Здраво. Ако има некој заинтересиран или што работи во областа на маркетинг или дигитален маркетинг нека ме контактира, во лп, ме интересира за подетални информации и убаво би ми било да ги имам тие што работат на областа во контакт.
Нешто да знаете за Johnson matthey? Бараат инжинер за квалитет, па дали некој има искуство со работа таму општо.
Работа во фабрика се знае каква е..редовна плата, к-15, бонуси секоја година , храна и превоз обезбедено..е сега дали ќе издржиш до тебе е..пробај оваа позиција не е лоша.. да операторите се најзагрозени и најмногу работа имаат..
Доколку имаш работно искуство ценкај се за плата, барај ..кубурат со персонал посебно за некои специфични позиции секако ако имаш и соодветен факултет-образование ќе биде супер.. среќно
За која позиција почетна ти кажаа 500 евра? Јас знам дека кај нив има поискусни што земаат и по 800 евра, ама работното време секој ден им е од 8-18 часот и теренски. За унапредувач на продажба колку даваат дали знае некој? Да додадам. И на глава ќе ти се качат ако испуштиш нешто посбено ако си контрола на квалитет. Казни делат за секаква грешка, договор на еден месец, па бркаат работници итн. Ова е за Адиент, зошто работат на ист начин како Џонсон Мети. Јас никогаш не би работела во фабрика, па и смени. Никогаш нема да те ценат доволно и таму ќе напредуваш ако имаш некој "близок" и ќе се изнагледаш на еден куп примери со швалери и швалерки. Колку само бракови се растурија во тие фабрики. Некој образован, фамилијарен не заслужува да се најде во таква средина. Страшно ми се одбивни таквите места за работа. Ќе се најдеш во средина каде ќе имаш луѓе со ниско образование и култура и поретко со високо.