Најголем дел се наместени и се знае однапред, ама има и неколку огласи кои си течат регуларно. Двапати сум нашла работа по оглас, со интервјуа, тестови и сите перипетии. Во секој случај - реткост е да најдеш работа по оглас, близу невозможно, ама и тие неколку ретки примери даваат надеж која те тера да вртиш огласи и да не се откажуваш.
И јас мислам дека не функционира, претходниов месец пратив неколку огласи и тоа во познати фирми, ниедна не даде повратен одговор барем благодариме за аплицирањето или сл. а не па да викнат на интервју. Да викнеа немаше да ми биде толку криво, барем те земале во предвид колку толку, а тоа беа работни места за кои имав и повеќе од искуството кое се бара а за некои и повеќе од соодветно образование. Значи, ни најмалку не е важно дали ги исполнуваш условите, туку дали имаш врски. Сеуште не сум наишла на оглас каде ќе ме викнат на интервју и праведно ќе извршат тестирање, освен овие од државна администрација каде што тестирањето е далеку од праведно.
Мислам дека зависи и од струката, брат ми со градежен факултет неколку фирми смени се по огласи, дури и преку биро за вработување го бараа неколку фирми, а јас со економски ништо сеуште си седам како невработена, а имам пратено на секој оглас што ке излезе.
Ц, ц, ц, а затоа ли мене никој не ме викнал на интервју до сега? Јас почнав да се сомневам дури дека меилот не ми ги праќа пораките, до толку е дојдена работата Не најсериозн, многу се нервирам, имам аплицирано на милион места, за некои сум дури и преквалификувана, ама ништо, на ниту едно интервју не ме викнале до сега, ни шанса не ми дале.
Мене ми се случило во еден ден да испратам 17 CV-ја на различни позиции - и никој да не ми се јави. Од продавачка на мебел до оператор во кладилница. И никому ништо. Едно време се сомневав дека оние од Вработување.ком Катерина и Марија воопшто и не постојат, т.е. дека се измислени ликови, кои автоматски враќаат - Ви благодариме на интересот, Вашето CV ќе биде архивирано бла бла бла... За некое чудо, имав можност да ја запознаам едната пред половина година - и постои, само толку ќе кажам.
Ај и јас да кажам нешто на темава бидејќи ми е болна точка. Бидејќи редовно во изминативе година и пол накај две манијачев по 15 пати дневно на страниците за огласи за вработување се чуствувам доволно поткована да дадам свое мислење Значи, не дека е тешко, туку е претешко да најдеш работа преку оглас. Причината не е секогаш дека огласите се наместени, туку во тоа што на истите огласи се пријавуваат по 200-300 кандидати и кога фирмата ќе види дека има толку заинтересирани будали веднаш применува тактика - ајде овие будаливе да ги искористиме за без пари. Одиш на интервју и ти викаат дека си влегла во потесен круг со уште 20 кандидати од пријавени 300, па ние како фирма неможе туку така лесно да се одлучиме, па затоа решивме сите 20 да доаѓате на обука, односно неплатена работа во времетраење од 3 недели до 1 месец. И кога некоја ќе се откаже баш им е гајле бидејќи нели има сеуште други пријавени будали. Во една фирма каде што ме примија на работа имаше пријавено точно 523 кандидати и после мојата пробна работа од еден месец објавија нов оглас за истата позиција, значи од 523 кандидати никој не го бендисаа Јас лично досега сум пратила CV на повеќе од 130 места и сум била на повеќе од 40 интервјуа и сум се изнаслушала огромни глупости. Никој не ми помогнал, се сама правев и еве најдов работа преку оглас, без врски, без глупости, е сега незнам колку време ќе ме задржат на оваа работа ама терам. Воопшто не е според моето образование ама знам дека чесно сум ја нашла работата и чесно и совесно си одам на работа. Знам колку е фрустрирачки барањето работа, но можам да ве советувам да не се откажувате. Ако не ве викаат, праќајте CV, некаде ќе ве викнат на интервју. Само немојте да имате преголеми очекувања бидејќи ве викнале на интервју. Некаде, на некој оглас мора да упали и да најдете работа
Сега има отворено оглас за во Базаро така ми кажаа.као наводно треба да оставиш СВ во некој од продавниците и после те викаат на разговор,искрено се мислам дали да аплицирам бидејќи не сум слушнала убави зборови за таму.
Јас оддалеку сум набљудувала интервју за во Базаро и се засрамив сама од себе, а камоли тие девојчиња кутри што ги одбрале. Сакав да станам, и да им акнам по еден бокс и на дотичниот и на дотичната мис лигла што го водеа интервјуто. Инаку, се одвиваше во Кофи Шоп, ние си бевме случајно на еден роденден, а на соседната маса - интервјуво. Траеше измачувачки долго и неминовно ќе наслушнеш муабети и прашања. Па така типот го праша едното девојче - колку долго ги средуваше ноктите? Ааааа, брзо си ги средила, значи брза си и вешта во работата. Браво, честитам за овој умен заклучок, седи 5. МОРОН! Понатаму, како ќе ѝ се посветите на работата, колку сте подготвени да се жртвувате, абре глупости во боја. Алоооо, работата е продавачка, не знам што се умислуваа, леле како што го пишувам сега ми навира нервоза, не па тогаш. Се наапав бајаги, каков кретенизам, на што личи таков однос? Девојчињава онака се преморија, од што слушнаа глупости тон. И не успеав да слушнам - за која фамозна плата се спроведуваше тоа интервју од соништата?
