Здраво дали некој работи во EMAPTA фирмата во македонија ме интересира за позицијата junior recruiter дали целата работа е на англиски?
Реплек за Магационер-20.500 ден почетна. https://replek.mk/wp-content/uploads/2022/03/Oglasi.pdf Некој спомна да се бараат само странски фирми,нашиве се превара .Тоа е делумно точно. Од искуството до сега се покажа дека и странските имаат попримено прилично од нашиве, во однос на плати, бенефиции,работно време,значи не сите, да се разбереме има и солидни. Што се однесува до македонските фирми,моето лично искуство дека има изненадувачки добри и тоа кога не очекуваш ама има и катастрофа. Претпоследната фирма за која работев ХЕЛО ПОСТ, газдарицата си избега, не исплати плата,имам се од Трудова инспекција, но е џабе, не може да се изврши,нема од што. И досега што сум забележал,мали фирми се доста полоши од поголемите во однос на човечки односи, многу интимизирани и ако не го прифатиш тој систем,секогаш си на удар,со плати се солидни да се рече, меѓутоа, тие пари низ нос излегуваат, фирмата за која работам сега е баш таква.Се работам рачно,замислете,не даваат компјутер,како да си 1987 год пишувам во кочан за Приемница/Испратница, а ме водат ко Главен магационер, па им го давам таму во комерција па они внесуваат ........Немам поим ни состојба,ни ништо а за се си крив ако снема, а сите се мафтаат таму по магацините. За проста проверка мора да одам да ги прашувам за некој артикал Ова само како пример дека има од крајност во крајност и треба многу да се внимава во изборот,не се само парите во прашање. Верувајте и мирот е важен.
Во однос за неисплатената плата во претходната фирма, види дали врз фирмата има отворено стечај ако има со барање пријави си го побарувањето моментално си доверител спрема претходниот работодавач кој е твој должник. Ако фирмата по некоја ,,случајност" и избришана од Централен регистар и веќе не постои, тогаш во граѓанска постапка може да се бара надомест на штета директно спрема управителот на фирмата и да се наплати од неговиот личен имот, само да не се поминати повеќе од 3 години инаку во спротивно ќе ти биде застарено барањето, ако си заинтересиран за подетално пиши ми порака, ако сте повеќе колеги на кои ви се должи уште полесно ќе биде.
Има некои огласи што траат подолго, што ги ставаат по два пати. Конкретно јас знам за мојата професија дека една колешка дава отказ и им фалеше вистина.....така да, нека си праќа и таму за секој случај
Здраво, и покрај негативните коментари аплицирав за работа во неуромедика како администратор и ме повикаа на интервју. Дали може некој да сподели колкава плата од прилика да очекувам и што поточно се работи или воопшто да не одам..
Искуство со Флекс кредити за работно место офис асистент, работна атмосфера, работно време, плата? Може и во лична порака
Искуство со фирмата Geing Krebs und Kiefer, моментално имаат оглас - референт во служба финансии и сметководство.
Јас кога бев лани, плата минимаец тогаш воведоа и 3та смена, ако кажат сабота на работа мораат сите да одат нема не можам не толерираат и минималец даваат. Тешко е да работиш во производство за прехрана, повеќе би ти ги препорачала за хемија што се производства. Да напоменам дека 2 пати бев на разговор и кога беше минимална 12 000 и 15000.Не верувам дека нешто е сменето
А зашто викаш сабота на работа и мораат?Не се работи саботата?А празници,работат?Платени ли се ако работиш?
Јас бев на разговор за пикер во магацин. Ми понудија 20.000 почетна,првиот месец,после 22.000 па 24.000 после ќе растела. Не знам за што имаш конкурирано и каде,јас во централата бев кај ФОН. Условите се добри,зградата е топ,20 дена одмор ми рече. Фирмата е неактивна, добив официјален одговор од Трудова инспекција и дека кога пробале да влезат било затворено, најверојатно ќе се оди на тужба.ако има некој имот, зошто газдите беа полски државјани, тие се надвор одамна. Не сака никој да тужи кај нас е глупо размислувањето,џабе било затоа и си прават газдите така. Жена на мој познаник се вработи лани, ми кажа минималец било за работа на лента, ама давале некои пакети и дека многу ги менувале работниците на раб места, ги ротирале затоа и бегале.Тешко е за храна кога се работи, Европа, Виталија, Вива..........
Платено ќе ти биде али ете да сакаш негде да одиш, а имаат ставено известување не можеш да одбиеш. Најчесто бараат за делот со брашно каде прават вафли, наверојатно дека е потешко. Али искрено подобро работи во Бунарџик барем таму превоз и храна ќе имаш и чиста плата ќе земаш.
Јас работев во Неуромедика, исто како тебе се распрашував на почетокот и и покрај толку многу негативни мислења, отидов на интервју, ме викнаа на обука, одев 20тина дена без никаков надомест, воедно кога прашав за плата ми рекоа дека не можат тоа да ми го кажат пред да одлучат дали ќе ме вработат, но ме уверуваа дека ќе бидам многу задоволна од платата, за на крај да ми кажат дека почетната плата ќе ми биде 23 000, ајде реков океј, почнав да работам, директорот толку многу се замислуваше, толку сакаше да му се потресуваат, а толку многу жалби добивав секој ден, јас инаку бев секретарка и сите што не беа задоволни се обраќаа кај мене, а ги имаше премногу, секој ден викав на интервју по 10 - 15 девојчиња и толку ги малтретираа да доаѓаат на второ, па на трето интервју за џабе, а тие што беа поупорни кога ќе почнеа да одат на обука, којашто инаку може да трае и месец и пол - 2, неплатена, се откажуваа после два дена. Не знам колкава им беше платата, многу девојчиња од Куманово рекоа дека нема да дојдат на обука, не им се исплател патот за таа плата, ама би требало да им е 20 - 21 000, плус ако им плаќаа работа во недели, празници и трети смени, ама не сум сигурна, затоа што на директорот исто така не му се даваа пари, гледаше од сѐ да скрати, мене на пример на интервју ми рекоа нема проблем да излегувам по саат - два за испити на факултет кога ќе ми треба и после кога дојде време за плата, директорот до минута сите ми ги одзема и плус си додаде демек не сум била некои денови цели, што нормално немаше врска.. Колегите беа многу дволични, многу оговараа, те проценуваа како си облечен секој ден, долу администраторките имаа многу стрес, постојано беа коментирани за тоа како зборувале по телефон, како не знаеле да се изразуваат, да зборуваат на разглас (или како и да се вика тоа за информирање), а што беше најтрагично тие сами си ги бираа вработените. Така што, сѐ на сѐ едно огромно негативно искуство коешто ги потврди сите негативни коментари, но што е тука е, извини за долгиов став, ама сакав сѐ да доловам, можеш да си пробаш, да си искусиш сама, можеби ќе ти се погоди, но според мене не заслужуваат ни на интервју да им отидеш, затоа цело време им е активен огласот, можеш да си најдеш нешто многу подобро, ниту платата не им е на завидно ниво, па да се мислиш. Со среќа што и да одлучиш.