Здраво драги мои Ќе ве замолам за мала помош доколку ве има вработени во TaskForce во Битола конкретно кај Довлеџик, сакам да аплицирам за осигурување па ме интересираат само две работи... 1. Дали интервјуто е на англисли (тремата ме убива кога треба да одам на интервју за работа и на мак, ама ако е на англиски мислам дека ќе изгинам уште повеќе ) јазикот го знам ама сепак ме фаќа трема. 2. Кои се најчесто поставуваните прашања на интервјуто? Навистина ќе ви бидам благодарна ако ми помогнете доколку можете
Да. Претставување, претходно работно искуство, може да те прашаат и од каде си дознал за работата, дали познав некој од фирмата.
Имам пријателка работи таму. Јас како што знам се менуваат во една смена и на каса и на шанк. Служење пијалоци, исплаќање итн. За обука не знам колку време трае и каква е, ама штом има толку млади што работат не би требало да е нешто комплицирано. Си имаат обврски кои треба да се исполнуваат секој ден на прва смена, па нон стоп им се јавуваат на телефон што како е во казиното, колку играчи има итн.
Здраво. Дали некој знае за Ситу Конект? Услови за работа, работно време и кои прашања ги поставуваат на интервју.
Знаеме дека огласот им врти веќе 6 месеци, и прават интервјуа и на тоа се завршува...Ниту им се јавуваат на тие што биле на интервју , ниту ништо...Очигледно е дека повеќето фирми со пуштање на постојано огласи си прават реклама за ефтини пари по сајтовите за вработување...Има и исклучоци , но повеќето пуштаат огласи поради реклама...
Здраво, дали има некој што работи за Телко - новата фирма партнер на М-тел Србија. Бараат продажни агенти, но слушнав информации дека немало да има основна фиксна плата, туку се ќе оди на процент. Дали е точно?
Некој искуство со Proton Mail, гледам постојано бараат, сумливо ми е. Ама сепак ме интересира. Искуства од оваа позиција
Дали вие што имате профил на Thrivity ве имаат некогаш исконтактирано работодавачите? Ако да, кога? Дали додека трае огласот или откако ќе биде завршен?
Здраво. Би сакала да Ве прашам дали евентуално имате слушнато некаде во Охрид да бараат работник на дневница? Бидејќи студирам би била во можност да работам 4 дена неделно, а секоја втора недела 5 дена неделно. Ве молам доколку некаде треба и имате слушнато дека бараат слободно известете ме. Пријатна вечер.