Пред неколку денови ми се јавија од вработување, тоа е веќе втор пат за една година. Инаку имам наведено во CV-то дека работам како шанкер и дека сум апсолвент на економски. Девојката ми се јави само за шанкерската позиција, сега и пред пола година. Уствари утнав, сега беше за келнерка.
А и сериозноста на Базаро како фирма може да ја видиш според тоа колку пати досега објавиле оглас за продавачка, односно на секои 2 месеца - оп нов оглас. А па потребните квалификации што им се....мислам ова кога го прочитав Проактивни по природа, екстровертна личност и чувство за мерџендајзинг солуции
И јас бев на тоа фамозно интевју во Кофи Шоп. Прашањата беа баш такви, идиотски, демек да те проценеле. Тие биле машинерија, па морале така за да изберат некоја да се вклопи. Аууууу како во Шанел да треба да работиш. Прашуваат работи од типот - 4 години одиш со дечко ти, зошто не се земете? Не мислиш дека тој е вистинскиот за тебе? Што им е на нив гајле што и како планираш, што носиш и од кај го купуваш тоа. Ме викнаа и на второт интервју и тоа беше веќе поразувачко. Почнаа да ги навредуваат девојчињата - не ли мислиш дека си се преценила, ти малку машкуданка си гледам, ќе можеш ли со жени да се справиш и други глупости. Јас имав најмногу школо, па не ме чепкаа многу, ама пак неизбежните прашања - зашто сакаш да бидеш продавачка и многу ли сакаш да работипш во Базаро. Да, животен сон ми е!!! Со кое право се поставуваат овие прашања, се дават оцени за луѓето, се пристапува како кој знае каде да треба да работиш за 10 000 денари. Нормално, нивно право е да си избираат вработени како тие сакаат, не само Базаро, туку и други фирми. Ама веќе аздисаа.
Јас разбрав и дека има викаат за една плата и после кога ке ги вработат,им се одбивало крш, крадена роба, и ке си одиш дома со мизерни 8000 денари.Се мислев дали да однесама СВ,ама сега сум сигурна дека нема.
Значи колку е тапа во Македонијава наша. Завршувам регуларно факултет, Економски и можностите да се вработис се 0.001%, зборам за регуларно да аплцираш во фирма и со знаењето и квалитетот на оценките да те вработат. Едноставно го осетив на 3,4 интервјуа кај што бев. Освен ако не аплицираш за работа каде што е потребно работа која бара само средно, е тогаш си меѓу најбитните, демек оваа завршила факултет и сигурно и треба работа и ке биде очајна(ке работи за мизерни 10000ден) Па луѓе, затоа учевме факултет? за мизерни 10000 денара како продавачка? Дефинитивно нешто не е во ред со државава. Затоа луѓе кога се запишувате на факултет со едната нога терајте го факултетот со друга барајте врски. Внимајвате каде се го праќате ЦВ-то, постојат премногу неименувани фирми кои бараат работници. Замислете кој се може да направи профил на страните за вработувања и да објави оглас.... Колку е само лесно.. Отворете ги очите Извинете за долгиот текст али морав да се испукам ХД...
Не знам дали некаде е пишувано, ама ќе се отвора наскоро Рамстор маркет во Охрид. Сите кои сакаат да работаат таму, со повреме нека се заинтересираат (знаете како оди работата кај нас). Обуката ќе се врши во Струга.
А што се случува со агенцииве за промоции ?? Како може да се дојде до нив или мора да имаш веќе некој шо е влезен, па да те бутне ??? Никаде по огласиве не можам да најдам ...
АЛКАЛОИД АД-СКОПЈЕ го објавува следното слободно работно место: 1. ПЦ Фармација - Сервис во производство 1.1. HVAC - инженер во Сервис во производство - 2 (две) позиции Потребни квалификации и вештини: - дипломиран машински инженер (насоката Термотехника ќе се смета за предност); - одлично познавање и употреба на пакетот MS Office; - одлично познавање англиски јазик; - максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови; - пожелно е поседување возачка дозвола Б-категорија; - доколку кандидатот нема дипломирано на насоката Термотехника, пожелно е да има работно искуство во контрола и одржување на системи за греење и за климатизација. Цел и одговорност на работното место: - контрола и одржување на сите системи за греење и за климатизација, како и придружни постројки и машини кои гравитираат на овие системи; - организација на работењето во Сервис во производство и надзор на подредените; - водење евиденција за резервните делови, активностите и за работата на подредените; - идентификација, барање и техничко расчистување на понудите за резервни делови; - активно учество во инсталирање нова процесна опрема; - одговорност при модификација на опремата и на системите согласно со GMP - барањата; - одговорност за безбедноста при работењето и почитување на приоритетите на производството и на политиките на фирмата. Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од: 1-ва смена - од 06:00 до 14:00 часот и 2-ра смена - од 14:00 до 22:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок. Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на празници е платена според Законот за работни односи. Предвидената основна плата за позицијата е МКД 26 570,00. Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават по електронски пат на следната електронска пошта: CAREER@ALKALOID.COM.MK со назнака: „3а оглас“ - инженер во Сервис во производство При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа. Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек. Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување. Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45,90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.
Драги мои феминки, јас да ве прашам дали некоја од вас има искуство со ВАСИДОРА, значи оглас имаше пред 2 3 дена за продавач во ГТЦ, ми се јавија за интервју денес, ? имате ли некакво искуство со Васидора ? Било кАкво .... Фала
да не има некој информација за теранова во сити мол дали има негде оглас за работа ...уште не е отворена
За теранова имше оглас пред месец дена,мене ми се јавија бев на интерју ама како што разбрав од други извори веке си имале одредено кој ке работи а огласот и интервјуата биле само онака колку да се каже