Vo kladilnica Zlatna Kopacka baraat, mozes da se dogovoris samo za vtora smena. Pisi mi ako te interesira nesto.
Здраво феминки, дали има некој искуство со NELT ,дали е добра компанија за вработување . Дали имаш информации околу Nelt и платите таму, бидејќи има огласи стално сакам да аплицирам . Thank you.
Да, испратив CV пред да им заврши огласот има 3-4 дена. Имаше некој тест ама не ми го отвораше, иначе зборувам за Охрид, не знам останува да видиме хаха. п.с како што гледам по дискусииве треба изгледа некои добри врски, како и за се останато во државава.
Здраво на сите, барам работа од дома, но да не е од типот интернет работа туку пакување од дома, правење на свадбени бонбончиња и слично.
Читам и се чудам, само за овие фирми се збори. Инаку ако јас се прашувам. Во вакви лихварски фирми не би работел никогаш. Прво не е етички, а второ повеќето од тука претпоставувам сме млади, и навистина не треба да си го тепаме времето со вакви лихва фирмички. Стварно толку многу слободни места има на пазаров, што најискрено ве замолувам ич да не помислувате за интервју во брзи кеш кредити фирми. За Нелт Ст можам да ти кажам дека беа кај нас на факултет, и имаа еден час предавање и претставување. Ова пред короната зборам. Добив впечаток дека прават селекција и ги сакаат поспремните кадри. Имам и роднина која работи таму, а нема факултет. но не сум се видел да ја прашам како и е. Знам дека доста време работи, и не напушта. но со плата мислам дека е малку поголема од минимална.
Здраво, дали некој има информација за ЕВН кол центар. Ме интересира како се со плати, смени и слободни денови?
Да не имаш инфо за познаници што имале лоши искуства со брзите кредити како вработени па да споделиш? Во врска со безбедноста пред се ппради тоа што сами држат смени а работат со големи суми пари, потоа со односот од клиентите затоа што и невработени земаат кредити и сл. Секако доколку не ти е проблем, но може ќе ни ги решиш дилемите на некои од нас кои сме на 2 ума со таа фирма.
Баш се прашувам дали и ЕВН како и МВР центриве ги даде на приватни газди,па вработени се само 3 лица и никако не можеш да дојдеш до лице за контакт?!Не помогнав,знам,ама ако и тоа така отиде кај ни е крајот!
Здраво Доколку некој нуди работа за лиценциран доктор по општа медицина или лиценцирана медицинска сестра во Скопје или видел оглас каде што бараат, слободно пишете ми.
За која позиција и град? Се решава тест кој не е лесен, а не ти ни праќаат резултат. Може мислење е дека за кај нив треба дебели врски. Полесно ќе влезеш во Алма М. Помалку критериуми бараат.
За Нелт бев на 4 интервјуа , првото тест , па со тим лидер па со менаџер па со директор и на крај ме повикаа со актуелна понуда за да почнам ама дознав дека сум бремена во прериодот на интервјуата им кажав (не сум прљав играч) и не прифатив да менувам работно место , пред 2 години .... Плата почетна над 500е
Јас пратив CV и во Nelt и во Алма-м за мерчендајзер бидејќи многу ми одговара таа работа ама не ме повикаа ни едните ни другите, ваљда зашто немам искуство..