Како се движат платите Logistic Associate во Taskforce и Customer Service Representative? Може да ми одговорите во порака, не мора тука
Прво, нема име на фирма. Најсомнително е ова. Второ, нема назначено за која работна позиција е. Трето, сомнителен е мејлот. Зошто да нема фирма назначено? Каде ќе бидеш пријавена ?
Па нема фирма веројатно затоа што forsinasocialmedia@gmail.com (што има сомнително во мејлов, џи мејл веројатно на приватен корисник, затоа е вакво) е едноставно некој кому му треба помош со social media delivery, значи тоа е физичко лице можеби, некој инфлуенсер или некој онлајн бизнис кој почнува со работа или сака да се шири, ако изгуглаш ќе видиш дека го има огласот и на реклама5. Описот на работното место го има, убаво прочитај. Ако не сакаш да ги откриваш своите податоци премногу, ќе направиш корекции во цв, на крајот на денот ќе пратиш и лажно цв, ќе отвориш рандом мејл и ќе аплицираш и ќе видиш колку е саат, дали е муљажа или не. Има и телефонски број, ќе пишеш на вибер или ќе се јавиш. Страници како апворк или фивер функционираат на овој начин, и таму често пати не пишува кој клиент е во прашање. Нема да градиш кариера со оваа работа секако, ама за пари или искуство може и нема да испадне лошо. Впрочем има многу луѓе што бараат други луѓе за да им сработат нешто со вештините кои ги имаат.
Ти благодарам иако касно гледам.. Бев на интервју видов каква е ситуацијата веќе си се вработив во друга фирма, можам да кажам дека тоа за изгледот е точно уште при влегување те '' мерат'' од глава до пети и само што влегов на интервју првиот комплимент беше дека многу убаво изгледам и самиот менаџер си кажа дека гледааат изглед, меѓутоа тоа што го видов таму воопшто не ми се допадна барем јас не се пронајдов. Среќно ако некоја од членките се одлучи
Мене лично ми е сомнителен, зашто се имам изгорено на вакви огласи. Тебе ако ти одговара, слободно аплицирај, what do I care
"Совет" од типот "не аплицирај" без да образложиш зошто така мислиш и кое е твоето искуство, не помага никому, тука обично пишуваат луѓе на кои им треба работа, затоа ја бараат и затоа прашуваат.
Океј. И јас сакам да им помогнам на луѓе да внимаваат каде оставаат лични податоци. Штом волку се потресуваш, ајде кажи што нудиш како услови за работа, може и ќе ме предомислиш да аплицирам на "сомнителниот" оглас
Јас се согласувам со членката и не знам зошто упорно не убедуваш во нешто што делува ко да се фрлаш во бунар, испаѓа ко да ни велиш ти фрли се, плиток е. Се гледа дека е сомнителен огласот !
Океј ајде на двајцата да ви одговорам, бидејќи нешто не е јасно. @Shery Јас не нудам работа, супер ти е обидот, али не можам да те вработам, иако верувам дека си аплицирала, гуд лак Лични податоци не мораат да се оставаат во цв, јас во 20 години работа никогаш не сум оставила никаде лични податоци, бидејќи по оваа аналогија и најголемите фирми може да злоупотребат податоци, на што сме сведоци по темиве, не е тоа некаква посебна тајна. Во цв е сосема доволно да стои име/презиме, телефонски број (и тој може да биде припејд) и да си имаш мејл со кој само ќе праќаш апликации. Ова треба да биде пракса затоа што ти не можеш да претпоставуваш дека само затоа што е фирма во прашање, нема да злоупотреби податоци, баш напротив. @Stark Огласот веројатно бара некој кој ќе води социјални мрежи, барем мене така ми заличе на прво читање, можеби на некој нерегистриран бизнис. Ако месам кифли и првам ајвар, и немам кој да ми ги брка тие работи, а јас не можам/не знам, тогаш не е чудно, и не е сомнително. И на форумов имало исто така многу понуди, разни понуди, и не биле сите нелегитимни, не може да зборуваме како да е нешто апсолутно точно. Да спречиш некој да аплицира и да тврдиш дека си во право затоа што огласот личи сомнителен, не е океј. Да пишеше "размисли си дали да аплицираш зашто ова веројатно не е фирма, некако чуден е огласов, нема услови за работа, може нема ни да ги пријавуваат кандидатите итн. итн", немаше да ми падне у очи ама ич.
Не, не фала. И ова беше премногу. Главата ми фрчи од информации. Со среќа со наоѓањето на ИДЕАЛНИОТ кандидат за работа
Дечки, некој што работел/работи или познава некој да сподели искуство на вработен во Неуромедика. Ме интересира и како се со платите - дали се нормални или ..? Тенкс!
Што мислиш под "нормални" плати? И за која позиција? Имаш доста коментари на форумов за Неуромедика. Ќе си ги побараш на лупа. Сите се негативни, никој ништо добро не кажал за нив. Иако е "озбилна" фирма, сериозни и релативно писмени им се огласите, нудат вака на хартија фини услови за работа, сите ги знаат, и стотици кандидатки, потенцијално жени, праќаат лични податоци во рацете на еден крајно сомнителен тип, сите што биле на интервју го дефинираат така. Сепак, за огласите на Неуромедика никој не би рекол дека се сомнителни, иако сѐ што им се случува на кандидатите таму вршти сомнително.
Здраво Студент сум и сакам доколку тука има студенти кои што работат во Скопје да ми пишаат ЛП бидејќи сакам да знам нешто повеќе за тоа како постигнувате и работа и факултет, како сте задоволни и сл..
Здраво,имам аплицирано во аспектус фарм-компанијата во бунарџик,искуства од таму?Во среда сум на разговор,ви благодарам.