@ijana дали можи поконкретно да објасниш зошто да не се работи со FourWays Cargo. За што станува збор, нередовна плата, лоши услови, мобинг, или нешто сосем трето?
Почетна е 24.000 денари, колку што знам. Има обука не знам колку време, па се полага за некаков сертификат по што откако ќе се здобиеш со сертификатот платата се покачувала до 28.000 ден. Се надевам помогнав, тоа е сѐ што знам.
Да да, кога кажав тема на муабет мислев на моето мислење кое сепак го напишав Инаку да, оглсите се или генерички или само дел од тоа што всушност треба да се работи, до крајности од типот дека описот и работата немаат допирни точки. Не знам што подразбираш под матно, ама далеку се од матни, озбилно, не ги обесхрабрувајте луѓето да си аплицираат. Работат за фирми кои сакаат преку нив да си наоѓаат кадри, затоа е некогаш т'нка работата, има многу промени (често пошто и фирмите толку знаат што сакаат, а почесто затоа што не им се плаќаат многу пари) и затоа се чини хаотично. Океј е да не ти се свиѓа работата, али тоа не значи дека е матна.
Не само таа, сите од тој калибар се исти. 3-11 работно време , мали плати, без осигурување. Сите од таквите фирми бегаат у други .
Не знам што и како имаш слушнато но плата под 800€ во ваква фирма нема, за без искуство како почетна, што не е воопшто мала плата. Има квази фирмички што работат на црно, без осигурување. Фирмава конкретно, знам дека немаат стабилни возачи во Америка, не работат според правила и закони, доволно е една ДОТ инспекција и да се стави клуч на врата како и што се случу во многу такви фирмички. Кажување на свое искуство не е обесхрабрување, доколку некој сака да аплицира и работи, слободно. Мене не ми беа сигурни, самиот клиент што ја нудеше работата не ми се допадна.
Поголем дел од таквите фирми даваат 30.000 за 9 часа. Има исклучоци. Плус на црно. Скоро сите такви форми се на клатливи нозе , посебно конкретната компанија која е се само не компанија.
Работам во таква компанија, сум работела и во други 2 исти, и знам многу други во Ск. Има многу фирми со 20-50 камиони што даваат 30к, но има и големи фирми што даваат и 130к. Битно е во која фирма си. Воглавно условите се горе долу исти кога станува збор за празници и одмор, се оди по амерички правила не по наши. За Fourways Cargo се согласувам со тебе. Да додадам дека ваква работа со вакви смени е за помлади луѓе, веќе ако си со фамилија многу тешко.
Се согласувам со тебе, во помалите градови ваквите компании плаќаат минимал, додека во Скопје има неколку кои плаќаат по океј сума. Но, сепак те оставаат без осигурување или осигурување под лажни компании. Членката погоре прашуваше за конкретна команија Four Ways, бидеќи ги има многу од мои познаници внатре кои работеле имам слушнато дека има масовен одлив , но тоа било common за сите компании од тој вид ама од оваа апла си иделе сите, затоа напишав сите од овој калибар се исти. Да ги напоменам најчестите манипулации со договорите на вработените, што НЕ смее според наш ЗАКОН да се прави. Ама они во Америка прават манипулација со шоферите па што останува тука со договорите.
Легитимно е да не ти се допаѓа работата или клиентот, ама во тоа нема ништо матно. Исто ко јас да кажам дека твојата фирма е матна пошто јас не сакам да работам ноќе и со камиони. Кажуваш впечаток, не искуство, бидејќи не си ја прифатила работата. Матна фирма е онаа од типот на Елко или Енвижн, пререгистрации секоја година, сомнителен бизнис, неисплаќање плати, бонуси, непријавување, договор на дело итн итн.
Можеби матни не беше соодветен збор, во право си. Генерално условите не им беа лоши, и не значи дека сите клиенти не се добри.
