Па и тој почетник мора од некаде да почне. Јас се имам вработено преку оглас без искуство и без врски. Најмногу ги воодушевија моите одговори на прашањата на интервјуто. Дотогаш мислам дека на сите други интервјуа давав погрешни одговори. Инаку тој што ми правеше интервју е психолог. Зачудувачки за мене и за многумина беше тоа како се вработив, само со едно интервју и тоа преку телефон. Има фирми кои знаат да препознаат по тоа кој како размислува, кој има талент и капацитет за учење. За натаму успехот е да бидеш паметен, секогаш насмеан, позитивен. Да не ти влијае негативната атмосфера од колегите кои секој ден се жалат и се уште таму работат. Да си културен, вреден, да даваш не 100% туку 200% од себе. Да не сте од оние абе колку пари толку музика. Не ми смета тоа што на иста позиција како мојата некои даваат едвај 50% и земаат иста плата. Имам среќа што мене претпоставени ми се некои кои знаат да направат како да си ја засакаш работата. Не дека работам само за љубов, но друго е кога работиш со задоволство, денот ти почнува со насмевка, а не да губиш време и да работиш нешто колку да се работи. Тоа е затоа што сите бараат некој кој е докажан, отколку непознат на кој би му дале некаква шанса за докажување. Многу ретко ризикуваат со непознати. Треба ептен некој да знае да анализира кандидати, па да го процени дека е вистинскиот.
Ете ова твоево е доказ за премија. И самата си свесна колкава е веројатноста некој да те избере , па уште преку телефон . За понатаму знаеме.. Мислам некако дека оние што се имаат "изнамачено" да се вработат многу повеќе го ценат работното место и повеќе се трудат.
Мелон се пријавив на оглас минатиот месец преку кариера, аплицирав за огласот во кој не се споменуваа смени, ми се јавија за некој ден за интервју преку тимс со напомена дали знам дека станува збор за работа со 3 смени. Малце се зачудив зашто знам за што аплицирав, прифатив интервју викам ајде преку тимс бар не мора да трошам пари за да одам до кај нив. 4 беа на интервјуто, без вклучени камери, и без звук освен на HR- от, само мојата вклучена, воајеризам за сите пари. Се беше ок првите 10 мин после тоа HR от премина од пасив во актив хаха со прашања како на испит, дали знам што обезбедување средства, дали знам што е производ на банка, чија сопственост е СТБ, како може не го знам тоа, овоа, оноа, јас не знаев дали да се смеам или да исклучам тел и ајт со здравје. Платата почетна е 24.000 за три смени, бркаш таргети, односно најголем дел работиш продажба, празници викенди исто ако ти се падне во смена. Многу им било супер вработените ги достигнувале таргетите екстра земале пари бла бла, а тоа што имаат флуктација до небо и ми го кажа тоа на интервјуто нема врска
Здр да не знаете некој да бара работа во Автокоманда, ? Поготово да е само за викенди, по можност, кафичи, ресторани или нешто друго Фала однапред
Искуство некој со Алфи центар конкретно за во магацинот за прием на роба? И за Санте Плус за административен работник?
Здраво Дали до сега некој бил на тестирањето кое е од страна на Халк Банка за референт за банкарски операции, да ми пише искуство, може тука или во лп. Благодарам
Некаде имав прочитано дека ништо од тоа што ветувале на интервју потоа не исполнувале. Лично немам искуство па ако некој работи таму нека сподели поконкретно.
Јас сум вработена, но повремено отворам огласи и гледам дека вака лошо не било никогаш. Сепак, не се откажувајте, јас преку огласи сум наоѓала хонорарна работа. Значи праќам ЦВ и ме ангажираат за 2-3 или 7 дена, ама ова беше порано, сега се гледа дека огласите се или лажни, нереални или веќе си имаат човек, а огласот е само формалност. Според мене стеснет избор и многу потешко се доаѓа до пари.
Здраво, искуство со тестирање во Халк Банка за работно место референт за банкарски операции? Може да ми пишете и во лична порака.
Dali na nekoj slucajno mu iskocil nekoj oglas za rabota vo butik.. 1/2 smena nema razlika imam iskustvo rabotev vo butik samo sto nesakam vo waikiki zara tie golemite onie pomali dukancinja..
Мене ми понудија работа на linkedin, кажав дека сум заинтересирана и таа од HR ми рече ќе те контактирам во понеделник за да договориме состанок. Еве веќе 3 месеци уште ме нема контактирано. Друго не знам
Дали некој знае за Emapta странска компанија во Македонија, да ми објасни подетално? Бараат работници моментално
Nova firma e, skoro pocnaa so rsbota na nas pazar.... Vidi si pred skoro imaa dosta oglasi za rabota.