ТТК БАНКА АД Скопје објавува: ОГЛАС за вработување на следните работни места 1. Раководител на Експозитура Кичево (1 извршител) 2. Соработник во Оддел за лоши пласмани и преземени средства (1 извршител) 3. Одговорно лице за канцелариско и архивско работење (1 извршител) Раководител на Експозитура Кичево Потребни квалификации: BCC од областа на економските науки Најмалку 2 години потребно работно искуство во банка или финансиска институција Познавање ма работа со MS Office пакетот Познавање на албански јазик ќе се смета за предност Одговорен за продажба на производите на банката и постигнување на поставените цели Одговорен за квалитетот на услугите и контактите со клиентите Организирање на работната на експозитурата, остварување на планираните задачи, цели и резултати на екепозитурата Познавање на пазарот, производите и регулативата од областа на населението Солидно познавање на праксите и процесите од банкарството со население Одржува високо ниво на работни стандарди Одлични комуникациски и организациски способности Соработник во Оддел за лоши пласмани и преземени средства Дипломиран Градежни инженер или Архитект Потребно Уверение за положен стручен испит за проценител Потребно работно искуство од минимум 3 години, пожелно во финансиска институција во делот на проблематични пласмани, управување, проценка и продажба на имот Одлично познавање на работа со MS Office пакетот и англиски јазик Проценка на вредноста на движен и недвижен имот кој служи како обезбедување на побарувања на Банката Анализа на условите и проценка на вредноста на движен и недвижен имот при преземање заради наплата на побарување Следење на услови на потенцијален пазар и активности за продажба на преземените средства Изготвување на извештаи за преземени активности до органите на управување Учество во изготвување на анализа на лошите пласмани од кредитното портфолио на Банката и наплатата на побарувањата на Банката од физички и правни лица Поседување аналитички, продажни и комуникациски вештини Совесност, посветеност и способност за тимска работа Одговорно лице за канцелариско и архивско работење Високо стручно образование Потребно работно искуство во најмалку 3 (три) години од областа на архивско работење Познавање на работа со MS Office пакетот Познавање на англиски јазик прегледување, распоредување, заведување, доставување и испраќање на предмети доставени до Архивата на Банката одбирање на архивската граѓа од документарниот материјал и евидентирање на истата попишување и уништување на предложениот документарен материјал, заштита и користење на документарниот материјал сместување, чување, заштита и обезбедување на документарниот материјал и архивската граѓа во соодветен простор предзвање на архивската граѓа на Архивот на Македонија, Чесен, доверлив и одговорен Поседува високи етички и морални вредности Одлични комуникациски способности Да работи продуктивно во стресни ситуации Заинтересираните кандидати е потребно да ја испратат својата биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 22.02.2013 година, со назнака ТТК БАНКА и називот на работното место за кое аплицираат на следната адреса: ТТК БАНКА АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил: hr@ttk.com.mk. Само кандидатите кои ги имаат потребните квалификации ќе бидат повикани на интервју.
Незнам дали некоја фирма го користи овој ,,бенефит,,. Ако некоја фирма вработи (а не дека мора да те вработи) практикант, користи бенефиции од државата т.е не плаќа персонален данок ако не се лажам 1-2години и користи некои неповратни средства од државата.
^ Би требало само првото да е за Кичево, а другите две за Скопје. Немаат такви работни места по експозитури, би требало да се во Дирекција. И само кај првото пишува дека е за Кичево, за другите две не пишува ништо.
Да, ми рекоа дека државата ке ми платела данок и 6200 денари, а фирмата има обврска после 3 месеци да ме вработи. Не знам зошто се сите тие работи, ама и братучед ми ми потврди дека е така, Јас си барам работа, а да кажам дека агенцијата ме вработила
Сега има програма преку Агенција каде државта дава придонеси на газдата за 6 месеци, а потоа плус 1 година треба да плаќа газдата. Има ли некој искуство со ваква програма. Една жена ми кажа дека ако аплицирам во проектот и се вработам, дека не смејам да дадам отказ бидејќи ќе ги враќам парите на државата што ми ги дале за придонеси. Значи ако во тој период од 1,5 год дадам отказ ќе треба пари да враќам, не знам дали е сигурно, ама не се знае ако си најдам подобра работа, ако излезе нешто.
Работата дома не доаѓа, сите ја бараме. И агенцијата не може да те вработи, секако треба сама да се вработиш, т.е. да поминеш низ процес на селекција и да ја добиеш работата. Агенцијата помага со тоа што на газдата му дава поволности за повеќе да му се исплати да те вработи, без која помош можеби и не би вработил никого. За мене е тотално неважно дали сум успеала да се вработам преку агенција, програма, или без ничија помош, важно ми е да работам. Инаку Тањамм, условите секако ќе ги знаеш пред да потпишеш договор, а можеби и сега има информација. Јас би те советувала да се пријавиш, па ако дојде до вработување тогаш добро информирај се и одлучи.
Да така е,ако се откажеш ти ги враќаш парите ти и влегуваш во таканаречена "црна листа" во агенцијата и една година нема да можеш да се пријавуваш во агенцијата како невработен (ако останеш без работа),а ако пак се откаже работодавецот тогаш и за него се истите услови ги враќа тие пари што ги зел за 6мес. и тој ќе влезе во "црна листа" на агенцијата.
Девојки ме интересира дали некоја од вас аплицираше за во Теранова,имаше оглас незнам точно на која страна,ме интересира дали на некоја од вас што аплицирале ви се јавија? Помина доста време откако беше објавен огласот ја пратив CV ама не ми се јавија а разбрав дека Теранова ке се отвара негде средина на март
Девојки дали би можеле да ми кажете некоја страна за аплицирање за работа во странство? Да го пратам овој мојот
Денес случајно видов како местат огромна реклама за посредување при одење на работа во странство веднаш до Ателиер Љутикова (кај здружение на возачи -Ск.). Појди види и распрашај се . Пишуваше и сајт ама не го запомнив
девојки мозе да ве прашам која е полесн аработа во маркет или во бутик јас имам 19 год незнам како е во маркет да почнам имам понуда а и барам во некој бутик
Според мене полесно е во бутик..во маркет нонстоп имаш муштерии за разлика од бутик каде порелаксирано е и појке одмор имаш..според то шо имаш 19 години. се надевам ти помогнав позз
Фајнл Фикшн продукција, чиј претходен проект е реалното шоу „Во оган“, Ве повикува да се пријавите на кастингот за водител/ка на кулинарско ТВ шоу. Дополнителни информации на: Тел. 02/2700 266 contact@finalfiction.com.mk, www.facebook.com/finalfictionmultimedia