејќи бев на интервју и ми кажаа дека имало доста продажби и доколку не си ги остварел пак си добивал фиксна плата дали е така ...??? https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/415497/Prodazhni-asistenti/
И мене ме интересира? За што е поточно компанијава, гледам често имаат огласи. Како стојат со плати и работно време?
Има стари мислења за нив, мене ме контактираа преко меил(ниту ми звонеа ни ништо) по прочитаните мислења за нив, секако не отидов на интервју
Здраво, дали нркој има искуство за фирмата Premium Exclusiv или дали нркој воопшто слушнал за неа? Се работи за кол центар, па ме интересира дали се коректни и што поточно се продава.
Здраво дали некој е вработен во Сетек ? Сакам да прашам за условите - смени, слободни денови и најважно со плата како е ? Почетна плата, бонуси и слично ?
Здраво дали бил некој на интервју во салон за мебел Алмак, да сподели искуство, и дали некој знае какви им сд условите, плати и сл. за касиери и продавачи?