Да сумираме доколку некој бара сериозна работа , со осигурување,без договорни манипулации подалеку од Four Ways. Банда без команда како што спомена е правилен израз во БУКВАЛНА смисла за компанијата.
Ужас! Тотално се согласувам со @ijana Многу јасно дека сите такви фирмички ке ти дадат добра плата со која во пакет следува пред се непрофесионалност, работа на црно без здравство и никаква документација, неплатени празници и ноќни саати ( 15;00 - 23:00 ), изигравање богови од страна на менаџментот мислиш american suits, додека се сметаме како најефтина работна сила. Four Ways Cargo……мислам, додека има овци ке има и волна. Немам што повеќе да кажам.
Доколку сакаш плата мораш некој работи да ги жртвуваш, празници на пример. Еве и кај нас се работи на мкд празници но си имаш опција да си бирам да си земеш слободен ден, со тоа што работиш на амерички празник си добиваш ден плус. Ноќни саати не се платени, вклучено е во платата не за џабе нудат повисока плата. Реално лично јас подобро би работела вака, да земам 80к плата, отколку да имам регуларно што ме следува според наш закон а да земам 30-40к. Индивидуално е, сепак ние сме редовно осигурани, и со приватно здравство. Фирмава е со 80 вработени тука, не можеш да скриеш како во некоја со 8. Во првата фирма кај што почнав пред 2ипол години беше баш така, “фирма” во станче мало 6-7 вработени, ни пријавени ни ништо, плата 27к. Така да верувам дека има уште многу што работат вака, и треба да отвориш очи кога се вработуваш. Како и да е не е индустрија за градење на кариера, и јас не би останала на долг план. Освен плата, нема што друго да те задржи.
Добро ме интересира има ли некои обуки за ова? Што бараат како услов на огласите? Знаеме работно искуство во областа (особено во оваа) не се стекнува преку ноќ на пример, а сите го бараат
Има фирми и без искуство примаат, обичмо за диспачери бараат да имаш искуство. Другите оддели како recruiting, safety, accounting, customer service не бараат. Има обука платена целосно, зависи до департманот од 2 до 6 недели си на тренинг, потоа работиш сам. Битно е да имаш нешто поврзано работено, да е на англиски јазик, да си имал комуникација со луѓе.
Некој овде имаше прашано за freelance content writer / remote writer, како воопшто можело некој да пишува статии на англиски, иако англискиот му е втор јазик и дали било платено. Ако имаш native level можиш многу лесно да пишуваш и да се изразуваш посебно заради тоа што ова е најчесто copy writhing. Во суштина ти не пишуваш ништо ново, туку прераскажуваш нешто веќе напишано. Едиторот ти праќа линкови од статии со многу кликови и потоа прави plagiarism check. Ако статијава ти е со повеќе од 70% оригиналност се прифаќа. Во добрите стари времиња, писателот само пишува статии, ама не едитира слики и видеа. Сега писателот прави се, значи треба да поминиш време да научиш да го правиш ова сам. Најплатени на Балканов се Niche Stack и Trinity Rank. Почетна плата е 600 евра ама наводно стигала до 800. Тие работат академско пишување, т.е ти треба да направиш непрепознатлива копија на студија од 20 страни. Најчесто имаат и тешки графикони кои треба сам да ги изработиш. Ако бараш помош и имаш прашање нема кон кој да го упатиш оти менаџерите се презафатени. А да, овие студии потоа се продаваат и се објавени на веб страни од приватни факултети во Америка. Fuck logic. Има и компании кои се занимаваат со полесен тип на пишување, кај нив има малку работа и ептен малку е платено. И во Македонија има вакви, најчесто имаат некој чудни очекувања од тоа да пишуваш 4 статии од 800 збора во еден ден. Платата им е од 26-29 000 денари, и не очекувај да ти биде објавена статијата под твое име. Најчесто сопственикот си ја објавува под свое, се разбира тоа на интервју нема да ти го кажат.