Дали имате толеранција кон работни места/регрутери кои испраќаат квизови некогаш од по 5-6 страни пред воопшто да има понуда или објаснување за што е работното место? Јас пополнував, ама од денес се откажувам.
Избегавам такви фирми, зошто ако ти треба за едно вработување да пишуваш реферати па дали ќе те викнат па физичко интервју итн замисли што би било дати треба ден од одмор или дазакасниш на работа или пак да се пожалиш од надлежниот супервизор/менаџер... побрзо на месечината ќе отидеш
Дали има некоја искуство во Пивара Скопје, сектор Финансии? Ве молам напишете подетално за условите, работната атмосфера, платата... И ако не работите таму веќе која е причината за заминување. Благодарам
Дали има некој искуство со позиции како човечки ресурси , маркетинг во Рамсторе? Гледам на секои 3-4 месеци ги имаат истите позиции. Што е проблемот мала плата или? За Пивара генерално имам многу позитивни искуства, и добри им се платите. Али најверојатно со врски се влага за таквите позиции.
Како мислиш сменети? Во врска со плати , услови? Знам дека имаат ремоте опција да работиш од дома,се рекламираа по портали, и дека рекламираа флексибилно време немаш од кога до кога да работиш се додека работата ти е завршена, нешто такво рекламираа побарај на гугл.
Слободен печат барем два пати досега објавуваат оглас и тоа во краток период (мислам дека нема ни месец размак). Некоја идеа зошто би било вака?
https://www.fakulteti.mk/job/17032023/tpvision-vrabotuva-promoter-ka-na-philips-tv-i-audio Здраво девојки Дали има некој да сподели искуство ?
Некој искуство со Кликни јади? Сакав да аплицирам ама видов дека ги објавиле на фб во групата Нечесни работодавачи.