И јас тоа го приметив во последно време, на едно место пишува плата 20.000 кога отидов ми вика за 5ипол часа е 15и500...добро ај то ама не гледам смисла за пишување лажни огласи што ке добијат?
Дали знаете фирми кај што би можела да работам хонорарно, стриктно од дома? На непријавено. Моментално сум на патолошка бременост, ми требаат дополнителни приходи. Морам да напоменам дека имам одличен англиски и дека имам искуство со sales.
Работата за комерцијалисти моментално е лоша. Сите маркети сами си прават нарачки посебно Китго кои ги има многу во источниот дел од државата. Порано имаа одврзани раце и им се продаваше и тоа што треба и тоа што не треба, а сега и тоа што не треба не го земаат. Ако имате приметено и маркетите им се полупразни откако ги превземаа Вива Фреш.
Несакам да звучам песимистички ама истото искуство го поминав.Знам како е дури и на психата ми влијаеше. После завршувањето на факултетот, бев на неколку курсеви и потоа започнав со аплицирање по огласиве. Ретко кој ќе те повика и тоа најчесто оние што неможат да најдат некого заради мизерните услови што ги нудат. Не се разочарувај, верувај ми конкурирав на некаде преку 200 огласи низ годините, годишно на 10 /15 ме имаат повикано и толку, за да на крајот да се вработам преку познаници.. На крајот сфатив дека да се вработиш преку огласиве е премија, посебно ако си почетник. Во голем број од огласите бараат лица со кариера, а другата половина се оние истите што неможат да го најдат тој што го бараат бидејќи ни самите не би работеле под тие услови. Види и на najdirabota, apliciraj.mk, thrivity.mk,vrabotise.mk .. Како и да е со среќа
Пријателка моја бара: Личност со солидно познавање на англиски јазик за работа со документација, следење на мејлови, одговарање на повици и мејлови, одговорна личност, комуникативна,да умее сама да го организира работниот ден. Флексибилно работно време 8ч од канцеларија, со можност да се користи по некој ден работа од дома, во зависност од обврските. Пријатна атмосфера за работа. Образование е небитно, најниско да има средно завршено. Плата не знам, пишете ми лп ќе ви пуштам мејл адреса за ЦВ доколку има некој кој е во потрага по работа. Инаку, фирмата е во Скопје.
Здраво ме контактираа сега од Халк банка за позиција Референт за банкарски операции за некакво тестирање, дали има некој искуство со оваа банка и знае за какво тестирање се работи. Може да ме контактирате и во инбокс, фала
Луѓе незнам дали е за тука прашањево, но како да направам регистрација на страната Агенција за вработување?
Порано беше директно преку аврм сега сменија сега треба преку тоа ЕИД uslugi.gov.mk каде што беа сертификатите од вакцини и преку овој профил имаш пристап до цела админ. Тука да се регистрираш па ќе те однесе преку тоа во аврм страната
Има конкурс за медицински сестри во ГОБ 8ми Септември , доколку некој кој е заинтересиран нека си конкурира , чисто информативно